Форумџика на годината

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.781
    Пол:
    Женски
    Ќе се самоцитирам. Случајно напишано во другата тема ден пред да не удри од земја реалноста.
    Само подолго да се памети. Не се планира. Се сака, се прегрнува, се кажува во моментот, затоа што денес и сега е се' што имаме.

     
    На smooch, Ivan4e04, Dadusicka и 19 други им се допаѓа ова.
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Заради тие daddy issues, сметам дека станав подобра личност од повеќето претставниЧки на моја возраст, или изопшто жените на ова поднебје.

    Израснати во патријахална заедница, со шовинистичко уредување каде жената е апсолутно безвредна, не е задолжителна да има амбиции во животот, не е должна сама за себе да заработува затоа што единствен употреблив дел од неа е матката и патот до неа.

    Ако случајно заработува повеќе од мажот, тој е неспособен, а таа е неспособна оти нашла неспособен маж.

    Побогу, статусот на жената овде е детерминиран уште при раѓање. Ако е машко радости, ако е женско разочарувачи да е здраво и живо.

    Жената е во целост предадена на мажот и неговата милост. Таа треба да е учтива, средена, внимателна, понизна, работлива, воздржана, да не се надева премногу, да зборува премалку. Ако стане мајка тоа е единствената улога која ќе ја има до крајот на животот.

    Ама јас сакам да заработувам ( ха ха ха во иронија, дали е можно ) како кхм маж, да возам како маж, да псујам како маж, поправам по дома, како маж, да имам многу секс. Да пијам исто со него, да се коцкам поретко, да презборам , некој да ме масира и да им прави оброци на децата. Да знае да се грижи сам за себе ,да не мора да чека некој друг да направи нешто што е негова лична обврска кон самиот себе.


    За проповедите во кои младината е променета и се поприма западен начин на живот, има преживеани Југословенци во душа и поколение, каде жената мора да е невина и во форма на пенис најблиску има видено кочан, мора да е од добро семејство и да ги поседува погоре наведените карактеристики.

    Таква жена се зема дома.

    Сите останатите сме исфрустрирани феминистички кучки :)
     
    На smooch, Carissa, RosettaStone и 17 други им се допаѓа ова.
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.464
    Пол:
    Женски
    @joy1 не можам да ти пишам, а мислењето ми го избришаа.
    Те помислив прво тебе, силна жена си :hug::hug::hug:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    нема ништо погадно од фервекс/тајлол хот :puke:
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.107
    Допаѓања:
    44.548
    Пол:
    Женски
    Верувам дека на фамилиите на починатите им умрел дел од нив заедно со жртвите.
    Верувам дека вчера во болничките ходници во тензичната тишина можеле да се насетат сите молитви и надеж за што побрзо да чујат ,,Жив/а е."
    Верувам дека вчера многумина кои немале блиски во автобусот сепак биле трогнати и плачеле како мали деца.

    Ама не сакам да верувам дека има и такви амеби што велат дека тоа е казна од Господ поради менување на името, поради конфликтите произлезени од различната нацоналност, поради Заев и што ти ја знам кој.

    Најмизерното нешто е колнењето во коментари на статии.

    Во време кога некој умира од болка оти сопственото дете, сопруг/а, пријател му починал, кога нечии планови и соништа засекогаш останале неостварени, најсериозно, со тој памет што ви останал, наоѓате време да го заобиколите сето ова и да мешате нешто што на психички здрава личност не би ѝ текнало да го рече?
    Не ви е малку грдичко така во душите гнили?
     
    На smooch, Carissa, RosettaStone и 36 други им се допаѓа ова.
  6. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Гледам колку нечовечност има во некои луѓе, омраза, завидување и ситење на туѓа несреќа.
    Гнасни луѓе сме биле, одвратни, без чувства.
    Во секоја лоша случка, настан, трагедија, мора да се вметне политика и глупави размислувања.
    Од секогаш сум викала ако не знаеш да кажеш нешто, подобро молчи си, ама северџанчето мора да си ја покаже секаде глупоќата, највеќе на интернет.
    Наместо сплотеност, повеќемина си ја покажуваат трулата душа.
    Затоа не може да не биде.
     
