Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Кога прочитав утрово за Нотр Дам си реков леле кој сега ќе гледа слики од "шетаните" и катедралата.Стварно ставаат луѓето како последен поздрав изгледа(facepalm)
    Јас не сум од овој свет :bandit:
     
    На Rama, cresa-jagoda, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.
  2. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.532
    Допаѓања:
    11.694
    Пол:
    Женски
    Пишале водовод на страната уште во 10 сабајле дека ќе нема вода поради дефект и дека ќе потрае до санирање. Поминаа 9 часа, вода уште нема.
    Се плашам дела влезот во ЕУ небањата ќе го дочекам. :|
     
    На Herrera, LittleChili, Purplelilac и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Еднаш се случи кај мене да нема од сабота вечер, и следен ден неделата цел ден немаше. Морав со апла мрсна коса да идам на школо понеделникот.:|. Тек понеделник на пладне дојде.
     
  4. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.532
    Допаѓања:
    11.694
    Пол:
    Женски
    Значи и за пиење да си набавам галон од 20 л. :D Ја мислев со шише од 2 л ќе поминам.
    По голема нужда да не му се приоди на човек. :worried:
     
    На Rama, KateKane и Tan4ence им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Океј, не се fake news, него alternative facts.

    Не знам дали новинарката го наведе со самото прашање или пак е ова констатација на директорот (и МВР), но типот вика „Во нашето училиште има четири случаеви на самоповредување во однос на ова играта што се вика Момо или Плавиот кит“ - очигледно е дека не знае дека тоа се две различни работи, а камоли нешто повеќе за нив.

    Инаку, единствената заедничка работа за Плавиот кит и Момо е тоа што и двете немаат некаква основа во реалноста. Плавиот кит е игра за која прв пат направила сторија една руска новикарка, поврзувајќи самоубиства на различни деца од различни краеви на Русија со некаков „предизвик“ кој ги терал децата на истото - феномен преземен од форумски дискусии и ВКонтакте - без никаков поконтретен доказ. Момо, пак, е измама за лик кој се појавува во детски јутуб клипови (и ги тера децата да се самоповредуваат) која е раширена од страна на испаничени родители, кои најверојатно и не знаат што е тоа јутуб.

    Нашите медиуми не останаа имуни на ова и, во духот на кликбејтерството и непостоечко истражувачко новинарство, само ги преведоа ваквите вести и кренаа паника кај родителите и повозрасната (и помалку упатена) фејсбук популација кај нас. Ако добро памтам, само офф.нет се потрудија во двата случаи да бидат малце потрезвени и да напишат за вистинската позадина на овие сензационалистички приказни.

    Да се разбереме, не викам дека случаи на самоповредување немало во Битола или некое друго школо во земјава - не ја исклучувам ни можноста дека некој локален или белосветски болен ум навистина ги искористил Плавиот кит или Момо да ги натера на тоа - ама многу ми е поверојатна онаа другата, потажната вистина.

    Дека и децата не се имуни на депресија. Дека се самоповредуваат и самоубиваат затоа што никој не ја забележал нивната состојба или не ја сфатил доволно сериозно. Дека со поголема општествена и родителска грижа и одговорност истото можеби можело да се спречи.

    Генерално, имам проблем со вакви вести затоа што е многу полесно да се обвини Плавиот кит или Момо за случај на самоповредување и самоубиство на дете, отколку родителите и општеството да признаат дека некаде затаиле и дека го изневериле тоа дете.

    Депресијата е реален проблем, огромен проблем за кој се' уште не се зборува јавно, а камоли да се признае дека постои и да се преземат некакви мерки против неа. И се' додека за секое самоубиство ја окривувавме Црна Ружа или Плавиот Кит и ја префрламе вината на некој или нешто друго, не сме направиле ниту еден чекор во вистинската насока.
     
