Цел ден сум во никакво расположение. Вчера се испонашав курвински пред една колешка од работа, 38 годишна многу фина тазе мажена жена. Она цело време се покажала фер, што и да ја прашам, никогаш не ми врти грб, некогаш знам да бидам досадна и за една иста работа 10 пати да ја прашам , а она пак има трпение од почеток да ми објасни како беше и како треба. Не знам што ми стана вчера, толку арогантно , копиљско понашање од моја страна како она да ми е крива. Она денес не дојде на работа, а сакав да и се извинам за вчера оти вчера Херера отера у курац погрешна личност и си замина без никакво извинување. Браво Хереро курвиче едно скапано , за ќотек си Пред малку и пишав порака со извинување и фино лепо си се изнаплакав. Еј, значи има моменти кога сама не можам да се трпам. Ви посакувам убав викенд на сите, а ти Хереро гледај друг пат да не ти се повтори тоа од вчера, не ти беше она крива, како ќе ја погледнеш во очи ко ќе се врати на работа жената , а курво една ? Мрш, те мразам
Сдк дека реално животот е многу краток..нема вечно да сме на планетава времето несвесно, но си поминува бргу...додека се завртиш ете ги 30 години оп додека трепнеш еве ги 40 оп додека сватиш некои раб ете ги 50 и.т.н но кога ке се свртите назад што сте поминале? и оп не снемува од планетава ни слушаме ни гледаме ни дишиме ни се смееме....ништо....
Инспирирана од програмите за диети и фитнес програми, како и времето за постигнување на резултатите сакам да кажам да не ги следете слепо. Прво, наместо диети одреден период, брзо намалување на килограмите и повторно враќање подобро е да почнете да се одвикнувате од нездравите навики и постепено да преминете не на диета туку на здрава храна. Исто така, слушајте го вашиот организам. Ако ви вели дека има потреба од храна, не пијте само вода затоа што ви е ден за вода, ако има потреба од јагленихидрати, задоволете ги потребностите. Истото се однесува и до вежбањето, не се преоптеретувајте претерано, кога веќе не можете-престанете. Второ, не се потпирајте на рокот за постигнување на резултатите. Причините за тоа се бидејќи секој од нас е различен, имаме различен метаболизам, различно поднесуваме диети или тренинг, различен интензитет на вежбање итн. А ако за тој период не ги видете резултатите се демотивирате и откажувате. Зошто го пишувам оваа? Затоа што бев и јас таква. Секаде читав дека резултатите ќе ги забележам после 2-3 месеци, гледав слики пред и потоа до период меѓу нив неколку месеци и се разочарував, затоа што јас не сум постигнала ништо. Многу пати се откажував, но не и овој. Да, ми требаше многу повеќе време но сепак стигнав до резултати. Искрено се надевам дека моето искуство може да им помогне и на другите.
На ова би додала дека и токму претераното фокусирање на таквата цел може да има контра резултати. Мислам на тоа да ти е опсесија вежбањето и исхраната. Секако треба да останеш фокусиран, но не и да се опседнуваш и да станеш орторексичен. Вежбањето да ви е една навика во денот а исхраната исто така, нешто најобично, секојдневно. И информирање е едно, а детализирање е друго. Ако е некој стручен за таа област е во ред. Ама ако не е, не е тешко со основни информации околу исхрана и вежбање да ослаби. Јас средно бев крупна. Во 4та многу се здебелив и почнав со пилатес. И иако се препотував од вежбање резултати немаше, напротив, се дебелеев многу. После неколку месеци одење, престанав да одам. Па без да бидам свесна всушност сум го намалила благото, брзата храна. Не си поставив цел туку онака, случајност. За после некаде 6 месеци кога наоѓам слика од средно кога бев најдебела и не ми се веруваше дека тоа сум била јас. Сум ослабнала случајно, без да се опседнувам и да се оптеретувам и да се гледам секојдневно. Е токму сега пак затоа ми е тешко да го ослабам тоа шо остана, оти само се секирам и гледам до кај е.
Преска со другар седнавме на едно пиво после работа. Дојде и некој негов колега. И другаров го прашува колегата негов како ејј се породи сега женати како е она бебето ова она. И овој му вика ,,Абе како брат. Лудница. Бебето вришти пишти не се спие дома. А женава брат, незнам, се здебели 6 кила во бременост, стрии на стомак има, некако одбивна ми е веќе, грда" Јас се запрепастив. Како може така да збори бе? Бебето плачело на живци му одело. Бебе е нормално е да плаче, ако ти го земеш во раце го понишкаш, го поиграш ќе се смири. Жената не му била убава. Како бре човече? И мојата жена пред два месеца се породи, па сега ми е поубава од кога било. Тие плус кила и стрии треба да ги гледа како симбол од бременоста, моќта на жената, што се трпела тие девет месеци а не како грдотија. Наместо да отиде дома крај неа, да ја погали и да се вљуби во секоја облина он мисли на друга некоја да бара. Вол еден, ни жената ни детето ги нејќе а фраер некој се прави. Му се јавува женаму на телефон после му вика ајде каде си доаѓај. Он кога почна да и се дере по телефон. Ти ли ќе ми кажеш да си доаѓам мори, оди чисти таму. Напрај ли ручек? Немој пак да си се курчела ко пред некој ден. Изгаси. После вика оваа пред некој ден си доаѓам од работа ручек не направила. Јас ринтам цел ден она дома седи и не стигнала, кучка една. А ти бе неможеш сам да зготвиш нешто? Круната ќе ти падне? Жената со детето цел ден, дома средува ова она ручек немало и ќе ја тепаш сега? Идиот! Простак! Како ме изнервира, притисокот ми го крена. Му се пуштив и ја после му викам како бе така па што е жената? Уште ќе му викав, ќе го отерав кај што му е местото ама морав да одам брзо. Кретен. Греота жената и детето, ги жалам. Уште колку вакви луѓе има во светов? Уште колку? Уште колку будали ќе сретнам? Ми се гади. Кога ќе им дојде памет?
