Никогаш не можеш да разбереш со човек што нема ни просечна интелигенција. Да не знае ни да прочита убаво ни да ги поврзе работите, да се изрази како што треба за сите да го разберат, на 20+. Упорно кажуваш и објаснуваш дека е бело, на крај ќе рече оти си кажал дека е црно. И пак објаснуваш како на мало дете, црташ и боиш - не, пак ќе биде црно. Ти ќе бидеш неспособниот, простиот, оној што ништо не знае и не сфаќа наједноставна работа. 21 век, демек интелигентни, напредни луѓе. Не, не се ваквите луѓе, туку амеби. Рак во општеството.
Која тема на форумов да ја отворам денес само мислења од @ray-man среќавам. Еве и овде истото. Со полна пареа скока од една на друга тема.
Нападни го петелот, ќе те исколваат кокошките. ~ народна. Исто е и со човечанството. Нападни им го фишерот, ќе те отребат фишите од рибникот. Каков ден...
Знаете колку ми недостигаат кучињата? Со моите се слушам секој ден, им праќам бакнежи и знаат дека сум добра ама со кутрињата не можам да се слушнам, кога пробав да му зборам на она кај моите што е, цел ден седело пред вратата и ме чекало и квичкало кога некој друг влегувал дома. Срцето ми де кине што не можам да му објаснам дека не си заминав засекогаш и дека не го заменив за кучињата во новата куќа и дека ќе де вратам пак да го гушнам. Може луда сум знам, веројатно некој и ќе помисли дека сум, ама за нив ми е тешко како за човек.
Ехх, камо .. Јас те разбирам, бидејќи исто ми е. Иако ми се на само половина час пат од дома, толку ми е тешко што не се дома. Причина плус да му се радувам на летото е што ќе можам привремено да живеам во викендичката и да поминувам време со нив. Од дете имав желба да шетам куче од голема раса и сега кога тоа ми се исполни, не можам ради куп фактори што ме спречуваат . Фала богу што ја имаме викендичката , па може раат да ги чуваме барем до крај на есен и од почетокот на пролетта
И ќе се најде тој еден кој ќе ги направи снобови сите околу себе. Тој еден, олицетворение на доброто и хуманото. Тој, единствениот тој, кој ја гледа целата злоба во другите луѓе, освен неговата. Тој еден, кој ќе ви укаже како не треба да живеете, како вие сте себични, а тој не... И токму тој, ќе каже како сите вие нечинете и не сте ја сфатиле поентата на неговата мисла, на филмот што сте го гледале, на книгата што сте ја читале...Да токму тој, светиот тој, кој се гледа само себе си и никој друг. Центарот на светот... Аман од вакви с***овци!
Нови канти околу гимназијата, а куп ѓубре околу нив. Тоа е таа младина која само кукалека по социјалните мрежи дека ништо не чинело во државата. Вие не чините драги.
Сакам да кажам дека голотија на женско тело ми е одбивно. На тие голи нозе една тенка црна хулахопка би била многу секси. Форумов е како црна хроника. Па и кој би пишал во среќен брак сум кога ќе ти пишат дека лажеш. Кога се жалиш дека немаш кола те тешат ќе си купиш, кога ќе ја купиш се фалиш и глумиш кучка. Никој не се зачленил на форум за да пише дека ја пронашол вистинската љубов. Сите се зачленуваат кога не можат да ја пронајдат. Од портпароливе аман. Од падобранци такоџе. И друго сакав да кажам ама додека најдов време заборавив.
Низ мојата оскудна палета , на менување работни места можам да издвојам дека таму каде што компанијата нема мерлив индикатор -нема успех и добар однос. Таму каде што никој не ги мери компетенциите на вработените (оценка, мерлив успех, напредок, ангажман...) врзан за одреден резултат, нема никаков потенцијал за вработениот, ниту за една фирма. Ниту една од двете страни не е задоволна на крај, а богами и низ работењето не владее пријатна атмосфера. Среќа е, ама вистинскашто работам во компанија во која опуштена атмосфера е секојдневие. Здрава средина , од луѓе со натпреварувачки дух на кои денот им е предизвик и контуиниран мотив за напредок, вистински вреднуван. Затоа што само така можеме да се обликуваме и да се креираме во она што секогаш сме сакале.
Нели ви дојде животот? Зошто тогаш ги пакувате куферите и се селите мои драги пријатели кои секојдневно ве среќавам?