Прочитај си го постов онака на глас, ама полека и убаво слушни го секој збор што го изговоруваш. Ако не забележуваш сама што не е во ред со напишаното, тогаш навистина немам коментар.
Која и да е на таа возраст нит е стара нит осамена. Од кај знаеш зошто не е омажена или не родила? Всушност, од кај знаеш сѐ воопшто?
Ти си едно големо WTF. Зарем тебе морало некој да те праша, за тоа дали да се слика, какви цели во животот да има? А ти патлак гледаш секој ден? Ајде раѓај деца, имаш многу слободно време, да седиш на форум и да збориш што друг треба да прави. Мислам треба да се засрамиш.
Ај ма оди мажи се, раѓај деца, гледај внуци, доста гледаш кој што ставил на интернет, доста пишуваш по форумов.
Секој има право на свое мислење. Па дури и кога мислењето му е глупаво. Секој има право да биде глупав.
Оставете го девојчето...убаво си кажа, така и дошло и така си мисли... Зошто одма како лешинари и се нафрлавте!? Па дури некој сака и глупа да ја направи....ахххх...бре деца...
Што има смешно во тоа две сестри да се сакаат, почитуваат и да си го живеат животот среќни и насмеани, без разлика на тоа колкава возраст се и дали имаат партнер? Тебе како би ти било некој да застане и да се смее и плука вака на твои слики каде споделуваш за твојот брак, бременост/дете/деца (не знам каков ти е статусот пошто првпат те приметувам)? И после да не сме суделе, ц, ц, ц... А бе штом вакво нешто си проценила дека е во ред да го кажеш (напишеш) јавно (не ни во тема без цитирање), ќе осудам и тоа како. Срамота!
Се вреѓате ако ве наречат старомодна, а подржувате кога некој некого ќе нарече глуп. Стварно на форумов се гледа кој ги пишува мислењата, а не што содржат. Секоја чест на исклучоци, а многу се ретки.
Мислењето на членката не е глупаво, туку е закоравено, сексистичко и навредливо кон сите немажени жени кои кариерата од нивни причини им е на прво место пред создавањето семејство. Сега можам да си продолжам да пишувам во СДК без некој да се пронајде? Оти не сте центарот на светот. Оти да сакав да ѝ кажам дека е глупава, ќе го направев тоа на посуптилен начин директно со цитирање.
Јас и мм секој ден си се сликаме по кафани . Јас 40+ он 60+. Што е сеир некој да ми напише - Ој ма раѓај деца , не туку ми се понашаш ко тинејџерка. Уште ако ме виде на слика во диско
Секој си има право на мислење, можеби така размислувам затоа што им мислам добро и не сакам да ги гледам лажно среќни, а и знам дека тие што им коментираат на сликите само ги поддржуваат лажно, а си викаат во себе а и пред други Фала Богу што не сум ваква... малку фали јас се да им кажам, ама не можам не ми се блиски, на блиски се им плескам зашто не сакам да гледам како некој не е свесен што прави... и не ми кажувајте сеа дека е свесен зашто не е...само оправдувања си бараат, не се замараат да си го средат животот... мислат имаат време... а не е така... не ги познавате нив а мене ме познавате па што зборите вака, и донесувате заклучоци на база на еден мој исказ, може стварно не е темата соодветна, ја згрешив..