Уништување на битен и романтичен момент левел БАБА. Братучед ми ја запросил девојка му и и се јавува на баба да и каже. Братучед: Бабо имам новост, ја запросив Ана. Баба: Кај ја запосли? Убаво со среќа...По струка и најде работа? Бр: Не бабо, ја запросив ти викам. Слушаш? Баба: Слушам си ја запослил. Ало? Вие ме слушате? Викам кај ќе работи? Бр: Ја З А П Р О С.. Баба: Чекај малку, кучево ми ги турка тенџерињата. (се слушало траскање на тенџериња, урлање, лаење, викање) Баба: Ало? Еве кучево нешто ме нервира, ако го фатам само. Ми го изеде саламчето... Бр: Бабо??? Ти викам ја запросив, и дадов прстен, имаш нова снаа. Баба: Ја запроси и ја запосли? Како ти текна одеднаш? Е бравоо, со среќа (следуваат благослови). (На крај) Баба: Сега уште Џоли остана да се мажи. Ќе дочекам од неа внуци? Уште неа да ја видам како невеста и после на раат да умрам. Кога ќе ја видите речете и нека се мажи. Добро? Ајде Џоли што чекаш? Кога ми кажуваше братучед ми урлав од смеење Едвај чека момент да се фати за мене Инаку бабо, мене ако ме чекаш да се мажам, ќе се изначекаш. Ќе живееш уште 100 години. Спојлер: П.С. И сестра на другар кога ја запросиле, исто со нивната баба имало недоразбирање со запроси/запосли. Значи од ист калап се сите стари...
Колку луѓево можат да излезат од една и да влезат во друга врска. Со брзина на светлината. Се вчудоневидов денес. Секоја чест што можат тоа да го прават. Им се воодушевувам.
Знам дека е погрешно од моја страна да мислам вака, ама знам многу луѓе со срање родители, посебно татковци кои правеле/прават сериозни грешки со став дека не им опростуваат, ама ги сакаат покрај се и сакаат да ги задржат во нивните животи. Не можам да го разберам тоа. Дали е дека имам таков карактер или дека не сум осетила на сопствена кожа, ама не сфаќам. Не е ни моја работа ама толку цврсто посакувам да излезат од таквите скршени родителски врски и ужасни особи.
Не знам дали е до мене ама малце безобразно ми е кога некој што треба да ти изврши некоја услуга, одма од старт ти кажува цена и бара да платиш Ги подавам уплатниците, уште не почнала да куца одма ми кажува провизија и бара да платам. Ако она не е сигурна дали отпосле ќе платам, јас сум пак уште помалку сигурна дека тие пари навистина ќе отидат таму кај што треба. Мислам сигурно не сум дошла без пари кога знам која цена ја пишува таму. Мислам ајде ова ќе разберам. Првпат ми се случи, претходно никогаш. Друга ситуација што му се случи на познаник, нарачал јадење во кафич и по само неколку минути му стигнала сметката, уште пред да донесат јадењето. Платил, јадел и си станал. И на други места, ти прашуваш нешто општо за производот, тие ни два ни три одма цената. И дури кажано - Ама да знаете тоа ви е толку и толку... Ако не сум сигурна дали имам пари за нештото, ќе прашам. Чим сум отишла таму и не прашувам, значи знам колку ќе чини и имам.
Љубов што нема рок на траење. Љубов од оние што мислиш дека се мит или приказна, а всушност постои, само треба да веруваш за да ја најдеш.
