СДК кој гледаше вчера Мis United States ? Невада заслужена победа .. најубава беше од сите знаев дека ќе победи
Абе бива ли да сум до толку...? Ми викаат не таму, и ја упорно си одам, шибам бате мака немам. И нормално Ивано, заврши во туѓ стан, наместо во тој шо требаше. Еве нешто и од мене за летото
Посакуваш нешто цел живот...и тогаш кога ќе престанеш да го посакуваш...баш ТОГАШ доаѓа. Ах животе...
Ја читав колумната на фемина љубов од мечтите. Дури чудно е што е толку едноставна, а толку вистината. „Да го запознаев вистински, најверојатно немаше да го сакам така искрено и чисто, најверојатно ќе се разочарав од него, оти кога некого идеализираш, имаш очекувања од него. А ако имаш очекувања, тогаш доаѓаат разочарувањата. Оти фантазиите, нели, немаат врска со реалниот живот.“ Поготово ова, колку е само точно... Ете токму мене тоа ми се случи. Идеализирав една личност, но ја запознав вистински и сфатив дека таа личност била само едно обично ѓубре. Сите фантазии ми пропаднаа во вода, се разочарав премногу, но што е тоа е. Добра ноќ феминки!
Само убави планови имам за најблиската иднина.... следните два месеца ми се само за убави настани и датуми и моменти кои сакам да ги памтам дооолго доолго .... За менне летото веке започна.... сега идам да спијам уморна сум. Сега сум поорганнизирана , имам обврска и така да време мми е за во крветче. Лаку ноч
Абе збеснавте веќе со вештачкиве нокти, незнаете веќе што уште да ставите на нив. Сите можни бои, сите можни циркони и цвеќиња на светов се собрани на едно нокте, значи не е убаво ок?
Дали си сериозна, на 12 години?? Е многу си пропатела во љубовта да ти кажам, баш ми е жал..... Више срече други пут, се надевам не ти бил последниот воз за вистинската љубов.....
Не беше за љубов можеби, иначе фала богу не, не ми ни беше тоа поентата, друго ми беше. Јас имам 100 пати кажано дека сум против тие врски на мои години и такви работи. Само ми се допадна делот и затоа го цитирав, не ни беше за љубов, за една друга личност беше, не мора да значи одма некој што ми бил симпатија дека е. Добро дошло до недоразбирање, во ред е.
Убаво е да можеш да се прилагодуваш на различни ситуации, на различни луѓе. Но, еве јас не можам. Цел живот сум со истиот човек, цел живот сум со истите другарки, едноставно не љубам промени. И можеби ќе се разделам од нив на некое време, но потоа има да надополнам. Некогаш животот ти задава таков предизвик што мораш да се прилагодиш на некои ситуации, нови луѓе, ново живеалиште... Се е убаво да се проживее, макар и на кратко. Туку ми се шета, очајно ми се шета по државиве, сакам се да видам и да си остварам. Е тогаш можам да речам дека сум исполнила барем дел од она што ме прави радосна. Месециве брзо минуваат, годиниве летаат и некако се ми оди со брз тек. Очајно ми требаат книги за читање и утре планирам појдам во библиотека, се замислувам седната во автобус или трамвај, потполно сама, исклучена од се, да се почуствувам целосно како странец со добра книга крај себе и да уживам. Е тоа е одмор за мене. Патот кон успехот е тежок, цел живот се бориме за нешто, а јас имам само една цел и милиони желби покрај себе кои морам и премногу сакам да ги остварам.
Се прашувам зошто животот е понекогаш толку суров, те разделува од оние кои ти значат најмногу.Се сеќавам на денот кога бевме толку малечки сите до еден, како странци некои, не се познававме.Времето течеше, а ние подобро се запознавме.Дојде и седмо одделение кога ни се активираа хормоните и почнаа оние расправии кои траеја се до пред некој ден.Колку само ми беше тешко кога ги гледав другите класови како се сложуваа а само ние бевме единствени кои не беа во добри односи.Тоа беа толку ладни и неподносливи борби помеѓу девојчињата и момчињата вклучувајќи ме и мене во тие борби.Во тие моменти толку посакував да завршам со основното што е можно побрзо и да се разделам од вас.Но дури сега сфатив дека вие сте ми се, дека ве сакам најмногу.Во еден миг ги заборавив сите лоши моменти поминати со вас, сфатив дека не се забораат толку лесно тие четири години.Но, не, нема да продолжам да плачам по вас, ништо нема да добијам со тоа.Само ќе се насмевнам и ќе ви посакам на сите здравје, успех и среќа во понатаможниот живот.Можеби повеќе нема да ве видам, а можеби еден ден ќе ни се спојат судбините.Таков е животот, непредвидлив.Едно големо благодарам за се, од вас научив многу работи, и добри и лоши.Ќе ми недостигате многу најмили мои.Ве сакам и ќе ве паметам засекогаш.
Оној што рекол дека првата љубов засекогаш се памети бил сосема во право. Особено ако е на млади години, започната, недовршена и невозватена. Помина повеќе време, сега сум заљубена во друг, ама сеуште кога ќе го видам него, првиот што сум го сакала ми се клатат колената и здивот ми застанува. Можеби немаше да биде толку тешко за мене, да не се случеше промена. А тоа е тој што го сакам сега да не се сменеше, да останеше истиот, добар со мене, што го скрши мразот, што ме правеше среќна... Ама сега сето тоа исчезна и повторно дојдов од каде што почнав. Повторно на истата точка. А одлука не можам да донесам, затоа што што и да одлучам знам дека нема да биде правилно. Одсекогаш сум го слушала срцето, ама оди слушни го од сите врисоци во глава. А да дојде тој, првиот и да ми каже дека ме сака, ќе отерам се по ѓаволите и упм и би му се фрлила во прегратки, ама тој си сака друга. И пак јас во истата ситуација како лани, само што првиот што сум го сакала не ни помислува на мене, а тој сега што го сакам не е веќе тој добриот што ме правеше среќна. Би можела да ја решам ситуацијата ама јас сум пи*ка А случајност ли е што и двајцата се со плави коси и плави очи...??!
Кој му е филмов на младиве брачни парови кои претпоставувам се во иста соба, или соба до соба и цело време си коментираат на фб. Те сакам срце, мwa, честита годишнина срце, среќен да му е роденденот на нашето дете и бла бла еден тон муабети. Свестете се бе ејј, брак е, не е тинејџерска врска, разговарајте очи в очи, а не преку фб. Е затоа денешниве бракови се... такви какви што се!