    На Annath, crimson, Purplelilac и 24 други им се допаѓа ова.
  6. Saraahh

    Saraahh Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    2.353
    Зошто кога ми се случува една лоша работа, и после неа следуваат уште 15? Нели може да остане само на таа една? Што е ова? Некое правило? Закон? Што ли е? Има ли некој одговор на ова? Таман мислиш едно се завршило, друго се случува. Нема крај. Нема раат. Сакам да ме нема од овој свет. И да...
    Сакам да сум среќна. Многу ли барам?
     
    Последна измена: 16 април 2019
    На Rama и carangigia им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски

    А на мене ми се изнасмеа и ми мавна двојка..барем извини да кажеше!!!!

    И што лошо ќе има ако се отвореше ваква тема..гарант е многу поважна од катедралата во Париз.
    за наши деца се работи..хммммм...:@
     
    Последна измена: 16 април 2019
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Никој не негира дека никој не е имун на депресија, друго што со самоповредување обично се стартува на тинејџерска/адолесцентска возраст. Ама 4 случаи од едно училиште во исти период се малку премногу за да биде чиста случајност. Дали тие деца се убедувале еден со друг, дали е од peer pressure или што и да е, битно е пријавено на МВР и во социјална служба.
     
    На theowndemon, Purplelilac, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Апсолутно се слагам. Ама самиот факт што во самата вест се спомнуваат две глобално познати интернет измами, барем за мене, фрла лоша и непрофесионална сенка врз целиот случај. Доволно ќе било да речел директоров дека се откриени 4 случаи на самоповредување и дека за истото се известени МВР и социјалните служби. И на нив е да кажат која била причината за тоа, а не директоров и новинаркава да си шират шпекулации.

    Кога општиот став за луѓево тука за депресијата е „ништо не е, ќе ти помине“, стварно не треба да им се дава дополнително алиби во облик на Момо и Плавиот кит за да бараат виновници кога некое дете ќе си наштети.

    Мене ме загрижува само тоа што се пласираат невистини и непроверени работи, што потенцијално би можело да го измести фокусот од еден реален, тежок проблем кон некаков лов на вештерки и баба Роги од интернет кои коваат заговор против нашите деца.

    Бабе, случаен пропуст, не се тревожи па ти, ама ми помина времето за редактирање веќе. :) Патем, зошто мора да има „поважна“ и „помалку важна“ тема - трагедијата со Нотрдам и трагедијата со деца кои се самоповредуваат се две тотално различни работи, нема потреба да ги споредуваме. И не значи дека не може да зборуваме и за двете.
     
    На kolovoz, Purplelilac, Oxymoron и 10 други им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Во право си, мешам баби и жаби, но мислам дека баш вакви теми каде што треба да се спомнуваат овие лоши игрици, теми во кои ќе ги укажаме опасностите за нашите деца додека гледаат јутуб или играат на компјутер, телефон идр СЕ НАЈМАЛОБРОЈНИ....
    За синиот кит имав одамна отворено тема, дали беше на кајгана или на црно бело форумот не паметам, но остана темата само со неколку мислења...
     
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    ^ Јас мислам дека е фејк њуз такоѓе.
    Во мојот град пред некои време идеа муабети за 3 4 основци кои наводно се самоповредувале по телото, дури демек и спречено некое при обид за самоубиство, како резултат на играта Син кит.
    Прашав од кое училиште, не знаеја да ми одговорат, аа па слушнав од онаа, таа слушнала од друга и така магичен круг, и одговор не добив.
    Можеби грешам ама мислам дека интернет мамичкиве се апдејтирале, више ниво е ова, да се смени малце од рецепти, лоша свеки, вакцини и сл. - по женскине групи на фејсбук.
     