    На smooch, RosettaStone, Alisa22 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.606
    Допаѓања:
    186.591
    Пол:
    Женски
    Од прозор гледам како девојче фрла 2 ќеси со ѓубре во обична канта за отпадоци. Културата се учи од мали нозе. Исто и некултурата.
     
    На Purplelilac, buba4e89, poenta и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.155
    Допаѓања:
    144.921
    Сакам да кажам...
    Кога не гледате нас, провинцијалците, гледате некои кои се пониско од вас. некои кои ви ја зеле шансата за вработување, кои ви ги грабнале фините момци, кои за ситна пара работеле и ги унапредувале побрзо...

    не гледате дека ние, за да стигнеме на факс, стануваме 2 саати порано. За да стасаш до факс, треба да чекаш автобус кој не е на 5 минути, туку на саат и пол или 2. Не смееш да го испуштиш. мрзнеш и чекаш со книгите и патуваш саат време, по пат, замрзнат. некогаш со магла па шоферот вози со отворена врата, на минус 10 степени за да ја гледа белата линија за да не се превртиме. некогаш прегрејува автобусот, па чекаме да не собере друг. Некогаш возот иде со саати, нема греење...

    Тргаме на работа додека уште спиете. тргаме саат и пол порани за да не доцниме. Си тргаме покасно од работа, оти немаме одма автобус. Чекаме на автобуска, па пак саат одиме по патишта.

    Жешко, ладно... никој не те праша. Сам си го одбрал патот, оти нема факс у твојот град, а ни работа. Платата ти покрива само месечна автобуска карта. не и возење со приватна кола. Ко да е тоа побезбедно :(

    И не е. Ние секој ден ризикуваме живот за да дојдеме по патиштава и да полагаме испит, за да дојдеме на работа, се уморуваме побрзо оти отсутни од дома сме по 12 саати у денот (работа плус пат) а не 9. И тоа не е еден ден, туку секој ден. И ќе ти речат да останеш пола саат покасно на рабпта, илипрофесорот ќе рече дојди по еден саат, и ти мораш заради тоа дачекаш следен автобус, уште саат и пол.

    И мрзнеш, оти кој не почувствувал, не знае. Оти наникој не му е гајле. некогаш слушаш како крцка автобусот, некогаш слушаш како шоферот едвај диши, и се молиш да не го удри инфаркт додека гледаш по стрмнините или да не му откаже кочница.

    И пак, сме само провиницијалци кои го загадиле скопксиот воздрух. Вчера 15 такви провинцијали, татковци, мајки и синови, умреа за да донесат плата дома, за да земат оценка у индекс. Секој ден.

    Каде живееме?! Те мразат, а не те познаваат. Животот ти е на коцка секој ден, а на никој не му е гајле.
     
    На Dust, Oxymoron, Purplelilac и 56 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.342
    Допаѓања:
    227.166
    Пол:
    Женски
    ^камо повеќе 'провинцијалци' како тебе да има... Ќе заживее градов
     
    На FashionFemme, Belgin1, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.110
    Пол:
    Женски
    Сдк чаша вино стварно добро ми дојде и колку и да се присетувам на сите негативности кои ми се случија овде во овој мој таканаречен дом ме опушти до толку да се трудам да заплачам а не можам
     
    На cresa-jagoda и Animali им се допаѓа ова.
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.199
    Пол:
    Женски
    Треба некој да умре за да сфатиме колку ни е мил животот. И тоа ни трае додека е актуелно. Свако чудо за 3 дана. После пак ги правиме истите грешки.
    Живееме по некои наметнати правила дури и против својата среќа, без да сме свесни дека можеби наредното срцебиење ќе ни биде последно.
    Живееме како да ќе сме вечни.
    А не сме...никој не е.
     