До кога со страв ќе трчам на кеј ? Бев баталила неколку недели да не џогирам, пливав, ама преѓеска станав кај 11, баш се осеќав свежо, направив едно смути, облеков хеланки и маица за потење, патики, наруквицата што мери километри и пулс, слушалки и се упатив према кеј. Ја собрав косата со ластик, стаив наочари и пуштив евровизиски актуелни песни со брз ритам, целта ми беше да изџогирам од аеродром до Карпош 4. Си тргнав мирна, пуна енергија, и тука кај автобуска т.е железничка имаше на кеј групичка хулигани, ситнокурци дечишта невоспитани, малце се оддалечив и покрај музиката в уши слушнав како ми свират, се свртев и едниот со рака на панталони ми манифестираше некои си движења. Глупаци низаедни, и си продужив. Во центар, кај камен мост баш, група чергаришта, ама посозреани, зема еден смрден циган демек ќе трчи со мене, јас трчам тој трчи до мене овие позади сигурно у делириум. Овој нешто збори, ја не го рецкам, уплашена и удрив спринт, нормално застана и си се врати. Морав да одморам, ќе ми пукнеше срцето, симнав слушалки и одев до парк споро. На кеј имаше пак деришта едни, со кучиња, со ништо не ги испровоцирав а едната гнаса мене ми вели "Ејјј мала дој да се запознаеме".... И пак продужив, стигнав кај скејт местото и заградените мали игралишта, на скали седеа поголема група на момци, исклучив музика баш да слушнам дали ќе има екстремно сексуализирање какво што доживувам веќе неколку години, и одеднаш само "Уфф како би и го набил тој г'з". Ми идеше да се вратам и да му залепам една, ама страв ме упрпа. Ме здрма анксиозност, фатив преку парк и излегов кај Симпо, чекав бус. До кога ќе не сексуализираат така ? Предмет ли сум јас ? Не сум само јас случај, многу има девојки со страв. Инаку, лани еден се дрзна да ме фати за задник. Од тогаш анксиозна сум кога треба да трчам и секој пат се соочувам со вакви немили настани
СДК денес увидов колку мизерни луѓе има стварно без воопшто страм! Договорена цена уште пред месец дена до детал .. За да сега ми додаи плус 50 еу на првичната хахахах и сето тоа откако дозна дека можеме да си го отвориме повеќе ќесето .. Па уште и ме врти SHAME !
Многу ми е криво за моите пропуштени шанси и што немав храброст за поголеми чекори .... Живејте го животот како што вие сакате и искористете ги сите шанси што ви се пружат макар биле и погрешно него вака да мечаите по нив ... тие пропуштени шанси не се вракаат назад.....на голема жалост...
Ако нешто можам да класифицирам како 'среќа', тогаш тоа би било: Во силос со пченка, да најдеш уште едно грашоче.
Понекогаш се прашувам каква мајка сум. Дали сум доволно добра. Се фаќам одма како се негирам сама на прашањево. Чувствувам понекогаш дека ми треба простор сама за себе. Како да сум недоживеана. Не дека не искачам ама нормално дека ми се изретчија искачањава. На другарки поим неам од кога не сум им се јавила да си искочиме сами ко некад. Дури најдобрата ми замери, ми вика не знам шо ти стана, многу се повлече, само работа-дома и тоа е. А и она е со дете. Денес есна другарка сакаше да идеме во парк со бебето. И реков сакам сама, малку простор ми треба. И седнавме на кафе у препун кафич, преубаво се осетив, после не знам колку време. Ко преродена, ко да забораив на се друго. И пак ме јадеше од внатре, ете детето кај мајка ти а ти сама без него. А парк врие бебиња. Не дека моето дома беше, два саати претходно со него шетав. Ама некако ко себично да ми е, ми фали маааалце безгрижност во денот. Знам дека кај мајка ми ќе биде пиц пец а ја на раат да утепам 2 саати. Шо знам, може и други има ко мене. Може никад нема да се осеќам дека сум доволно добра за него. Може цело време ќе ми фали младоста и безгрижните денови и после 10 месеци пробувам да ја избалансирам новата улога во постоечкиот живот.
Супер мајка си! Секоја добра мајка се преиспитува, дали е навистина добра. Нормално е да чувствуваш потреба од време само за себе. Немој да си потиснуваш, и немој да се самообвинуваш
Има така понекогаш денови, во последно време и се почесто се повторуваат, беше еден ден во неделата, па два, па три.. да се прашувам која е поентата на сето ова.. На живеењето мислам. Каква смисла има наизменичниот круг од среќа и тага, на лоши денови да чекаш добри, на добрите, стравуваш од првите и пак да бидеш благодарен требало што имаш шанса да го искусиш ролеркостерот наречен живот. Што е битно уствари како за обични универзумски прашинки..
Оти, како што вели Карл Саган: 'Луѓето се начин, за Универзумот да се самосознае.' Сечие искуство е битно. Сечиј живот е битен.
Se povlekuvam.... Potonuvam vo molcenje, bidejki vo momentov nemam komu da mu go kazam ona sto go krijam dlaboko vo dusata i srceto.... No so vreme i svakam deka, nikogo ne go interesira... Ostanuvame sami so svojata bolka.. Ke pominat i ovie krizni denovi... No ke treba da pocekam... znam se ke bide vo red... Momentalno samo tisinata mi e najdobriot lek....