Форумџика на годината

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.781
    Пол:
    Женски
    Луѓе. Ми недостигаат и велат дека јас сум им недостигала. Се наоѓа време за средба од крадешкум извлечени минути од мојов ми живот што се тврди дека сум го имала. По автобуси, низ факултетски ходници, по книжари и копирници. Таму може да ме најдат, само таму ме има.

    Мотивација за учење испод нула. Мех и пак си викаш ајде мора да научам за да не си завлекувам дополнителни анксови, ко и онака да не се премногу. Идеш на полагање и како да си во некој трилер влезена. Сите во акција, се снима кој што повторувал, десет пати те прашуваат што си учела и дали си научила (да не случајно знаеш повеќе од нив. Аман, никако!), па тепање кој да седел поназад за да може да си ги извади на мир тоа преписките, па ако сме биле иста група да сум кажувала (исто ко во градинка да сме) и најврв од сѐ е кога излегуваш од полагање неспиена сто саати, со сомнителен некој оброк ако се нашло време за тоа, со едвај чекаш да си идеш дома да одмориш за пак да се фрлиш на учење и тука ти застанува пред тебе некој од тие Шерлок Холмсите и те прашува како си помина и колку напиша.

    Интересни ликови, морам да признаам.

    Живот си трошам во стресови за некој да си тера филм колку е бог дека стои позади катедрата. Овчички за стрижење, колку сакаш. И не смеат да бекнат, затоа што можеш да ги паднеш ако евентуално не се зализгаат претходно по исчистениве ни тротоари, па сами да си стигнат до клучниот момент. Испит. Прв рок, втор рок .. кој ли ги брои. Увид постоело за сама да си разгледаш, чисто ако те интересира ракописот пошо никој нема време да ти објасни што ти е згрешено. А кога се чекаат резултати од полагање секогаш повеќе се верува во тоа дека попрво ќе стигнеш до Лапонија пеш отколку што ќе добиеш некаков глас од професорот. Битно ќе те натераат да си исплачеш реки, да си уништиш психа и потоа иди сликај си се со дипломата.

    Професионалци во секоја смисла.

    И кога ќе те акне од земја една средба од која ќе се видиш „седумгодишната јас“ и „сегашната јас“, неизбежно е да си помислиш: Оу итс а лавли деј :f:
     
    Последна измена: 18 јануари 2019
    На *Ench@nted*, DraganFem, Rama и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.109
    Допаѓања:
    5.228
    Се прашувам што ли ќе се случи ако целиот живот го поминеме по волја и мерак на родителите
    Дали ќе останеме сами затоа што ниеден не е добар според мама?
    Дали ќе останеме дебели затоа што срамота е да кажеш дека не ти се јаде?
    Дали ќе останеме на мизерна работа со мизерна плата само затоа што е тешко да најдеш друга?
    Дали ние ќе останеме осамени и изгубени во просторот и времето само за ти да се среќни?
    Разбирам дека сме им деца и дека ни мислат се најдобро, но понекогаш е подобро да премолчат и да не остават сами да се снаоѓаме во животот.
    Се што треба да слушнеме од нив е: Пробај, ако не успееш секогаш сме тука за тебе

    На моменти се чувствувам како родителите да ми се најголем непријател во светот. Со таа желба и упорност да ме држат блиску до нив, не прават ништо добро. Ниту за нив- ниту за мене
    Исто како птица, не е добро да ја држиш цело време во кафез зашто при првата прилика ќе избега, туку дај и слобода и сама ќе ти се врати

    Еве ме, седам сама веќе неколку дена надвор од градот, на место кое ми дава смиреност
    Душевна и психичка смиреност
    Звонат на телефон, прашуваат кога планирам да си дојдам дома
    I don't know yet
    I guess I just needed a minute
     
    Последна измена: 18 јануари 2019
    На Deni87, DraganFem, Rama и 23 други им се допаѓа ова.
  3. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.323
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека од денеска почесто ќе ве дружам :*
     
    На Rama, N.2106, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    10.146
    Пол:
    Женски
    што е тоа тажно во луѓето што живеат во животи туѓи:shake::x:swear:
     
    На Rama, molikaMk, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.216
    Допаѓања:
    167.349
    На Askopje, GirlLove и LiliBoz им се допаѓа ова.
  6. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.273
    Пол:
    Машки
    Вака принцезата од Данска ги носи своите близначиња во градинка.
    20190118_221600.jpg
    Ама затоа за нашиве "големци" мора да се сопира сообраќај пред мостот Гоце Делчев со полиција со сВе само за они да поминат на чисто и тоа со пратња, да не се мешаат со обичнава раја. Море крв да серете маме ви ваше!
     
