Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Жена после породување не треба да оди и да купува гардероба.
    Уствари може не се сите како мене. Ја и онака сум терсена за шопинг. Сирот маж! (facepalm)
     
    На Petar80, Rama, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.424
    Пол:
    Женски
    Не велам не, кога сакаат, тогаш нека имаат секс.
    Ама не е причината возраста, колку неедуцираноста.

    Се триевме преку Стружанка пижами, бремена ли сум :drunk:

    Што не иде, не иде (heidy)
     
    На 1209, Yipman2, smooch и 26 други им се допаѓа ова.
  3. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Парада на глупоста да се организира.
     
    На Rama, CameliaMiller и Brinetka им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.082
    Допаѓања:
    173.942
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека во секојдневието голем дел луѓе се дел од насилна, токсична, врска. Дали во неа има физичко или психичко насилство, независно, еден од партнерите е насилник, а другиот жртва. За некои блиски пријатели кои биле дел од таква врска можеби и се плукате зошто не сте сетиле порано. Знам дека јас се плукам.

    Во нова врска е многу често да, ете оти ми е мене поблиску ќе речам другарка, да другарката се оддалечи од друштво во млада врска. И тоа е океј. Често се вели дека првите три месеци од врска се период на заљубеност (кој можи да трај и повеќе) и е сосем океј да биди вака и реално и да имате пријател да го прави ова, сфатете дека е океј ова однесување први три месеци. Впрочем, млади врски и траат толку. Штом помини период на заљубеност "се отвораат" очите. Ако пријател почни да ве избегнува сосема, ако почни да ги избегнува сите дури и кога е слободна, а не за да биди со дечко, е тука веќе е добро да се запрашаш дали можда е во насилна врска? Кои се шансите дека новиот партнер забранува да се дружи со своите стари пријатели? На почеток е неосетно.
    "Ах многу ми е мака"
    "Ај друг ден, денес имам нешто дома да средам"
    "Чекам брачеда ми да ми се јави, ќе почекам да видам, ама најверојатно не"

    Многу од ваквите врски можи да се скриени. Доколку внимателно слушаме, ќе слушниме тоа шо треба ама е тешко зошто не сме навикнати во секојдневие да очекуваме насилство.
    "Ма не е ништо се удрив во кваката"
    "Да бе, око ќе си изваев преѓе во џамот"
    "Не знам кај се имам удрено тука..."
    "Паднав од точак"
    Да, има несмасни луѓе, ама тие се такви и пред да стапат во врска. Оти ете сите ми верват дека некни дур турав сол на јагоди станав во гранка дрво и ќе си ги ископав очите за малку, оти не сум смасна. То е факт од пред јас да сум во врска.

    Физичкото насилство е очигледно, само треба полека да се насочи бранот кон него. Не треба да претпоставиме дека веднаш некој е во насилна врска, туку да истражиме. Ништо не убива побрзо пријателство од грешна претпоставка врз која ќе изведиме некоја акција.

    Психичко насилство е потешко за да се забележи.

    "Да, сме во лошо место ама знам дека ме сака, ама ќе помини. Секогаш поминва, често имаме проблеми" - вистински треба да се истражи какви проблеми без да се биди насилен.
    "Не е мојот партнер насилен, обично е добар со мене ама ете се случва по некогаш да биди ваков" - тој можи да те сака и вистински да се кае, ама факт е дека е насилен и дека однесувањето не се случи пак.
    "Не знам шо да очекувам кога сме заедно" - насилни врски се многу збунувачки. Не знаеш на што си, не знаеш шо следува.

