Не можам да кажам дека ми се допаѓа речникот за дадената ситуација, ама нема врска, за друго сакав да пишам... СЕРИОЗНО ЛУЃЕВО УШТЕ НЕ ГО СФАТИЛЕ МУАБЕТОТ ЗА ЛИМУЗИНАТА?!?! Го памтам “спорниот” пост и дискусијата што се разврза, али мислев дека им се разјасни поимот лимузина. Да пишам ја дека возам спортски кросовер што ли ќе помислат... хахха
Пред некое време шефицата ми рече дека ќе имала состанок и кога ќе ми титне треба да влезам во просторијата и да и речам: Извините што ве прекинувам, итно ве бараат. Толку беше цела работа. Се ќе беше во ред ако не приметив дека внатре влегоа 15тина непознати луѓе, па анксиозноста ми рипна на највисоко ниво. Да ја бараше некој навистина ок, ама сега мозоков знае дека лажам. Низ глава ми се вртеше дали ќе изгледам природно? Како да изгледам опуштено? Дали ќе ме приметат? Шетам низ ходник, се туфкам, се вежбам како да речам, се препотувам и ете ја...титна... Тропкам, отворам врата и сите се вртат кон мене. Ги гледам нив, ја гледам неа, на лице ми се појави голема насмевка и неколку секунди стоев ко грев на врата. Отворам уста и викам: -Извинете што ве брзам...(непријатана тишина)...Ве прекинувам де...(пак тишина)...Ве бараат да дојдете...(стојам несигурна)...Итно? (зборнав како да ја прашувам, а не да и кажувам). Повторив убаво, се извинив и заминав да си ја акнам главата од ѕид. Муабетот ми е дека порано сакав да бидам актерка, ама ситуацијава и тоа како ми докажа дека не сум тоа. Ако пред 15 луѓе не можев без трема да кажам две реченици, што би правела пред 300 луѓе во театар? Или што ако треба да имам секс во некој филм? Ноу, тенк ју. Ич не ми е криво што не сум тргнала по тие стапки, иако тоа ми беше еден од соновите од детството. Некогаш убаво е да не го следиш сонот
Посакувам да имав можност да ги поправам некои грешки од минатото и да вратам една личност која несвесно ја изгубив. Ах, каде ми беше паметот тогаш. Како што сам можеш да си го уништиш животот, никој друг не може. Ај важно, созреав, извлеков поука, памет за во иднина, да не ги правам истите грешки. А ако ми се укаже некоја можност, во иднина да ги поправам старите грешки, тогаш супер ќе биде. Ќе знам да ја ценам и искористам пружената шанса.
Ребека, сите ти го напишаа истото што то го напиша и @CameliaMiller, но добро. Нејзината реакција ќе ја поздравиш а другите ти се љубоморни, па и двојн и стандарди спомнато на сметка на други. Смешно е да мислиш дека некој ти се закачил затоа што ти завидува. Мислам, кое одделение сме? Кој и да го напишеше ќе беше дочекано на ист начин, само што можеби немаше да се појави некој во одбрана. Никој не спомна ни пари ни лимузини. Се зборуваше за навреди кажани на начин кој не е во ред. Ако ги смири страстите еве после денови од истиот муабет, можеби ќе разбереш. Не се работи за да бидеш допадлива некому, туку е прашање на основна култура.
Конечно можев да се наспиам како човек. Кога бев во Романија не беше лесно да стануваш секое утро во 6h Ми недосатсуваше форумов пошто се немав уклучувано една недела.
Никогаш нема да можам да разберам еден човек,кој е Татко на мојата внука,да не сакаш на сопствено дете да купиш сокче од 20 денари,а имаш плата од 500 евра,да ти е товар да ја прошеташ 1-2 во текот на неделата,да не сакаш да и купиш фустанче од 500 денари,да не сакаш да ја гледаш често,да не сакаш да се радуваш на сопствено дете,да ти се плукнам во човекот,кај ке ги носиш бе парите шугле.Ама има Господ,еден е Господ,па оставам се на него.
https://ako.mk/уште-еден-коњ-колабираше-и-умре-на-улиц/ Нов ден, нова жртва на расипаната семка. Не е битно, нели, пошто не е човек колабиран на улица. Идеме Европо.
Де бе Ливинг, ко од навреди за шалтерушата директ да сум преминала на лимузина, па се сомневаш дали сум токму со паметот. Па цела дискусија имаше, прати малку ситуација. Апропо навредите се објаснив, да не давиме остала публика со истото.