    На smooch, Dust, Herrera и 38 други им се допаѓа ова.
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.421
    Допаѓања:
    9.684
    Пол:
    Женски
    Абе шо простота и некултура од народ сме чудо некое стварно... (facepalm) Толку само.
     
    На Purplelilac, Rama, Amellie13 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. samovila.red.

    samovila.red. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Ти одлучи.
    Твоја одлука.
    Животот продолжува, поинаку но подобро.
     
    На Rama, christinnn, Ugly Duckling и 9 други им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    52.996
    Ајде луѓе, уште неколку статуси на фб и ќе го исчистиме воздухот! Ју кен ду ит!
    :drunk:
     
    На Purplelilac, smooch, Dust и 27 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    Бог се јави.Навистина се јави!
    За многу години :l:
     
    На Rama, afrodita94, "Zoki" и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.783
    Пол:
    Машки
    .....Се јавува Тој, се јави и вчера, се јавува денеска, ќе се јави и утре....катадневно, редовно, секојдневно, неуморно....но, ние сме премногу зафатени за Него...
     
    На Rama, worrieddd, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Особено ми е смешно кога некој ќе се претстави себе си како најсовршен и најнесовршен, а притоа истиот е најголемото л****.
    :rofl:
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    6.746
    Пол:
    Женски
    Во моментов ми премрзна крвта...
    Си читам јас на форумов и кога слушам моите дома (големи верници) зборуваат за атеистите, лоши работи, како се занесуваат и у тој стил...
    Баба ми онака од шала прашува од нигде никаде дали дечко ми се фрла по крстот и мајка ми, бидејки тој се има изјаснето пред неа, и кажува дека е атеист. И одма паднаа тие негативни муабети за све општо што е неверничко.
    Сега зошто јас се стаписав е што и јас сум дел од тие таквите што во моментот ги критикуваат и тоа пред да го запознаам дечко ми ниту пак било кој ме навел на тоа.

    Посакувам да ме проголта земјата во моментов. Не можам да го слушам ова.
    Што ли ќе биде кога еден ден кога ќе ја добијам таа храброст да се изјаснам (бидејки јас не сум храбра како дечко ми очигледно) стравувам да не ги загубам, дека ќе се откажат од мене, дека ќе ме замразат мислејки дека "ѓаволот" ме опседнал. Изродот и срамот на фамилијата...
    Многу ми е страв.
     
    На Rama, Amellie13, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.685
    Пол:
    Женски
    @Cinnamon Bun можам да претпоставам како се чувствуваш бидејќи и јас сум поминала низ слична ситуација, само што никогаш не сум била верник и не бев толку заплашена и не ми беше грижа за тоа каква ќе биде реакцијата на другите, дури и на моите родители.

    Всушност, можам да кажам дека добро поминав, со тоа што и татко ми, кој е научник, самиот ми призна дека и тој не е многу побожен, но сепак верува во морални вредности.

    Верувам дека е многу подобро да бидеш слободна и самоуверена да го кажеш твоето мислење и твоите чувства, отколку тоа да го криеш во себе и да го чувствуваш како товар, но и како впечаток дека ги лажеш твоите родители.

    Во оваа ситуација мислам дека е добро да бидеш искрена и рационално да разговараш со нив и да образложиш зошто имаш такво сфаќање. Можеби ти предвидуваш каква ќе биде нивната реакција бидејќи ги познаваш, но не треба да ја исклучуваш можноста од тоа да те разберат - со други зборови, треба да му дадеш шанса на твоето семејство.

    Бидејќи, од психолошки аспект, ова многу негативно ќе ти влијае и ќе мислиш дека нема да имаш т.н. внатрешен мир, но и ќе ти се намали самодовербата, постојано мислејќи дека не си доволно храбра да се избориш за себе и за она за што сметаш дека е правилно.

    Инаку, мислам дека никој не заслужува и не е должен да ги крие своите чувства само бидејќи се чувствува заплашено. Сите луѓе се различни на свој начин и не треба да дозволиш некој да те принудува цел живот да носиш маска на твоето лице, само за да може некој друг да биде среќен, дури и кога во овој случај, тие луѓе се твоите родители.

    Не дозволувај да бидеш нешто што не е дел од твоето вистинско себе.

