Star Walk 2. На playstore. Многу е интересна. П.С.: Има доста реклами, така да најубаво е кога ја користиш да го исклучиш интернетот да не се појавуваат.
Земав да разлистам од рандом страна што се дешава. Воајер првокласен сум, знам. Не кријам. Се самопрогласувам за првокласен зашто сум мањала екс-понзнанства преку партнерски социјални мрежи, на пример. Многу сум неподнослива ако ме заинтересира нешто. Ситни часови. ГО. Не ме задоволуваше другата СДК па ми се посака да се пробам тука. Годишен одмор, пак ќе речам. Дали тоа јас сум само носталгична или се подопраила темава? Нешто на два умови сум цело време. Де ми се арни мауебтите , де рипам.. Или јас сум станала потолерантна? Се замислив, колку сум сменета боже господе. Се осеќам пораснато. Ме изнатрескале од земја на многу полиња и тоа од различни аспекти, ме шамарале, ме милувале па шамарале... па ваљда имам право да се осеќам пораснато. Тоа се тие мудри мисли на полноќ. Како и да е, превртената бубачка увек ќе ми е подморница! Ваша М,
@macencef читам и стално ги забележувам твоите мислења.Мислам дека треба да се обидеш да го гледаш животот и од светлата страна колку и да е тешко.Црните мисли те потиснуваат.
Многу ми е криво на сабајле кога од брзање нема да си го допијам кафето и кога ќе се вратам од работа гледам шолја со кафе полна до пола. Извини кафе.
Јас Ванзин, со фул позитивна енергија денес, сакам да ви кажам нешто. Среќна сум. Сама со себе, чувствувајќи се прекрасно во своја кожа, се сакам. Се сакам себеси и искрена сум со себеси. Денес се е позитивно,моментално поминувам време сама со себе и баш уживам. Слушам музика, различни жанрови и пак ќе кажам, уживам. Ако решиш среќата да не ти зависи од никој, ако се осеќаш доволно вреден и да не дозволиш да те нервираат ситници, ако ги тргнеш и ги игнорираш луѓето кои се со мала интелегенција и не заслужуваат твој поглед, а камо внимание, тогаш БРАВО. Имаш мир и ти си победник. Мир во душата во ова денешно време е преголемо достигнување. Ве гушкам
Јас сакам да кажам дека им напишав писма на сите мои блиски и им кажав се што чувствувам.Сега сум многу по среќна и мислам дека секој треба тоа да го прави.
Болна неколку дена. Еден ден се осеќаш подобро и почнуваш да правиш планови за дента: "ќе зготвам ручек, ќе усисам и избришам прашина, ќе избришам прозорци, ќе искречам, ќе реновирам цел стан, ќе трчам на кеј, ќе најдам ново хоби, ќе возам точак до врв на Водно, ќе се симнам пешки, ќе запишам уште еден факултет, ќе најдам уште една работа, ама прво да си сварам чај." Стануваш, одиш до кујна, почнуваш тешко да дишеш, не можеш да дочекаш да зоврие водата, гасиш рингла и паѓаш на првото меко нешто во близина. Ок, ќе си полежам уште некој ден.
Вино, најдобра другарка, апетисани, наташа беквалац у позадина (ни ја не знам како, си врти на лаптоп) и долги разговори. Фала ти што испадна од мојот живот и ме натера да сфатам колку вредам, сега си само уште еден во низата на неуспешни љубови. А јас испаднав со научена лекција и најважно од се, фала ти што ми ги отвори очите за тоа што се носи животот.