    Знаци кои можи да ги препознаете како страно лице:

    • Видливи рани - има поопштрно горе за ова.
    • Покривна облека - дали било тоа за да "ја скрие" од други мажи, или да покрие одредени рани.
    • Наеднаш станува помалку социјална - или сама се дистанцира, или партнерот ја дистанцира. Ако е сама можи да е до страв, срам. Ако ја дистанцира партнерот е до посесивност.
    • Нема самодоверба - помалку се впушта во групни разговори, помалку е весела и енергична и скоро за се се врти кон партнерот ( кој патем сегде иди со неа) за одобрение.
    • Ѝ се менува јазикот на телото, невербалната комуникација - од претходно отворен и пријателски човек, добивате вчепаток дека сте со некој крајно незаинтересиран за вас.
    • Не збора за својата врска - темата ја избегнува целосно, најчесто од страв да не се испушти некој детал и после да страда ради тоа.
    • Постојано ја бара на телефон - ако не е со неа, тогаш е на телефон со неа. Ја прашва со кој е, кога излезе, зошто излезе, кажува кога да си оди, иако тој е на пример без вакви рестрикции.
    • Се менва присутноста на социјални мрежи - ако претходно ставала секакви слики, сега најчесто ги нема или се ептен "затворени".
    • Се уништуваат врските со пријателите - со самото избегнување, не зборување и видна "незаинтересираност" ќе почни да го губи сите околу себе. И ако сите бегаат, најверојатно нешто смрди. И смрди насилникот ама не сме свесни за тоа.
    • Секогаш се брза - исто како основец, има одреден излез.
    • Прикажува лажни емоции - максимално ја крие токсичната врска. Прво, ради страв дека ќе настрада и второ, штом стани свесна, ради срам дека не можи ништо да преземи. Ама можи и покасно и за тоа!
    [​IMG]

    Во мој случај, почнав да сеќавам дека девојче со која бев газ и гаќи ме избегнува. Ме избегнува веќе пола година од кога е со дечкото, едино ми пиши понекогаш на фб. Од социјални мрежи речиси да исчезна. Почна да не се грижи за себе, остана сама во поглед на пријателство зошто сите ги шутна подалеку.
    Сме во контакт, ама не се гледаме. И кога ме избегнува да излезиме сами, или со друштво, ја викнав на дабл дејт. Е јас имав среќа дека нејзиниот беше отворен шовинист и насилник, многу ретко е така случај. До толку шо тој мене не ми се обрати ни еднаш на маса, туку збораше со дечко ми дирек. И дечко ми испадна со краток фитиљ и го спопука.
    "Чекај, ја оставаш со другарки да излегва? Знајш дека во друштвото има машки?"
    И онака јас се вртам кон другарка ми:

    [​IMG]
    А дечко ми му прај дека ми верва и знај дека јас не би напрајла ништо во врска, впрочем и со бивш сум во исто друштво. Збунет беше другиов.

    Шо ме натера да зборам за ова е зошто моментално познаничка врви низ истото, и почна да се отвора сега, кога нејзиниот е на печалба. Знаев за состојбата и цело време даваме максимум да помогниме. И дури сега, кога е далеку и не можи ништо да напрај - пробваме.

    Најбитно прашање: како да помогниме на некој кој е во насилна врска?

    • Биди пријател - дел од работите кои ги прави насилникот е да оддалечи својата жртва од пријатели за да нема кој да помогни. Ако си свесен дека пријател е жртва на насилство, биди тоа што си - пријател. На почеток нема да ти верва ама ова дава шанса дека некогаш ќе се довери и ќе ти верува ко ќе сакаш да укажиш на ситуацијата.
    • Биди поддршка - прегратки, зборување за настани во минато каде си бил/а лојална на неа, да се осети сигурно и да се осигура дека можи да ти верува.
    • Започни обичен разговор - "ми недостигаше, секогаш беше срце на забавата", "еј од кога се немаме видено, не можи на чоек да недостигаш" пред да влезиш. Жртвата не секогаш е свесна за своите промени, а и кога е добро е да има потсетник колку многу е промената.
    • Фокусирај се на нездравите делови од врската - не вели дека врската не му е здрава во целост. Зборај му за малите нездрави делови во истата. Зошто тие делови се лоши? Во тој поглед.
    • Разговорот не треба да личи како разубедување, туку тоа што е - разговор.
    • Не кривете другарката за ова - таа е жртва и често пати не е свесна за ваквата ситуација. А, кога е свесна е уплашена, самодовербата му е намалена.
    Зошто цел текст де фокусирав како пријател да помогни на жртва, а не жртва да си помогни себеси е баш затоа. Жртва е. Ако успее да сфати дека е во насилна врска рано во врската и можи да избега сама, ама ако остани подолго време внатре запаѓа во магичен круг кој го поставува насилникот.
    Насилство -> Пријателство -> Омаловажување -> Награда -> Ветувања -> Насилство

    Се намалува самодовербата. Се намалува вредноста за себе, вредноста на врската и пријателите. Што треба на една жртва е поддршка. Поддршка за да се избори!

