Ама зошто се потенцира Канада, кога и кај нас повеќедетни смејства се пракса, родителите сами си ги растат и тоа со финасии далеку подобри од канадските. Кај се жалат? Па нормално е де, ќе се пожали, ама не значи дека ја мрзи да чува деца.
Подолу и тоа се спомна. Нема врска. Точно, едно дете е песна, особено после 3 - та година. Еве го 5 години е, само газот му го бришам и јадење правам. Всушност и 3 деца да се, маката е докај 3-4 години. Ама тогаш секоја мајка се жали.
Луѓево исподелија сѐ живо и диво, сите генерации, само да се истакнат самите себеси како повредни од други од слична возраст и категорија како нив. Типична „лоша“ модерна и „исклучоци“ од добра и скромна младина, мрзливи и вредни зрели луѓе, мајки и немајки... Абе сите без исклучок сме биле на некој начин уморни и ни дошло да се пожалиме барем еднаш во секој период од животот и заради секоја обврска, бидете малку реални. И како тинејџери, и на факултет, работа, и за родителите не се сомневам. Луѓе сме, не роботи со безгранична енергија и мотивација за било што кое ни доаѓа како нова етапа од животот. Намалете малку со споредбиве, осудиве и мешањето во туѓи животи.
Во една прилика кога се пожалив дека после 3 саати поминати во лабораторија често ме боли глава поради вдишување хемикалии и морам да одморам прво пред било што да правам, одма добив коментар што сум барала на таков факс ако се жалам А не реков дека не ми е интересно тоа што го работам таму. Само после тоа ми треба мал одмор. That's all
Многу ми падна во очи мислењето на @toogood зошто баш точно одразува менталитет на Канаѓанка, независно дали таму е родена или од Балкан заминала таму. И баш напишав таму прво немаат време да се жалат и таму никој никому не му е должен да му ги слуша жалбите, никој никому не е мајка, рамо за плачење или психијатар. Секој си ја работи својата работа и не забодува нос кај што не му е местото. Но најинтересни се случаи кои се родум од Балкан и кој заминале и долго живеат таму. Таму со сограѓаните не пикаат нос кај што не му е место ама затоа на македонски форум баш на површина излегува тукашниот менталитет кој кај и да емигрираат си го носат во пакетче со себе. Ама извртување на мислења која со колку деца е најмајка за да се оцрни уште повеќе мислењето на @toogood е исто дел од тукашниов менталитет. Наравоучение дај засукајте ракави и почнете да работите прво на себе па на се останато и одма ќе раберете што сакал да каже авторот а не да одредувате според нејзино мислење како таа мери најмајка. А и да мери таа така па што? Нека си мери таа така вие по ваше и фајронт.
според мене сликава е многу позитивна. децата треба да се осамостојат и да летнат од своето гнездо,дали тоа е во сопствен дом или во друга земја.тоа е нормална и здрава фаза од животот на еден човек. ама кај нас некако трагично се сфаќа ова, и во други земји има голем број на луѓе што се отселуваат во странство, не само кај нас. во Македонија, детето ако живее во истото сопче цел живот -најубаво.
Нека ме газат,нека ме плукаат. Не им давам да ми солат памет. Јас си знам што е најдобро за мене и крај ! Мое тело,мој живот,мое право!
Бла бла бла...нема ништо погадно од луѓе што гледаат во туѓ двор па и коментираат - зошто Славке не си ги заметеш скалите па да ставиш сега на пролет нови саксии со цвеќиња по нив.. Оди мори мани се да не те гледам.. #Македонштина #ДаСеКажеНешто
Зборувам со мајка ми и ја прашувам зошто ме воспитала да бидам добра со луѓето кога денес не имаш многу добивка од тоа. Таа е научена да молчи, да трпи и да толерира а јас исто така не сум злобна личност ама не мислам дека треба да се молчи на човек кој те гази мислејќи дека така ќе го заебеш. Во ред е да премолчиш еднаш па и два пати, ама не и трет пат кога гледаш дека некој те прави будала. За жал околу тоа имаме различни мислења и не можам да најдам никако заеднички јазик. Посакувам и да бев цврста личност како нејзе, бидејќи иако не сакам да си признаам себеси дека е во право често водам бунт бидејќи не секогаш го ислушува она што имам да го кажам затоа што знае дека не сум во право.
Кој како сака нека тера. 1 или 10 негов проблем. И кога сака нека ги прави и дали ќе ги прави. Не би осудувала никого, и покрај тоа што имам личен став околу сето тоа. Не можам да разберам само неедуцирани по тоа прашање. Пример ако доиш трудна не можеш да останеш, не користат заштита и оп детенце. Не се вратило ништо на место, ама второ, трето, петто на пат. И тоа не е од личен избор туку од неукост, а уки се да купат скапи колички и да се сликаат у мечинг комбинации со децата и слични глупости. Некои такви работи од кои вири неедуцираноста страшно ме нервираат. И тоа зошто си дозволуваат да се непочитувани, ама пак тоа е мое лично гледиште, не мора да е нивно. Може за нив тоа е форма на љубов, може во нивниот свет жената е за убаво да изгледа и да раѓа, еве не знам. А дали се жалат или дека дете е лесно за гледање - е не е. Дали е едно или пет, тешко е, верувам. А рака на срце има и трудници оток. Цела бременост сите им ја пратат и чиниш трае вечност, а има такви што ќе речеш кекс веќе се породиле ете така. Не има секакви. Факт е дека има и помекушави, како и да звучи ова, ама сега тоа е. Ама има и храбри жени што ништо не ги руши. Секакви сме. Тоа е.
Тие храбрите ништо што не ги руши и не ја леунчат цела бременост директно на Евровизија ги праќаме како најмајки и се најдобро. Секакви не има така си е.
Она кога немаш нет 2 дена, па од досада го провалуваш пасвордот на интернетот на комшијата и се осеќаш као хакер вработен у ЦСИ. И успат се молиш да не го изгаси нетот или на 1ви да не дојде сметка да си поделите. Се надевам има неограничен.
Ќе поштував да ме поштедеше од овој муабет. Се дур сме реални во однос на самите себе е ок. И се дур не ги сфаќате лично некои работи. Оќе?! Може ќе бидам таква која ќе кука, од кај да знам? Ама секогаш ќе се воодушевувам на таквите што се цврсти макар јас не била таква. Бре што е со зависта, аман.