Долго време не бев активна на фемина, си го разгледував профилот и ме удри троубек од стариот изглед на форумов, и цветчињата во разни бои под аватар... ахх носталгија ме фати за фемина бе. Edit: bilka has left the chat. Спојлер Пмс луѓе, може и солза да падне..
Носталгија... После долго време, пиејќи утринско кафе, инсталирав скајп, отворив некако hi5, стари мејл адреси... Се сетив на сите пишувања, флертувања по интернет, се сетив на девојките од тие денови. Се сетив на 2007ма, првиот компјутер во животов. На 2008ма, првпат вклучен интернет. На првите симнати игри, филмови, музички албуми преку торент, на тогаш новиот гугл хром, на книгите во пдф формат кои ги симнував и распоредував правилно. Се сетив на 2010та, 2011та, 2012та,... Запознавања, дружења. Сето тоа го видов на одамна неотворените скајп и мејлови. На стариот фб кој над шест седум години не беше отворен а секоја слика симната во компјутерот и избришана од фб. Знаете, најубаво беше кога видов какви симпатични разговори сум водел со девојки, какви слики сме си праќале, изненадувања еден тон... Немам зборови како да го опишам тоа. Немам зборови колку е животот прекрасен. Ви посакувам пријатен викенд и доколку излегувате, напијте се една и за мене! Дополнување: Околу 80% од девојчињата со кои пишував сега се мајки. Пола од нив се разведени. Оние 20% кои не се омажиле - растуриле врски и бракови
Сега се осеќам како развратничка. Како тоа сум растурила брак а јас да не знам? Он: Петок е и планирам викендов да го поминам убаво.
Да, и рековме дека не смееш да ме откриваш, срамота. Ако не ми успее ќе морам да растурам врска, колку ниско и подло од тебе што ме откриваш јавно. Засрами се
6 месечно бебе починало од морбили И сега како да не фатиш и со голи раце да ги убиеш неписмењациве што се против вакцинирање???
Не знаев точно во која тема да напишам, па оваа ми изгледаше најприлагодлива. Размислувам веќе подолго време колку е животот убав. И со сите проблеми и со сите среќни моменти. Се е дел од нашата приказна. Мора да поминеме низ лоши моменти за понатаму да ги цениме добрите, но и тоа ни носи искуство и ни прави појака личност. Секогаш сум сакала промени и се радувам на нив, сакам да учам нови работи, да запознавам нови личности, од секого има да се научи нешто. Но, имаме само 24часа на ден. Не знам за вас, но некако кај мене ( и кај моето поблиско опкружување) како да немам време за се да направам. Како да мораш да бираш кои работи ќе ги завршиш, не само во денот туку и на подолг временски период .. Треба да се посветиме на две до три големи работи. Пример сакам - работа кариера, готвење, бебе, јазик, пријатели, сопруг, едукација ... Но треба да се сконцентрираш целосно на две за да бидеш најдобра во тоа. Ако лутам по 1 час на секое од нив никако нема да успеам... И тоа ме мачи. Никако во денот не успевам да завршам се и да се осеќам исполнета докрај. Секогаш е нешто недовршено. Сакам многу работи одеднаш, треба да си ја смирам амбицијата. Извинете на долгиот пост, но имав потреба да се искажам. Мислам дека и вие го делите истото мислење. Би сакала да прочитам некој коментар од вас.
И што да правиме сега? Ете за што зборувме цело време. Ете зошто служи колективниот имунитет, за да се заштитат најмалите и највулнерабилните категории. Жално и трагично. Дали постојат зборови кои вие антиваксерите може да ги кажете за да се извинете на родителите на ова дете? НЕ! Никако не постојат. Животот е загубен и не може да се врати. Баталете ја политиката, баталете го бизнисот и не ги мешајте со медицината. МНОГУ СУМ БЕСНА!
Позитивниот дух создава, креира, развива и секогаш ја има иницијативата, додека негативниот руши, деградира и уништува се пред себе и самиот себе си.
Немате никаков коментар за мојот пост или ви е излитена таа тема? Како и да е, и возвратено и тишината двата се одговори.
Јас мислам дека се може да се постигне само треба добра организација.Ако мислиш дека не можеш се да направиш одеднаш тогаш немој.За се си има време.Почни од оние работи кои ти се најзначајни, а они кои не се остави нека помине време.
Најбедни се оние луѓе што сакаат да поседуваат туѓ профил. Всушност мислат дека ако ми го хакнат ја завршиле работата и треба да се плашам. Тоа им е најголемо животно достигнување - хакирање нечив профил. Добар обид. Кој и да бил од хјувеи телефон ако ме читаш гледај да живееш подобро од мене.
Арно рекле #1 : Од сите подалеку. Колку помалку те знаат што правиш и каде си толку поубаво. Арно рекле #2 : Држи се на дистанца. Секој гледа некако да ти наштети, да те исмее и понижи.. И на крај, едно позитивно Арно рекле #3 : Сакај ги оние што те сакаат, подари им ја твојата бесконечна љубов, отовори го срцето. Добра ноќ.
А дека вакцинирани истотака настрадале? Или алергиска реакција било тоа? Мене друго ме буни: како тоа морбили, од каде тие клети морбили??