СДК , стварно не го можам топлово време, аман , значи не можам да поднесам топло. Сабајлево се чув со сестра ми и цело време се жалам дека ми пречат овие високи температури, ме напнува времето, ме иритира, накурчена сум , а она пак со тоа нејзиното : а до пред 3 години како успеа долг период да живееш у пустина, па ништо не ти беше , бла бла бла Море систер, на млади години се издржува се, а сега пошто се осеќам ко 40 годишна , ми пречи и време и некои други ситници ми смета и климата да ми дува, ме болат синусите , па пијам апчиња за синуси, досадна сум и на жената од аптеката, аман Уфффф, се што е температура над 20 степени , не можам да поднесам, жими се најмило.....јесте дека сум со низок притисок, ама не можам бе , ми се лоши Еве го сега 31, се очекува пак да накачи 37 степени маме му јебем. Едит: на фејсбук ми се појави во мемории , на денешен ден сум била во Монтриал во Канада Ахх бе , златна Канада, ми фали
Среќа е да имаш добро платена работа Среќа е да си во среќен брак. Среќа е да имаш деца. Среќа е да се заљубиш. Среќа е некој да ти каже дека те сака. Среќа е да имаш пријатели. Среќа е да... Дали е ова точно? -Не. Зошто? Затоа што не секој ќе избере добро платена работа,некој ќе избере хоби. Затоа што не секој сака да е во брак. Затоа што не секој сака да има деца. Затоа што некој не сака да се заљуби. Затоа што не го сакаш тој што ти вели дека те сака. Затоа што сакаш да бидеш сам. Затоа што среќата не е она што е среќно за другите.Затоа што среќата не е иста за сите. Затоа што среќата е тоа што ти го посакуваш.И ако твојот поим за среќа не се вклопува во рамките на другите не грижи се.Затоа што среќата не е опцијата на другите.Среќата е твој избор. Среќата си ти.
Сакам да кажам или сакам да прашам Каде се купува "карактер"? Значи ми се здосади да бидам добра со сите да бидам тука за секој и секого , а кога мене ми е потребен некој немаа никој ...! Сакам сите на игноре да ги ставам , да се исклучам од светов , па кој и да ме побара да не бидам достапна бришам месенџер , бришам вајберот ,маа бришам све и од социјалниве мрежи па и од животов!! Луџиштава се никакви !!!
Една школска, која им се пушташе на сите машки во клас и им го покажуваше деколтето, навредуваше наставнци, една другарка ја нарекуваше к*рва, двете беа исти. Некогаш знаеше да нападне послаби ученици и им се потсмеваше. Денес, таа истата се жали како син и го напаѓале постари ученици. Сакам да кажам, тркало е животот. Жално за детето, се надевам ќе најдат начин да средат работа.
Јас не ги сваќам жениве што оправдуваат насилство над жената.Не ги сваќам они жени кои ќе кажат дека заслужила што ја силувале оти сама си го барала.Не ги сваќам оние кои велат дека мажот е посилен и дека треба да го прифатиме тоа.Ниту тие кои друга жена (само затоа што излегна со повеќе мажи)ја нарекуваат курва.Ниту тие кои велат:Научи се да готвиш инаку мажот ќе те фрли пред врата.Доста веќе.Доста се бориме една против друга наместо заедно да се избориме за еднаквоста.Кога ќе престанеме сами да си ги фраскаме стереотопите на ова општество.Јас сум жена и сум посилна од сите вас мажи.Нема да дозволам да ме ограничувате.Нема да бидам домакинка нема да бидам мајка.Нема да бидам ништо што не сакам.Нема да се омажам и што? Ќе ме оговарате мислите дека ми е гајле? Зошто не ми е.Јас ќе го создадам својот живот и ако сакам некогаш да бидам мајка,жена или домаќинка ќе бидам затоа што сакам а не затоа што мора да бидам.
Пак имав погрешно мислење за зборот газда, шеф, менаџер. Ново работно место, барем се позрели. Што им е тешко да кажат еден убав, фин збор за мотивација на работникот. Не парична награда. Веќе ми се смешни оние самосебе полни газди, кои се однесуваат од типот : Ајде, ако не ти е тешко те молам подади ми ова и ова Па типично клепање со очите и глас што се појачува, демек као јас покажувам авторитет. Па зборување и вртење в канцеларија, околу вработените и зборување на мобилен, па тегнење на гласот. Боже, Боже. Ех, македонски газди, џабе ви се сите години искуство ако не знаете да го цените вработениот. И рековме НЕ СЕКОЈ го бива за тоа. Секоја чест, на оние кои се грижат за своите вработени како за себеси. Keep going!