Сето гастарбајтери македонски е наоколу, во лето да ти е срам да поминиш седнати се пред пералнава ко пред коперација
Леле на глас се изнасмеав Немом ја појќе Ми го направи денот со сликава Инаку само во Македонија ако доилка рече ПРИЈАТНО во првите 6 недели од породувањето ќе и прекине млекото. Само во Македонија има самовили кои вечераат под дрво и ако им поминеш покрај нив на полноќ ќе ги налутиш, па може мајка да ти расплачат. Само на Македонци им доаѓаат одредени Светци и им кажуваат кои билки се лековити и од кои води слепи прогледуваат. Само во Македонија на бебе не смееш да му речеш дека е слатко, пошто ќе го фати урок. Само во Македонија кога одат по невеста поминуваат по еден пат, а кога ќе ја земат се враќаат по друг пат за да не врати невестата дома. Сега сфаќам зошто некои ја нерекуваат библиска земја Самовили, светци, уроци, ма бетер е од светот на бајките
Повторно ми се измеша се Она кое сакав, се случи многу порано. Не знам дали беше зрело време. Исходот не ми е познат Се плашам Главоболка имам
Се сеќавам кога професорот по македонски ни кажа една кинеска поговорка: "Постојат 3 вистини: мојата, твојата и вистинската" Никако да ја најдам вистинската.
Заборави да кажеш дека појасите за врзување се тотално непотребни во автомобилите, продизводна грешка. Имаме светци да не штитат низ патувањата. Предниот дел од автото личи на олтар, подвижна црквичка. Малце е смешно да го гледаш св Талалеј како виси и се превртува во ритам на дупките на патот, ама они си знаат. As long as they are safe.
Не работи фб и инстаграм и веднаш крахира светот. Кај ни е паметот со социјалниве мрежи, ех да ми је да знам.
зависни станавме со социјалниве мрежи,туку Русија нели најавуваше исклучување на фб ,струја како беше?