    И запомни, тоа што ти го носиш на лицето како маска, со текот на времето може полека да се стопи и да се претвори во твоето вистинско лице...

    [​IMG]
     
    Последна измена: 19 јануари 2019
    На Purplelilac, AnnabelLee, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Во иднина, секогаш кога ќе слушнам или прочитам момчуле како се жали дека женските биле спонзоруши, ќе си го вртам насловот на Гардијан или каде и да го видов ...за бумот на борделите со кукли за кои, цени за секс со нив се движеле од 80 евра (???) па нагоре за половина час.
    Еј, ти, свету!
     
    На Purplelilac, smooch, Rama и 10 други им се допаѓа ова.
  16. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.967
    Допаѓања:
    24.361
    Пол:
    Женски
    7-ца Нова Година - нова политика, а?
    Новите цени со полупразните порции помфрит, паралелно со евтинКО набавените картончиња од кои храната ти се распаѓа по маса и скут?
    А, платите на вработените ги зголемивте барем?
    Типичен пример за македонски алчен газда. Срамота! Резил!
     
    На Rama, Yowannty, DAngel и 11 други им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.342
    Допаѓања:
    227.168
    Пол:
    Женски
    Сдк посебен кат на психијатрија за луѓе кои велат се поарни од други а уствари бетер л... а се.
     
    На Rama, flower30, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Sofice

    Sofice Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Си ветив себе си дека нема да плачам и голтнав таблети за смирување,ама џабе солзиве течат како река.Си ветив да бидам имуна на болка,ама душава ме боли и ме пече,срцево ми се стега....Имам толку многу прашања,ама одговор нема.Моите три ангелчина чекаат од мене објаснуване ама немам сила.Длабоко во себе и двајцата го знаеме одговорот,за подобро утре денес мора да е вака...За подобра иднина ја жртвуваме нашата сегашност.Ме истроши овој раздвоен живот,секам да сме сите заедно,зашто испракањето и разделбата ја уништуваат мојата психа,а најмалку што сакам е децата да ме гледаат во ваква состојба. Едит:се извинувам за негативниов пост ама во моментов се давам во солзи па сакав да се искажам...
     
    На Rama, Sexybaby86, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека дојде време да нема со кого да споделиш и радост и тага и среќа и успех.
    Луѓето се многу себични до степен што некогаш сам ти е поубаво да бидеш и плус ќе уживаш во самотијата.
    Татко ми денес се враќа во туѓина, колку и да ме нервира некогаш ќе ми фали неговото присуство во домот и мрчењето.

    @Sofice пишај ми лп, не можам да те контактирам
     
    На Purplelilac, Rama, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Подолго време сакам да си ја олеснам душата и да си кажам така се што ме мачи,мислев на разговор со странец,мислев и на посета на старата психијатарка која ми го спаси живоотот,но ништо не ми изгледаше дека ќе ми помогне.Кога наеднаш учејќи за испит ми текна дека овој форум го означува моето детство,моето тинејџерство и моите најубави години.Ми недостасуваат коментирањата по темите,долгите неспиени ноќи допишувајќи се со вас девојките за разни теми.Но веќе ништо не е исто.НИТИ НЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ.Убедена сум дека сите работи се случуваат со причина,дека секој во нашиот живот доаѓа да ни одржи некоја важна лекција и потоа си заминува,оваа се случува дури и со некои личности што си сметал дека засекогаш ќе се покрај тебе и дека секогаш ќе ти веруваат.Но да не забегувам од темата и намерата зошто сум тука.Овој период на празници и оваа атмосфера кај мене донесоа некое чуство на мир и спокој кој НИКОГАШ АМА НИКОГАШ во животот не ги има почуствувано.Во годината што измина бев храбра и кажав некои работи што долго време ги криев и посакував да се лага,сама го носев товарот за нечии туѓи грешки,но на крајот и јас ја платив казната за туѓите грешки и измами,но тоа воопшто не ми е важно.Не ми е важно ни туѓото мисење,ни озборувањата,ни обвинувањата,ни ништо,бидејќи тоа чуство на спокој и убавиот сон не ги заменува ништо на светот.Мирна ми е душата и чиста совеста за разлика од некои,но на крај не за џабе е кажано на секоја лага и се кратки нозете.И да јас ја научив најголемата животна лекција,дека на крајот секогаш доброто со добро се враќа и длабоко сум убедена во тоа.
     
    На buba4e89, Rama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.