    На Nine25, RosettaStone, Ivan4e04 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    715
    Допаѓања:
    8.100
    Пол:
    Женски
    Аман, навика е станато за се едно нешто да се мрчи и да се наоѓа замерка, бог да чува!
    Ако прочитам само уште еден статус дека жената не се сака само на 8-ми Март, а партнерот на 14-ти Февруари туку секој ден или не ми треба Валентајн за да го сакам, ќе тепам некој, жими се. Дај бе глејте си работа, може?

    Ете јас лично сакам да му подарам нешто на 14-ти Февруари и? Како тоа влијае на вашите животи?
    Морало за се да се филозофира, аман. Chill |(
     
    На Herrera, Purplelilac, Anaxandra и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.981
    Допаѓања:
    34.589
    Пол:
    Женски
    Денес е Ден посветен за децата болни од рак. Ден за малите борци кој се борат насекаде низ светот:bow:Ви посакувам победа на сите:hug:
    Нека овој ден остане во минатото и бројот на деца болни од рак да биде еднаков на 0.
     
    На Purplelilac, smooch, kala21 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.144
    Допаѓања:
    82.959
    Пол:
    Женски
    Се возам во автобус и читам книга. Одеднаш ми минува некоја мисла низ глава и ме прекинува во читањето, ја кревам главата, го тргам погледот од страниците и мислам. Мајка ми, секогаш кога патувам, ми вели да ѝ ѕвонам штом тргнам и штом пристигнам до одреденото место и повторно, штом тргнам од таму за назад. Не ја сфаќав нејзината непотребна грижа, мислев дека претерува. Сега ја сфаќам. Некогаш се случуваше да не ѝ ѕвонам, сметав дека нема потреба, а тогаш таа ме бараше мене и ме прашуваше Зошто не ми ѕвони? Па некои објаснувања и оправдувања. Нема, затоа што ништо не е сигурно. Ако сум тргнала, не е сигурно дека и ќе стигнам. Грижата е сосема оправдана.
    Некои лекции скапо чинат.
     
    На smooch, LejlaD, GirlRose и 19 други им се допаѓа ова.
  15. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Исфрлив некои негативни личности од мојот живот кои освен лаги и ширење негатива, проблеми, ништо друго добро не ми донесоа во мојот живот.
    Денот почна убаво, имајте убав викенд :*
     
    На buba4e89, Dadusicka, Juicy и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Shmizla94

    Shmizla94 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Добро е барем сфати, мене ми се јавуваат секој ден моиве за да знаат дека сум во ред, сепак се секираат за мене без разлика на што.. Ги сакам додуша!
     
    На RosettaStone, Little Star 12 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Знаете ли дека постојат места во светот каде што "нема Господ"?:worried: Ете до толку сум разочарана и не ми е јасно како некои викаат дека животот е подарок додека за мене е една голема катастрофа од менаџирање на галаксијава и ако веќе мора, менаџер е Тој.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Ако ти е за утеха, и јас додека одев на факс патував саат време до таму а од Скопје сум.И јас сум тргала на работа саат време пред работно време и сум работела во фирма каде што платата ми покривала само основни трошоци. Не ни е животот песна ни на нас што сме од Ск :)
     
    На Hellobeautiful, FashionFemme, afrodita94 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.282
    Допаѓања:
    39.789
    Пол:
    Женски
    ЖЕНСКИОТ ОРГАЗАМ Е ПОДЕДНАКВО БИТЕН СО МАШКИОТ.
    Повторувајте го ова се додека не почнете да си го цените телото, сфатете дека жените подеднакво лесно како мажите можат да доживеат оргазам, иако во обидите да си ја прекријат неспособноста и себичноста се вадат на истото, сфатете дека оргазмот не претставува луксуз кој треба да бидеш среќна ако го имаш.
    Ви припаѓа !

    Живели за 2019та...
     
    На smooch, Lella, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.915
    Допаѓања:
    183.628
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека мразма кога ми се прави мозолка на образ зошто не можам да ја пукнам рает.
     
    На Little Star 12, tirkenbal и hermosa им се допаѓа ова.