    На Rama, Nausicaa, Animali и 5 други им се допаѓа ова.
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.408
    Допаѓања:
    16.805
    Не и не можам да сфатам како мажот и' и нејзините не ја пуштаат да работи за 6000 или 12 000.
    Добро бе, ако на 30 години се затвораш така што ќе биде со тебе на 40?
    Демек, кога работела видела дека цел товар од куќата лежел врз неа, маж, дете, работа низ дома.
    А, врз кого чекаше дека ќе падне?
    Ако работела за 6000, знам дека реално е многу малку,, но секој почеток е тежок..ако работела за толку ќе работела само за градинката на ќерка и, а дома немало да и биде средено.
    Да бидела сама ко мене, да, ќе работела, ама вака не.
    А она, секој божји викенд е.некаде со него и ќерката..од глава до пет облечена во тон, дома и е во тон.
    Или јас не сум ко шо треба, па нњ дозволувам он да ми кажува, дали да работам или не. Или другаркава забегала со она нејзино 'не работам, ама барем ќерка ми да ја изгледам ' а малата скоро е голема 5 или 6 годинки има.
     
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    А тебе па што ти е толку битно како живеат другите?
    Дали нешто лично тебе ти решава дали типката ќе работи или не? Од џеб ти зема?
    На други треба да се правда за нејзините и одлуките на нејзиното семејство?

    Бркајте си ваша работа бе луѓе, толку тешко е?
    Ок е, вие сте најснаодливи, највредни, најработни, а другите се гревови.

    Колку поубав ќе беше светов ако секој си ја бркаше својата работа, ама не, секогаш е поинтересно да се мешаме кај што не ни е место и да даваме совети.
    Ти се прави другар, а зад грб ти јаде трици за тебе. Е од вакви да не знаеш кај да бегаш.
     
    На Purplelilac, Emy867, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.408
    Допаѓања:
    16.805
    Многу ми е жал што погрешно ме сфати и се изрази така.
    Не ми е битно како живеат, но ми е битно кој ми е во окружување.
    Па искрено, на 30 години друг да одлуучува за тебе, не знам дали е во ред тоа.
    Јас не реков дека е грев а јас сум НАЈ.
    Не реков дека ми зема од џеб, туку секогаш кога и да појдам кај неа, мажот и , ме прашува кој ми ги плаќа сметките и дали ми ја зголемиле платата.
    Лично не ме засега,ама ме нервира како ми се жали дека не и е погодено во животот и се нешто вели " јас будала што се омажив на 22, блазе си ви вас"
    Откако се преселив да живеам СК,ретко се слушаме. Не ни се сеќава да се јави, иако јас знаам прва да и свртам.
    Јас не и се правам другарка и не јадам трици, таа беше онаа која ни се потсмеваше мене и на една другарка " Ајде мажете се, не ќе ве чуваме во подрум"

    Јас мојата работа си ја бркам, а ти твојата?

    Велам, не можи ни овде човек да има слобода на изразување.
    Се некој паметен се наоѓа.
    Ако не ти се свиѓаат некои постови тука, можеш да бегаш т.е. да скролаш надолу.
    Поздрав и имај убава вечер. :)
     
    На Ivy89 и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    154.291
    Пол:
    Женски
    :D и јас, читајќи цело време мислам дека за некоја сосема нова серија ГОТ се зборува :tmi: , cоunt me in(highfive)
     
    На Rama, cresa-jagoda, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Shmizla94

    Shmizla94 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сакам да осетам БОЛКА! :|
     
  17. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    70.710
    Верувај не сакаш!
     
    На Dust, sparklie, Animali и 8 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.025
    Допаѓања:
    130.864
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека нема место како дома! :hug:
     
    На Animali, Rama, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.825
    Допаѓања:
    80.743
    Пол:
    Женски
    Ова е форум. Спрема тоа, очекувајте да бидете цитирани, и тогаш кога нема да сакате. :) Штом пишете некое мислење, секој има право да ве цитира. Ако не ви се допаѓа тоа, не пишувајте. Не е виновен оној што реплицира ,,неповикан". :)
     
    На Dust, SwanMay, kolovoz и 15 други им се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.408
    Допаѓања:
    16.805
    Очекуваме, очекуваме. Но, не е и оној што пишува e 'виновен' Тука сме да искажеме мислење, а не да судиме кој што пишал и зошто така се изразил. Дали оставил место после запирка и сл. :)
     
    На kolovoz, Rama и buba4e89 им се допаѓа ова.