Хелоу Фемина. Лонг тајм ноу си. Всушност и не беше така лонг тајм откако последно пишав, но дефинитвно предолго време мина откако бев зачленета и пишував на една инспиративна Фемина. Имаше една тема, Сакам да кажам. Убава беше, различна, креативна, полна со живот. Пулсираше со уникатност. Толку многу жива што секое утро со мерак ја отворав и си вдишував доза ведрина, понекогаш љубопитност, друг пат желба за дискусија, трет пат љубов, а четвртиот се смеев на глас и од срце. Се сеќавам дека на почетокот и само во неа пишував и само таму читав. И баш си мислев сите се фини луѓе на форумов. Да. Фини времиња. Вчера, читајќи ги последниве десетина страници беше како некој да ме удрил со чекан по глава и ме разбудил од илузијата, сонот, халуцинацијата или што и да беше што ми создаваше таква лажна претстава. Ауч! Што да се каже што веќе не е кажано. Всушност проблемот не е во кажувањето, проблемот е во тоа што нема кој да го слушне (прочита) кажаното. Слушаме само она што сакаме, читаме само за да одговориме, осудуваме повеќе отколку што се преиспитуваме, говориме прегласно за туѓите недостатоци, а слепи и глуви сме за да ги воочиме и слушнеме за сопствените. Се оградуваме од неправедноста, а секојдневно ја спроведуваме на дело. Еден магичен круг во кој сите ги забележуваме туѓите недоделканости, а сопствените не. И после народот е лош. Епа ние сме народот. Биди промената која сакаш да ја видиш во другите. Се почнува од себе. Да бидеме подобри. За себе, за саканите, за пријателите па и за оние со кои не можеме да најдеме ништо заедничко. И денес баш посакувам да ја отворев темава и повторно да беше онаа инспиративната СДК. Но бидејќи се почнува од себе, денес дојдов да споделам нешто кое според мене е за особено воодушевување и почит. Повелете, прочитајте за храброста и мотивацијата на дечково за секојдневно издигнување над сѐ што го кочи. Над сѐ што нѐ руши. https://medium.com/@petkoskibrane/h...ed-my-path-its-okay-to-be-scared-bfff345dbf08 Happy Monday
СДК , ми се патува за New York со желба на улиците да го сретнам човеков Ваква позитивно откачена личност ми фали у животот #QSQUAD п.с ми фали позитивна енергија, зш мојава ми ја цицаат ко вампири, па не можам да си задржам за мене
Секој ден излегуваат вести дека коњи умираат по улица. И со свои очи пред некоја година гледав како измачуваат коњ. Мислам и овде имав пишано. Копитата му се лизнаа по жешкиот асфалт, не можеше да се исправи од товар и дехидрираност, а двајца цигани го удираа со јаже по грб. Еден човек им се развика, ама џабе. По некој саат прочитав кај Соборна се онесвесил коњ...Баш тука ги видов...Истите монструми беа на слика. После некој период видов мало куче со пресечена нога оставено покрај река да умира. Колку треба да си болен психопат за тоа да го направиш? Дали е можно толку многу човечки ум да забега? Ни лаеше, ни се движеше, туку стоеше со наведната глава и се тресеше. Кој знае кои монструми се изживувале. За огромна среќа однесено е на ветеринар и спасено. Сега има 3 нозе, ама барем е живо и згрижено кај луѓе кои секој ден му покажуваат колку го сакаат. Ко за сопствено куче ме здоболе и го исплакав. Еј монструми кои и да сте, џабе воздух трошите. Ѓубрето по улица е повредно од вас.
Предходниов период имав прилика да бидам дел од некои прослави, родендени, веридби и сл, па...си го поставувам прашањето, дали постои нешто посељачко и по некултурно од влегување во нечиј дом со патики, кондури, штикли што ти знам???! Секој човек треба да биде свесен за самиот себе, колку некој и да инсистира не би влегла во нечиј дом со штикли или патики, малце осет треба да се има, сето ова страшно ми е, како некои луѓе или немаат осет за основна култура или така им одговара, дно!
Разликата во она "веќе ништо не очекувам од никого" и од "повеќе немам никакви очекувања" лежи во пасив агресив формата дека тоа НИКОГО се однесува баш на некого на кого тоа му се кажува. Ебате беља.
Некогаш порано, 18 годишната Камелија, ќе плачеше на неправдина. Ќе им објаснуваше. Ќе наоѓаше разни стручни лица, испитувања, докази. Зошто... мразеше простотилок. Мразеше површност. Мразеше луѓе кои конформираат без да размислат со своја глава. 28 годишна Камелија. Мрази површност. Мрази простодушност. Мрази малограѓанштина. Мрази конформизам без критика. Ама почесто затвора едно око. Не оти сега мисли повисоко за истиве. Туку сфати дека нема поента. Ограничените ќе останат ограничени. Со сила никому ништо не можеш да дадеш. Иста Камелија сум. Само попаметна. Повеќе милост имам за својата душа. За својот разум. На крајот... и онака сме клет народ. Не ние, сите на ова поднебје. За нас надеж и оправка нема. Колективно страдаме од сами себе. Таа малодушност ќе не' убие. Не паднатиот наталитет. Да родиш дете и да го пуштиш да живее со оваа гнаса народ... храброст е тоа. Џабе ќе го научиш на добро... нема добро да види. Се' е отидено во неповрат. И не сме заслужиле подобро. Такви малодушни какви што сме, не заслужуваме да постоиме.