Ова Почит за сите херои од секојдневието што се избориле со некаков тежок проблем - здравствен, финансиски, дискриминација од било кој вид, излегле од токсична средина итн., и потоа во било колкава мера придонеле да им се даде глас на оние што сѐ уште се борат со истото...
Минута молчење за сите напишани мислења и заборавени да ги објавам. И моментот кога велам: Ќе се вратам овде да ги дочитам останатите мислења, ама отварам нови и после отишле во неповрат.
Каде живееме ние? За што се сме се бореле годиниве? Денес има утре нема ништо..исчезнува .Има падови и лоши случки низ животот Но нереални и незамисливи стресови те туркаат во темнина
Го сакам овој мир и спикој во недела наутро кога е уште тишина и слабо раздвижено и утринсково кафе ми е право уживање
Една мала пукнатина не значи дека сте скршени, туку дека сте го положиле испитот и не сте се распаднале.
Како што старееме, сè почесто чувствуваме жал за пропуштеното. Во животот треба да се верува во себе, да се ризикува, да се трага по среќата, да се учи од искуството, да се почитуваат сеќавањата и да се спознае дека секој чекор е важен. Но најважно од сè, треба да се одважиме да ги направиме тие чекори. Животот е прекраток за да се помине во чекање. Секој ден е нова прилика да се променат нештата. Секое големо достигнување почнува со одлука за започнување. Верувајте во оној внатрешен глас, кој опоменува: „што би било кога би...“, и направете го тоа. Дајте си себе фер шанса. Ќе бидете изненадени колку често она „што би било кога...“, навистина успева. И не, не сте обврзани секогаш да успеете. Но, обврзани сте да продолжите со обидите, дајте сè од себе секој ден – и секој ден ќе ви биде подобар од претодниот ден.
Во разговор со една личност кога реков дека можеби нема да имам деца бидејќи не сакам, нејзиниот одговор беше А што ако почине маж ти, сама ли ќе останеш? со блага насмевка на лицето... Подзамолчев и ми дојде едно грдо чувство, буквално го замислив тоа и себе во таква ситуација. Мислам океј, кога некој ќе ви каже нешто, не мора да го премислувате баш со морбидни хипотетички ситуации.
Сепак не издржав и си купив тетраткаЌе видиме што ќе пишуваме во неа. Спојлер секогаш си ги исполнувам сопствените желби
Знам, и јас го мислам истото. Поентата ми беше дека некој така лесно и со насмевка ми збори за хипотетичка смрт на за некого сакан човек како да е тоа толку едноставно. Како да кога ќе се омажам да му речам на него - Сакам да имаме дечиња за тебе ако те снема, да не бидам сама. Ако имам деца, ќе ги имам од други причини, не да помислувам дека еден ден ќе останам без партнерот па тие да ми се подршка. Може се' да се случи во иднина, знам. Ама безосетно е на некого да му претставуваш ситуација на смрт на близок туку така.
А мене што ми рекоа како сум се осудувала после 30 да сакам деца да имам, што ако сум имала проблем да зачнам. Алал да им е на некои луѓе како негативно се гледаат и одма на неубави работи мислат.
Еве уште еден бисер што видов. Смешно било жената по цел ден да работи низ дома, ама мажот битно стрплив бил.
Душа да те заболи од ... "Хуморов". Сакам да кажам дека прв пат сум толку самоуверена за факултет и прам планој со сигурност и не се плашам да излезам од комфорт зона. Прв пат хормони и ме ебат ама не доволно. Кул кул кул кул