Имаше една порака и вели: Мажот сака секс секој ден се додека не најде жена која сака секс секој ден Спојлер дали сум јас таа жена?Секако
Денес ја дознав најубавата вест, сеуште сум во шок. Ќе станам мама. ПО ТРЕТ ПАТ Уште еден член во нашето семејство, уште едно детенце, ангелче. Уште едни тешки и напорни 9 месеци, но вреди. Ова е неверојатна среќа за сите нас Покрај две ќерки, супер ќе ни дојде еден батко сега. Греота ќе биде тато со 4 жени дома. Се ближиме до нашата цел, 4 деца Време е за славење
После србофоб Не, сељачофоб сум. Џизс. https://www.facebook.com/MuzikaSaBalkanaa/videos/336917110534013/
Глеав нешто концерт ќе имал низ Скопјево. Па ме прашаа прееска, како не сум го знаела, или имал концерт. Невермајнд.
Oвa oд лaни нели е, или стaндaрд секoјa гoдинa oрo се врти А дa oдеше вo пoзaдинa некoјa пoп песнa и нaместo oрo дa се мaвaa сo пенa ќе беше кул, вaкa сељaци a? Уште еднo свинче нa рaжен фaли нa плaжaтa
^На камај пред некој ден гледав видео на плажа во Неи Пори го играат ситното или пајдушкото, whatever, се усрамив преку монитор. Ужас. Бај д веј, секогаш кога не носеа на екскурзија од училиште на паузите ора се вртеа околу автобус...
Ако е бич бар, бич кафана... пеки. Вака шо сака нека е... сељачизам. Јас немам видено рандом лик да влезе у вода и да микса, сега ако некој друг видел...
Си симнав една апликација која го дава небото со сите ѕвезди, соѕвездија и планети во реално време. Навечер на ведро небо можеш да ја отвориш и да следиш што каде се наоѓа. Денес ја најдов планетата Јупитер и соѕвездието Scorpius. Абе колку се израдував, ко којзнае што да беше. Ама ете, мене многу убаво ми дојде на душава. Се гордеам со таа моја карактеристика да пронаоѓам среќа, да се радувам на малите работи. Старото друштво порано знаеше да ми се потсмева и да ме прави мрдната кога шетавме навечер и јас го гледав ноќното небо зборувајќи за некое соѕвездие и дека премногу сум се фасцинирала за нешто небитно. Но нека бидам мрдната, со вистинска личност која дели љубов за ноќното небо би останала и цела вечер истражувајќи го небото и дебатирајќи за тие светли точкички и општо за универзумот. Тоа ми е една од пасиите, се фасцинирам кога ќе помислам колку всушност ние сме премали, незамисливо мали, некаде во море од бесконечност.