Дали само мене ми смета некој постојано да офка околу него? Оф оф оф. Па не можам. Посебно ако морам да го слушам секој ден. И мене ме болат и нозе и раце и се. И офкам оф оф??
Многу ми се интересни газдиве кога сами не си ја признаваат грешката што ја направиле, и кривицата ја префрлаат на нас вработените. Па и уште сум безобразна кога им кажав дека јас направив исправно, бидејќи сум свесна и одговорна за тој пакет. Драги газди, karma is a bitch. Македонијо, каде вака? Па уште ќе ми речат тие се газди секогаш се во право. Е,не се. Не се кога точно знам што сум сработила и дека исправно сум сработила, а тие што си замешале пакети, се само тие виновни и никој друг. Интересни ми се и кога вртат, вртат муабети, наоколлу нешто кажуваат па да гаѓаш. Драги мои, поработете на емоционалната интелегенција, исто ако што и јас треба да работам.
https://mobile.twitter.com/Ljubeznost/status/1119149437832450048 Да им дале едукација на деца кои просат и децата повторно сепак им се враќале на родителите и покрај ќутекот шо го јадат. Не зезај?! Овакви ликови што се они би едуцирале мислам дека треба прво они да се изедуцираат. Комплексни социјални проблеми не се решаваат со едноставно - едуцирај или не им давај пари... Кате од друга страна ја едуцитавме многумина, но Кате веќе размишља за нешто друго кое ти го крши срцето, а е ко искочено од роман на Дитас, а има едвај 10 години. Разликата се прави поинаку, а сепак изгледа искача на крајот дека како што ни е дадено така ќе си го носиме крстот или што год на плеќи.
Последен "коментар" што ме "изнервира" е: 'За греота детето го одведовте ќе се мачи ќе учи два јазика.'
Подолго време пробувам да одгатнам една работа. Зошто за да се опише слабост, се користи називот на женскиот полов орган? (да не се изразам вулгарно и експлицитно) Сметам дека не е во ред и ми смета кога го слушам изразот (среќа па ретко е). Наидов на сликава па сакам да ја споделам тука, да си размислите малку.
Па добро свету... Им ја снимаат детската соба на уште нероденото бебе и ја ставаат на стори. Морав ова. Готово, не пишам поќе. Гасам нет.
Жени одговараат на прашањето: "Дали мислите дека сексуалното образование треба да биде задолжително во училиштата" Одма, женското да го учат како да се облекува, како да се понаша, за да не ја случајно силува некој, па и професор. Не дај боже случајно машките да ги учат дека не треба да силуваат. Не, не, строго женските да не ги провоцираат. Или уште пострашно, замисли на сексуално образование да се учи за секс? не, не, не смее тоа. Строго да се учат жените како да се облекуваат. Ми се згади, одвратни, вријам од бес. Зошто, зошто мора да делам и планета и пол со изродиве? Со жени што оправдуваат силување, со жени за кои жртвата е крива. Да ти .... и животот и сѐ.
Шо ако имаш телефон со 8 камери од по 40 мега гига пиксели, коа на стори на Инстаграм ко со компир да си се сликал испаѓа...
Пази, оваа со професорот има ќерка 2-3 години. Се депримирав ептен, не ми се збори веќе за ништо Одвратно, одвратно
Од многуте реклами кои се неизбежни во последно време, ми се појави реклама за ланче во облик на бесконечност, и на него напишани имињата на љубовниците. Љубовник како синоним за сакан, нели. Некако чизи. Се замислив - има ли воопшто љубов што е таква, бесконечна, епска, ... или премногу сме задоени од чизи Холивуд шит па очекуваме чуда од партнерите. Не знам. Може сум јас црна и саркастична како што стареам (или да не се лажеме, едноставно таква сум)… но за мене љубовта е работа, борба, нешто што треба да се негува цело време, нешто што се менува со секоја секунда, со секоја животна ситуација и препрека, нешто за кое се зборува, се покажува, се докажува... Зрееме заедно, но тоа не значи сигурност, не значи бесконечност. Значи дека сме уште тука некаде и сме се потрудиле да возиме кон иста цел. Но не постои гаранција, не постои "засекогаш". Животот е толку кревок и минлив за да земаме здраво за готово работи и да веруваме во митови. Секој момент можеме да се разминеме. Не треба многу. И тоа е ок. Сѐ додека сме реални дека ова не е филм. Онака, дека не можам да спијам, па да си кажам.
ова те чуди ??? Старци како се лапаат на стори се става а не па такви ствари што викаш ти... Затоа мирна ми глава не користам ни инста ни фб
Ти благодарам за сугестијата. Баш фино од тебе. За мене е незамисливо бебето уште неродено, а они му кројат капа.. Јас сеуште би ги послушала бабите наши со 40те дена, нит бебе се покажува, па ни соба. Јасно , овде кај што гледав целта им беше да ја покажат богатата детска соба и звуците на тропслчето. Наредена епизода очекуваме менување на пелена и доење како watch party.
Ви се има ли случено да резервирате карта и да го утнете денот на полетување за цел месец? Мене да. Ајде по сабајлечки ден пред поаѓање пак да се резервира. Добро утро од мене.