Кога ќе ми речат дека „среќата била таква“, „пишано било“ или така „судено било“... Сами бираме како ќе постапиме во ситуации што зависат од нас, а околностите не можеме да ги контролираме. Е за второво, на нас останува како ќе реагираме на нив, па во зависност од тоа одредуваме кој е следниот чекор. Не гледам потреба да префрламе одговорност на некој/нешто друг/о.
Така е Мерко те поддржувам во целост.Срамота е да возиш службена Шкода кога си градоначалник.Наредниот пат твоите гласачи што го возат истото возило нека се потрудат да одиш пешки.
Одам кај медицинско лице кое работи и со лица со посебни потреби и слушам на сестрата како и вика фала богу завршив со "ретардираново шиптариште". Не, ти не си ни човек не пак да лечиш луѓе, собираш поени преку нив ама се се враќа во овој живот. Ми се згрози денот. Позлобно нешто од човек нема!!!
Не ги сфаќам луѓево бе. Едната ја колни другата, погрдни зборови, ѕверења, дерења, па јадат заедно, купуваат. И велам на едната , јас не можам да праам така и после да ти прам муабет или да јадам со тебе. Па, чудно ме гледа. Реков, работам со искомплексирани. Ако немаш морал, немај. Ама ако ме чепнеш, спремај се за најлошото. Ако немаш самопочитување, немај. Нз како да им објаснам на луѓево дека секој си има принципи, а јас моите не ги погазувам.
Се чудиме што многу помлади луѓе се недоволно информирани околу СПБ и контрацептивните методи, ама кога ќе видиш и колку повозрасни личности се неинформирани, се чудиш кого попрво да образуваш. Се радува женава што на ќерка ѝ ѝ откриле цисти зашто битно не е бремена. Инаку ѝ каснел циклусот. Друг се гади да се поздрави со лице кое е ХИВ позитивно. Трет ќе ја гледа ќерката како ебола да има зашто имала кандида која можеби ѝ се развила заради ослабен имунитет. Дури од една страна и подобро што младиве имаат повеќе пристап кон интернетот наместо да бидат како горенаведениве, се разбира, сѐ дури разумнп постапуваат. Инаку и јас спаѓам во тие млади, да си кажам
"Колку побеспрекорно изгледа човек од надвор, толку повеќе има демони внатре во него" Ова го рекол Фројд, а јас го потпишувам со две раце
Читам оглас и се прашувам што личност бараат и дали ќе најдат. Конкретно, Рамстор е во прашање. Отмена и претставителна личност бараат.
https://denesen.mk/mirotochi-plocha...eno-teloto-na-isus-hristos-vo-erusalim-video/ Иронијата на бидување голем верник. Тоа вади марамата, тоа брише по цела површина да земе што поише од "еликсирот на вечноста", дали има за другите, небитно. Скромност на нивоу. Зошто не сакам фанатични верници...сите до еден се исти, празни, себични и нарцисоидни.
Ако не заспијам до 2, ќе испадне дека не сум спиела до 3 ради рамноденицава. Дали бебето ќе стане у 7 по ново или по старо? Реторичко прашање
Јас и моето гледање на годините : Кога си роден? Тој: 93та... Си мислам во себе: -Детенце има уште многу да учи. А ми збори за свадба.. Што им е на децата??? Таа: Син ми е роден 2000... Јас го замислувам бебе што вчера научило да оди. Таа: Син ми се роди на тој и тој датум 2010.. Јас си мислам супер изгледа за некоја што штотуку се породила.
Ај стварно нека ми се јави некоја што на 15 години навистина, ама навистина играле со барбики и коцки, а ниту малку не биле љубопитни околу секс.
Утрово се будам во 11:30 и се чудам што толку сум се успала кога во слободен ден обично спијам до 10:00-10:30. Дури пред малку ми текна дека е потеран саатот. А сношти во кома бев од 1.
Не поднесувам луѓе кои туѓите размислувања ги извртуваат правејќи ги погрешни. За потоа да ги направат свои, користејќи ги истите фрази и зборови.
Еве јас. Со сестра ми и другарки заеднички што се до 4 години помали од мене си играв. Поретко, не секогаш кога си играа, ама си играв. Секс не ме интересираше, ваљда затоа што никој никогаш не ми го направил табу тема. Знаев многу повеќе од сите мои другарки за секс, па меѓу последните стапив во односи.
Забременува 14, 15 или 16 годишно девојче. Виновно е машкото кое исто има 14, 15 или 16 години. Виновно е што е машко, а ич не се виновни мајката на момата или таткото на ергенот. -_-