Имам разбирање за пензионери. Меѓутоа за основна култура да немаат свест е страшно нешто. Во еден бутик се стремам да излезам, а двете раце ми беа зафатени и никако не можев да ја отворам вратата. Таа стои позади мене и чека. Откако виде дека ја гледам и не преќутев овој пат: "Добро, госпоѓо гледате дека не можам да ја отворам вратата, зафатени ми се рацете, истапете отворете ја, и тоа ли е тешко да се има култура малку." Нејзиниот одговор беше :"Па еве." Јас: "Е што еве? Од кога ја отворив јас и ја задржав со нога?!". Си замина. Не мора да отворите, океј е со заби ќе отвориме. Ние сме млади, нели..
Мнoгу културнo oд твoјa стрaнa. Нaтoвaри се ти пa бaрaј некoј врaти дa ти oтвaрa или кеси дa ти нoси кo штo имaше пред некoе време. Културнo билo, не е. Акo сaкa ќе ти oтвoри, aкo не твoе е финo дa зaмoлиш. Мене вaкa, сo врaтaтa пo зaдник нa излегувaње ќе си дoбиеш верoјaтнo. Oти и јaс oд културните сум.
Јас би ја прашала: ,,извинете дали може да ја отворите вратава, тешки се кесиве. Сигурна сум доволно ќе беше. Се постапува културно и само тогаш можеш да очекуваш култура и од другата страна.
Абе кој спомна ќеси, имав тел у рака. Зборев на телефон, а у др рака имав др.телефон и ташна. Слушнав издишување од позади, се вртам, ја гледам и ме гледа. Ме гледа?! Чекај, треба да ме гледаш или треба да имаш свест дека треба да помогнеш. Јас треба да воочувам, не се осеќам така. Бидејќи кога треба некој да му помогнам не чекам да ми каже туку дејствувам. Навистина, ајде вашите појаки расправии, и која појака навреда да каже не сакам да ги читам, ниту да возвраќам. Сепак ситуацијата беше без осет. Поздрав
Ја кога се разминувам на улица со рандом персони, сакам да ми се насмевнат, на пример. Каква е таа некултура, они мене денот ке ми го расипуваат со намрштена фаца. Ме гледаат како полетно одам, млада, убава, како тоа без осмех? Па ако сме поблиску и убав ден може да ми посакаат.
Помагањето кон некого е привилегија и по сопствена волја,не оди по автоматизам те гледам ме гледаш ајде помагај гледаш дека неможам,ако фино лепо ме замоли ке помогнам,ако не нема што јас да дејствувам,така може да бидам погрешно разбрана.
Никој не е должен да помага. Крај краева, спушти една ќеса, затвори телефон, отвори си врата и излези Или истапи на страна, прва да помине Ако сакаме помош и истата да ја добиеме, културно треба прво да замолиме
Каква расправија Бубаче? Ако ти треба помош ќе побараш. Културно е и сам некој да понуди да помогне, но ако не пристапил прв не значи дека мора дрско со човекот да се испонашаме. Доволно е да прашаш.
Копита што ставаат laughing reaction на објави дека жена била силувана и пишуваат дека кучето не мрдало дури кучката не кренела опаш... Е, тоа е еден од најголемите проблеми во вукојебинава. Прво треба еден фин фонд за хемиска кастрација, па после за лоботомија, па останато. Се обидувам да ги сфатам патријархалните ставови и зашто уште сме заглавени во златна Југа, паралелно сум противник на токсичниот феминизам, ама во овој случај, сосема го поддржувам секој погрден епитет упатен кон тие амеби од индивидуи. Боже, ако те има, намали го и тој просек на IQ од 82. Премногу е. Доста им е само да знаат да се прехранат сами.
Уште повеќе се избламирала башка и дрско се испонашала,мислам да беше кралица па не смееш да си дозволиш така да и се обратиш на повозрасна жена.
Државните симболи би требало да служат за полесно распознавање и претставување меѓу народите на Земјава, а не за изградба и одржување на култ!
Си се запнала за работите ко гз за ѓаќи. Немам потреба да се бламирам, каде што гледам дека треба помош не чекам да ми ја побараат туку дејствувам. Треба ли да ме моли некој да му помогнам? Тоа се вика свест за некои нешта. Истото го очекувам од некоја личност, кога стоиш пред мене а јас не можам да отворам врата, застани пред мене и отвори ми, тоа е тоа. А не да стои и да ме гледа, и да реагира од кога ќе ја отворам и задржам со нога, да излезе прва. И можеби сум имала важен повик пред судиш употреби ја логиката. За помош не се моли, се дејствува. Ама ние сме научени да се мољакаме. Јбг.
Урлам СДК Мене ми е безобразно кога ќе влезам дотерана и нашминкана за излегување по цигари во супер маркет а пред мене има на ред некој со полна количка продукти. И не му текнува да ми рече- Повелете госпоѓо ве гледам без корпа сте, не губете време зш јас ќе се задржам. Ќе ви се расипе шминката и фризурата на жешково Што ќе му е тешко па да ми даде ред , за пола минута сум готова .
Мислам не мораше волку голема да се прави... @buba4e89 можеби употреби погрешен збор, можеби мислеше на осет... Јас редовно отварам врата и чекам и трудници, пензионери, мајки со мали деца и колички, луѓе со кеси... Љубезност за која човек не очекува ниту фала. Некогаш една насмевка еден гест е сосема доволен. Затоа мислам дека култура не беше најсоодветен збор бидејќи едноставно некој не применува во каква ситуација е тој пред него, можеби е занесен или замислен, може едноставно не е спретен за брзи реакции. Сеедно. Ситуацијата не го заслужува сето ова внимание. Ќе било фино да и отворела, јас еве би. Спонтано идат овие реакции. Нејзе не и отвориле, она темпераментно можеби изреагирале понесена од ситуацијата која можеби била капка во преполна чаша од слични ситуации и искуства кои ги имала... И тоа е тоа. Нема потреба да палиме оганот за клада и да вадиме од подруми кој што кажал за негово подпалување.
Ни пoстaр, ни трудницa ни инвaлид би тoлерирaлa вaкa дрскo дa ми се oбрaти, не пa некoј здрaв прaв штo телефoни држел вo рaце. Јaс кoгa шетaм си гледaм свoјa рaбoтa, си мислaм кoјзнaе кaде, реткo зјaпaм вo нaрoд пa дa прoценувaм ситуaции дaли нa некoј му требa мoјa пoмoш oсвен aкo не е ептен oчигледнo или ме зaмoли. Тoвaренa сo лaкт oтвaрaм врaтa и туркaм сo нoгa, пa ќе ми се пoнaшa некoј сo тел вo рaце.
Се враќам од маркет, јас во рака само две производи, а пред мене се избаци пенизонерка со цела една преполна количка. Нема да генерализирам сега и да речам дека пензионерите се безобразни, секој се издвојува како единка и не претставува цела една група, туку ја претставува само својата култура и осет. Оти имало и други пензионери кои не ме оставале да чекам 5 минути ако имам само две, три производи. И така, ај што се избори да застане пред мене, па на една познаничка што дојде и се замуабетија, а имаше исто две производи, и` рече: Помини пред мене да не чекаш. Се воздржав да се побунам, и онака не се брзав. Не ми е криво што почекав, криво ми е што има такви луѓе кои притоа велат дека младите не чинеле.
И млади и стари има безобразни. Ама јас нема никогаш да дозволам да се правам на 3 и пол кога некој неправедно ќе се испонаша. Никогаш. Доста се правевме на мутаво да избегнеме кавги. Затоа вакви ги има. Зашто им е дозволено.