Татко ми кажуваше приказни од младоста, колку бил романтичен кога се запознале со мајка ми, каде шетале, што виделе, а мајка ми ќутеше цело време. Заврши тој со приказните и и вика: -Зошто ќутиш? Пофали се колку убаво беше таму кога бевме. Мајка ми: -Што да се фалам кога не сум била таму. Не сум девојката со која си бил на тоа место, очигледно со друга си бил...Тогаш не сме се познавале... Татко ми (со кисела насмевка) : -Е како не си била ти? Сега ќе станам и слики ќе барам да ти докажам. Го нема некое време, ете го доаѓа со празни раце и вика: -Вие друго што ќе кажете? Ај, човечки е да се греши. Ми текна на серијата Како ја запознав мајка ви. Тед така на децата им раскажува приказни со други девојки, дур дојде до запознавањето со мајка им
Ми доаѓа потреба да си го посетам вецето кога некој се жали дека нема пријатели и дечко/девојка, а бил многу добар, фин и згоден. Ама, тешко се прилагодува па мора луѓево да наоѓаат начин да допрат до него/неа и нели да се мољакаат за два-три реда муабет. Исто и од женски што се жалат дека сите мажи трчаат по "курви" и сакале само секс, а уствари само по такви и се залетуваат. Машкиве па, бараат девојка што не е материјалистка и што сака вистинска љубов а прв пристап до девојче им е : Глеј каква кола возам / Што сакаш да те почастам? / Фати се со мене, ќе те носам таму и таму... Дојдов само да кажам дека сами се вртите кон таквите луѓе, затоа мислите дека нема подобро.
За разлика од многумина, јас не можам да водам 1:1 муабети да си го спасам животот. Во друштво ми оди многу полесно и имам повеќе да кажам.
Разликата од учител до наставник. Една убава приказна во морето од негативности на полето на образованието.
Сакам да кажам, религијата не е аргумент. Ако ти гориш во пеколот ради твоите постапки, јас нема пошто за мене не постои.
Кога животот ќе те тресне од земја, ти текнува дека тука си само на гости и бизарно е да си го трошиш времето со кавги, сплетки и омраза. Ќе те размрда така убаво и како човек кога се буди од амнезија ќе ти текне дека не си добар човек и мора многу да работиш на себе. И те држи ден два и толку, пак по старо. Не знам што е потажно, тоа што освестувањето толку кратко трае, или потажни се оние што воопшто не се освестиле.
Сакам да кажам дека дедо ми сега дур ми ги пробваше овесните колачиња ми мана најјак roast. Ми вика: "Со шо се овие?" Му велам: "Со овес се и банана". И дедо ми пробва, вели убо е: "Ах како свињите јадиш". После му дава на баба ми да проба и му вика: "Сега и ти како свињите јадиш".
Иии уште ако се погоди некој од дијаспората ни свадбен танц ни ништо,одма на чочек од самиот почеток ќе ја удрат.
СДК1: Немам ништо против службеници уште во 10 да си кренат од работа ако сакаат. Имам џиновско против кога промените во работното време никаде не се трудат да ги истакнат претходно. Во овој случај, па ни на врата. „Им било топло, си тргнале”- Апсолутно, врата се клати само на ладно, со вентилатор и коктел СДК2: Може најиритантно прашање кое некаде ќе го прочитам е „Како ослабе?”- Па земала ослабнала Ама како одговор да се чека дека успеала со јадење чипс СДК3: 16:17, Анимали во пижами
Како можи се да е толку труло во институциите, да не можат една ваква будала да ја соберат од по улици.
Читаш таму по темите: - Вие што излеговте на парада дали би ДОЗВОЛИЛЕ вашето дете да е геј? Ќе преземете нешто или ќе седите со скрстени раце? А ќе речеш млади луѓе се, имаат пристап до секоја страна, знаат да пребаруваат и да читаат ако нешто ги интересира, ама не...интернетот исклучиво се користи за инстаграм. Друга страна не дај Боже да отвориш од општа култура. Еве ново научив за денес. Родителите можат да му дозволат или да му забранат на детето да е геј Сигурно процесот по денови оди...Денес ако се расположени ќе му дозволат да биде геј, а утре ќе му удрат по некој бокс и ќе стане стрејт. Во сабота пак може геј, во вторник не може...и така...Што не е јасно? Битно е да не се седи со скрестени раце.
Жените на форумот сите скоро потпишани уникатно. Мажите на форумот сѐ нешто во стилот: Вистинскиот, Романтичниот, Идеалниот, Совршениот, Згодниот, Семоќниот
Најтешка работа во животот била да најдеш паметна жена. Наоѓа паметна жена и бега. Јер нели, била препаметна.
СДК една од неостварените животни желби ми е да станам глумица, сметам дека имам многу голем талент и потенцијал, само што, за жал како и за се друго во животот, јас никако не научив да ги следам моите ѕвезди, секогаш одев по погрешни соѕвездија... Не дека тоа е нешто, ама многу пати сум била на раб да се пријавам како статист за стотиците странски и домашни филмови кои секое лето се снимаат во мојот град, и секогаш на крај се премислував, сега прочитав за нов филм што бараат статисти, ќе има викендов аудиции, и се охрабрив да одам, а можеби ме охрабри тоа што пишуваше дека изгледот не е важен, да мојата вечна кочница
За Италија не знам, ама damn, кој Холивуд https://tocka.com.mk/vesti/311815/i...t-od-roditelite-pa-im-gi-odzemale-i-prodavale
Отишла на интервју за работа и и рекле дека треба да поседува добри орални способности и вештини. Излага од таму нервозна, ја одбила работата иако и одговарала и ќе го тужела шефот и целиот хотел поради барањето.
Некогаш ти велат дека треба да ги слушаш постарите луѓе дека се попаметни и повеќе искуство имаат. А што кога баба ми мисли за огнометот дека е пушка и треба да се криеме ?!
Razocarana sum od zivotot vo drzavava.Denes na intervju mi ponudija plata od 10 700den .Da imam prilika vednas ke si zaminam od ovde ...