    [​IMG]
    Како изгледа психолошко насилство од очи на жртва:
    • Омаловажување, приватно и јавно
    • Закани
    • Зголемена критика
    • Одбегнување да зборува, како "казна" за нешто незначајно кое го правиш
    • Те игнорира во активности
    • Има афери за кои не смееш да зборуваш
    • Флертува
    • Користи сарказам
    • Екстремна љубомора
    • Менува расположение
    • Кажува лоши и навредливи шеги на твоја сметка
    • Доминира
    • Покажува љубов, па се повлекува, па покажува пак и така во круг
    • Те прави да се чувствуваш виновно
    • Ти кажува работи кои сака да ги смени кај тебе за да бидиш подобра
    • Прави се да е твоја вина
    • Те оддалечува од семејството
    • Те оддалечува од пријателите
    • Користи пари како средство за манипулација
    • Закана дека ќе си наштети ако го напуштиш, спојлер - нема то да се случи
    [​IMG]

    Заклучок:
    Да си во насилна врска е тешко ама има надвор. Немој да се "одлепиш" од пријател на кој му треба поддршка, разговарај суптилно, нагласи кои делови од врската не се здрави без да се маркира врската како насилна. Не ја казнувајте другарката со оддалечување зошто таа е жртва и му треба рака, а не уште еден грб. Биди поддршка, пријател.

    Важно е да се бориме против било каква форма на насилство и прв чекор е да ја познајме, дали кај себе или кај другите.
     
    На Annath, MarchelineAmaru, Autumn_ и 35 други им се допаѓа ова.
  5. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    Возењето е убаво ако не се вози пијан со угасени светла ноќе, и љубовта е убава ако не се прават слични грешки како со возењето.
     
    На Tea678, Rama, buba4e89 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.725
    Допаѓања:
    129.023
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе не го заслужуваат вашето внимание.Следниот пат проценете подобро.
     
    На Tea678, Rama, hermosa и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.695
    Пол:
    Женски
    Не можам да верувам значи како може во некои деца уште од мали нозе (мислам на 6,7 години)да постои толку злоба во нив и невини душички да страдаат поради нив :(
     
    На Кена Рис, Emy867, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    8.066
    Пол:
    Женски
    Колку е некогаш убаво кога еве веќе пола месец и повеќе не се замарам за ништо, полна сум со обврски и работа а не се жалам само ги извршувам, и нешо да не иде како шо треба па не е крај на свет, битно сум жива и здрава. Муабетот ми беше тоа дека џабе само се нервираме и го тераме мозокот да ни размислува 24/7 на некој проблем, ако не бива не бива и нема да се среди па шо и да сториме нема да биде, пушти го животот нека си тече и вака и така на крајот сите ќе умреме.
     
    На poenta, Peperutce1115, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    На крајот сите ќе не однесат небеските кочии. Затоа живеј го животот, минатото остави го зад себе, живеј ја сегашноста, утре е мистерија. Остави работите да си течат по некој свој закон кој се коси со законот на физиката.
     
    На Rama и Brinetka им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Нов збор за денес...тадаааам...

    Пичлеме

    Битолски израз за лице кое е агресивно, безобразно, нападно, но воедно и не баш интелигентно. Ако шанкуре може да има и симпатична нота во себе, пичлеме е изразитно негативна конотација.


    Ете барем научиме како се нарекуваат типовите кои возат премногу гласни мотори и го вознемируваат нарадот во доцните часови.
    Како беше она...Колку му е помал половиот орган толку погласно и побрзо вози типот, така?

    Лечи фрустрации на мотор заради малото ку*е и дава посилно гас да јачи пред постари луѓе и бебиња...Така ја искажува нервозата пичлемето.

