Не те прашувам иронично, туку баш сериозно ме интересира. Зошто да не се покажува соба на бебе до 40 дена? Зошто е лошо да биде спремна пред раѓањето?
Па ти солиш памет. Ја снимале детската соба, бебето неродено. Па запрепастена како можат. Па 40 дена. Леле ќе го урочат. Значи страшно. И јас имав подготвено се што е неопходно за децата пред да се родат. И не ги криев 40 дена. Ах да. И доев надвор, секогаш кога беа гладни. Поздрав до тебе и бабите од 21 век.
Гледај,, тоа е индивидуално.. Јас,не би покажувала се дур не се роди и не пркне некој месец. После оние 40 дена нели.
Јас само кажав како не би правела. Современите мајки си имаат убави идеи за да си пополнат ФБ и стори. Значи муабетот е за социјалните мрежи и мајчинството. Зато реков очекуваме лајф од менување пелена и доење. Да се доедуцираме.
Не е толку битно зошто, кој како си замислил така, ако сака една година нека не го покажува. Само реакцијата за некој друг кој спремил детска соба, гасење интернет и слично, доволно кажува.
Поентата ми беше да укажам до каде појде приватноста на семејството. Очекувам стори од поза 69, ете сме современи нели.
Современите мајки веруваат во современа медицина. Не во "убавите идеи" на бабите. Последново од неедуцираност. Како не знаеш? Традицијата вели дека бебето ќе биде урочено. А ако пред време купуваш или не дај боже детска соба му направиш, нешто лошо ќе се случи. Нечија приватност и колку некој изнесува од истата не е твоја работа. Иако поентата ти беше традицијата, ниту ова со приватноста не те вади.
Да не го урочат. Не знам бе, нели затоа е стори, да се пофалиш со нешто. И онака ќе исчезне за 24 часа. Детска соба ми е ептен кјут, и соодветно. Туку, јас за друго дојдов. Бијонсе потпишала 60 милионски договор со Нетфликс. Онаа истата Бијонсе што empowers women со нејзините песни и нејзината колекција на облека. Нејзината облека, што ја шијат жени во Шри Ланка за $0.64 на час со по 60 работни часа неделно. Тоа ти е next level експлоатација. Empowerment... Жити се, чувајте си го empowerment-от, мене не ми треба.
Очекуваме доење, спремање кашички, менување пеленка, разни секс пози лајф да се уклучете современи мајки. Да им покажеме на закоравените луѓе колку одиме напред.
Ок кој како сака нека прави јас тука само истакнав дека, ми смети, не ми смета, не ми се допадна тој степен на приватност кај таа х особа . И одма јас, закоравена. Океј.