100% од непосакуваните бремености се предизвикани од мажи. Без мажот да си го истресе во жената, никогаш не би имало бременост.
Леле бе колку пренајубаво мирисаат сите продукти што содржат во себе бадемово масло Од прееска се душкам ко ненормална некоја
На фејс ми искочи некоја реклама за декорација со светци на стаклени шишиња за алкохол. Ало бре, светци од религијата на која се покорувате, религијата која забранува пијанство, истата религија чии преповедници ве носат во пеколот ако пиете пошо нели грев. Па долу коментари, у несвест паѓање колку биле тамам за на слави Абе да не знае човек дали да се смее или да плаче од што сте глупи.
Јас си дојдов вака доцна , да честитам роденден на синко . Секако , со задоцнување од неколку саати . Така е кога гости чекаш дома . До сега музика , дечиња трчкаат наоколу , спалната е цела играчки нема каде прст да ставиш , камо ли нога . За убаво да е само , ако сака уште 100 години нека е таква . Среќен петти роденден синче мое убаво , да ти се множат годините , а со нив и нови знаења и успеси да редиш .
Ме интересира дали само моите дома се вакви,како реагираа вашите кога им кажавте дека сте бремена пред брак?Толку трагично го сфатија што притисокот не се трпи,неможам да спијам од нервоза и тахикардии,имам 29 иначе.
Темава е наменета за сопствени мисли, размислувања и искуства, нешто што Ви тежи и лежи и сакате да се изјасните за нешто за кое не постои соодветна тема. Последниве постови се претворија во советувалиште, прашања и одговори, затоа и ќе бидат избришани. Дозволено е цитирање, ама не и делење совети, цитирања до недоглед и преписки/надмудрувања. Ве молам темава да се користи према првичната намена
А прашања да се поставуваат во соодветни теми.. Доколу нема таква тема, може да си отворите нова. Спојлер Се извинувам што глумам модератор
СДК секој си живее онака како што самиот сака и мисли дека е во ред. Небитно е кој какви слики споделува на ФБ или незнам каде. Точно е дека нештата станаа ПРЕМНОГУ. Колку и да "судиме" секако ќе згрешиме. Едни ставаат богати софри -додека други немаат ни вкусено од тоа. Едни ставаат среќа со дечиња- додека други се секој ден со надеж и трчаат по болници за да допрат до таква среќа. ПРЕМНОГУ се вакви примери за кои сите сме свесни. Времињата се менуваат.
Она кога мислиш дека се' имаш видено.. Пред малку на фб ми излезе дека двајца ја раскинале свршувачката затоа што нивните семејства се испокарале бидејќи биле од различни политички партии. Заедно додека партијата не не' раздели. Абе само овде може ова да се случи. Само овде луѓето до толку се затрујани со политика и политички партии што поважно им е тоа од се' друго. Дури и од семејството и партнерот.. Господ на помош (ако го има) на таквите со такви болни умови.
Сакам да кажам многу нешта ама нема да собере се'. Љубов што пројде три четири торнада и сега мирно море зауздува со тук таму некое цунами. Пред две години ко на шега и баш на 1ви април, почнавме живот заедно под еден покрив. Останатото е навистина долга и убава приказна начичкана со секакви мигови на запознавање и препознавање на човекот што си го одбрал да стареете заедно. Врвот на шлагот е кога ќе се појави мало копи пејстуле од вас двајца и ви ги вади ѕврцките од среќа. Сакам да кажам, емотивна сум многу денес и знам дека го љубам. И неа. И нашиов мал свет. Не барам ништо повеќе, само здравје и да сме заедно
Не се дружам со цицимаци. Е, како? Е, така. Не бројам лајкови. Не живеам за Инста и ФБ. Не сум перфектна, косата знае да ми застрчи, ноктите знаат да ми бидат несредени, пантолоните капнати. Не скокам од врска во врска само за да не останам сама. Не, не сакам да бидам копија. Не, не сакам да бидам облечена во последниот тренд. Не, не сакам секоја сабота да седам на кафе, да се сликам по социјалните мрежи и да глумам лудило. ДА, ТОА СУМ ЈАС.
Само што ја завршив Крпен живот и мислам дека сум спремна за одново да се родам бидејќи книгава ми ја извади душата во секоја можна смисла.
Јас сум од оние што ако ми речеш да направам нешто за тебе, одма ќе го направам и нема да те препрашам зошто и како...Особено па некоја услуга што зависи од мене.. Било да си ми познаник или близок пријател.. Арно ама сабајлево замолив една кучка да земе нешто со неа во автобус и во скопје да го пречекаат... прво прифати а после ми кењаше по телефон.. Епа сесре не мора да го однесеш, фрли го. Има канта одма од десно штом се симнеш од автобус ... Јас ќе купам ново и ќе го пратам, за 30 евра не сум сиромашна.. Ебати нечовечните кучки во форма на жени, злонамерни пуфли кои од сабајле го мразат цел свет а верувам дека и пола од светот ги мрази нив .. Не е кучката крива, јас сум крива што очекувам да ми направи некој толку ситна услуга, да предаде ќесенце од 100 грама. И тоа веќе беше седната на седиште кога се качив да и го дадам, не мораше ни 5 метри да го носи. А можев за 100ден да го пратам, ама јас на луѓе ќе верувам.. Сакав само да кажам, дајте бе луѓе бидете малку почовечни.. па светот нема да пропадне за ситни услуги, за кои секако дупло ќе ви вратат.. Ама со вакви идиотски постапки си ги затварате сите врати во животот.. Само нека ми излезе комшивката пред очи, ќе ја заобиколува мојава улица додека јас живеам во Берово а богами ќе ме заобиколи и кога ќе ме види било каде на улица и во кафич. Изгледа комшиите не научија дека сум ненормална.. Мразам, мразам и мразам самобендисани нечовечни створења.. ете кажав... и јас да мразам нешто, покрај цигарите на мојов