    :yawn:
     
    На 1209, M&M, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.210
    Пол:
    Женски
    Со овие моторите ми доаѓа да ги пцујам на глас, не се спие од нив, возат пресилно, свират, шлајфоваат во 3-4 сабајле, и тоа пичлемињата во чопор одат.
    Ексик, цело лето ќе биде вака, а најтрагично е што од толку аздисвање се плаќа и данок со по некоја жртва, секоја година истото и пак не им доаѓа умот:devil:
     
    На Herrera, JollyGirl, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Од досегашново искуство заклучив...

    Почеток на семесгар - ќе почнам на време да учам, редовно ќе одам на предавања, ќе се организирам убаво.
    Средина на семестар - не одам на предавања, подобро и поефикасно ми е дома да седам и да учам, повеќе ќе научам. Морам и да одморам малку. Има време до сесија.
    Крај на семестар - требаше порано да седнам да учам и да одам редовно на предавања, сега ќе ми беше многу полесно....ај од другиот семестар.

    Дали ќе ми дојде умот?:D
    #студентскимакиголеми
     
    Последна измена: 13 јуни 2019
    На Кена Рис, No name 123, IM.TMKQ и 21 други им се допаѓа ова.
  13. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    Самокритичноста претставува доблест, јер тежнееш да станеш подобра личност. Кога тоа оди во екстрем тогаш е маана, влијае на губење на самодовербата....гуд морнин'
     
    На No name 123, poenta, IM.TMKQ и 5 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.082
    Допаѓања:
    173.942
    Пол:
    Женски
    Како чоек кој заврши со одење на последен семестар, не, нема да ти дојди умот. :wasntme: :rofl: Јас секогаш од следен семестар ќе бев поредовна. Oh well. Сега немам како да се залажвам. :D
     
    На CameliaMiller, Animali, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.375
    Допаѓања:
    40.695
    Пол:
    Машки
    @JollyGirl , јас па знаев дека пичлеме се користи повеќе за некој што се јача и покажува сила и муда, а знае дека ќе го јаде. На пр. "Ооо пичлеме едно, ти си нашол да крекаш, има да те патосирам", "пичлеме едно, она ќе му се пушта на дечко ми, стасала"
    Ни треба очајно еден сајт за толкување на народниве зборови и фрази, нешто како српскиот Вукајлија или Urban dictionary. :D
     
    На M&M, Animali, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    http://zargon.mk/
    Имаме и ние тоа ама не сме информирани само доволно :D
     
    На BlackMistery, Animali, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Мувава да може и во п**** ќе ми влезе. :rofl:
    Летото е убаво ама тоа носи муви со себе. :envy:
     
    На ELIDavor, Herrera, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    СДК дека мразам лето:Dиако сум летно дете:) Уствари сакам, али на некоја плажа со коктелче8)
    Е, само тогаш...инаку +35:sweat:не е тоа за мене. Мистер запотњакович:D Мразам жешко,пеколно многу мразам жешко оффф....:whew:
     
    На M&M, poenta, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.183
    Допаѓања:
    16.415
    Што не коментари се изначитав за тоа дете што фрлало камења по лебедите во Охрид. Не го оправдувам воопшто, виновни се родителите.
    И сеуште не ги можам коментарите од типот:
    Не е тоа криво, мајка му е за е****е.
    Од мајка му *******
    Овие ваши коментари се пропорционално еднакви на актот на детето.
    Што 'мажи' ќе бевте со вакви јаки коментари. Демек јак муабет кажавте со горе наведените реченици, па одма жената се потценува како предмет на исмејување испаѓа.
    Простотилак, простотилак....
    Баш мажи со вакви муабети бегам.
     
    На No name 123, M&M, poenta и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    56.683
    Пол:
    Женски
    СДК цела недела имам несоница. Со по час два плиток сон. Зошто мора ова да ми се случува кога нема веќе предавања на факс и немам (сеуште) обврска да станувам рано? :| :sweat: :sweat:

    Ќе спијам ко ќе умрам де. :)
     
    На CameliaMiller, Someonespecial, christinnn и 9 други им се допаѓа ова.