Кога сме кај музиката... Новата музика ме разочарува. Ретко ми се допаѓа некоја нова песна, многу ретко. Ме фаќа носталгија за хитовите од 2000 до 2010 некаде (си ги викам хитови од мојата младост). Ужасни се новиве "хитови", не можам да ги дослушам до крај, а не па да ги ставам во плејлиста. Ми фалат Кристина Агилера, Бритни, Linkin Park, HIM
Посакувам некој во овој живот да пишува за мене како што @Ostaveniot ,@Billy Idol и @Tokyo. пишуваат за оние кои ги сакаат позз и чао.
Mislev ke imam premnogu radosti so trgnuvanjeto na sin mi vo uciliste, no premnogu razocaruvacki ni se ucilisnite ustanovi i licnostite koi rakovodat so niv. Strasno, prakas dete na uciliste, a go sobiras na pola pat od doma, SAMO. Em razocarana, em besna. Kade toa nie ziveeme....
Феминизам Комунизам Фундаментализам Радикализам Капитализам Тероризам .... ....?? ..?? Стварно не знам, зошто едно те исти методи се користат во сите овие идеологии, а тоа се: „направи така и така, затоа што така треба!“
СДК дека има посебна тема за феминизам. Ве молам оставете простор и ние другите да си се искажеме за нешто во темава.
Заглавив на Сем Смит и новата му песна. Значи колку е прејака оваа детабуизирана естетика на машки танц! Се вљубив и уживам. Песната е сјајна, видеото уште повеќе.
Не можам,е стварно не можам да поверува во кој век живееме во кој свет живееме. Ќе се состанувале во Бугарија да одлучат за Гоце Делчев абе ќе умрам. Јас ли да одлучам дали бил Македонец или Бугарин? Или некој од сегашно време ќе расправа? Дали е тема на муабет?? Е стварно не можам. Од маки ќе стане од гроб и ќе им каже.
На форумов многу судиме, многу остро критикуваме, заземаме страни и забавуваме читатели со жестоки дебати. Но, во суштина... никој во целост не знае кој низ што поминува и како се чувствува вистински, во моментот и какво бреме носи, колку рани има неизлекувани и колку лузни истетовирани. Човекот има широк спектар на можности, а човечкиот избор дефинитивно се сведува на изобилие од контрасти и избори. Она што сѐ очекува од нас, како претставители на човечкиот род, покрај другото, е имањето емпатија и сочувствувањето со другите. И ако денес имам избор да не му го сје*ам денот на овој до мене, да ја изберам таа опција. Да си олеснуваме што повеќе, затоа што животов не е баш лесен предизвик. Затоа и не се нафаќаме по своја волја. Вредат сите болки, сите задушени плачки во перница, сите незаздравени рани. Затоа што без нив, обичното бесконечно небо, би било само небо. А, после болка - небото е виножито со безброј еднорози.
Без разлика колку е часот, не треба да се шетаат миленици под прозор на зграда. Некој спие, па и шушкање на лисјата им смета. Боже, Боже помислив дека некој крадец е.
Сакам да кажам дека не е оправдување да прајме нешто лошо зошто некој друг го прај. Пример, крадење, било каков вид на насилство и сл. Оправдање не е "ама Јонче силоваше жена шо значи е океј јас да силовам маж", или пак "Петре ми ограби продавницата шо значи е океј и јас да напрам истото". Така ви ја сфаќам тековната дискусија погоре. Така сфаќав кога оправдувавте крадење кај есдеес само зашо вемеро пред нив краделе. Ја сакам жената и ќе ја поттикувам да се истакни, да докажи дека можи чисто зошто е жена и многу често е општествено прифатливо дека треба та да е родителот кој седи со детето, партнерот кој чисти дома, а другиот само помага итн. Ама, то не значи дека во мои очи мажот е помалку битен. Напротив, јас гледам на нив како на човечки суштества кои се еднакви. И нивните силовања се вистински. И нивната депресија е вистинска. И нивните чувства се вистински. И во двете категории гледам луѓе со приказна, болка. Да, статистички мажите се силувачи. И да, бегам дома on alert, илимногу често, дечко ми од машки пол или моите другари од машки пол ме испраќаат особено ако е некој празник или викенд кога има голем број на пијани. И им вервам оти ги знам со години. До сега ми се чини со грешно око ме немат видено. И ако нив нешто им се случи нема да речам дека заслужиле оти идат од силувачкиот пол. Нема да прекинам да го задоволвам дечко ми зошто го сакам. Секс, љубов, заемно задоволство е. И јас сум среќна ко ќе е тој среќен и задоволен. Ми има кажано дека и тој е среќен кога јас сум среќна и задоволна. И неговата "алатка за силување" Можеше да ме силова година и пол- две дур ми беше страв од секс, ама... Чоек е, не секое говедо кое троши воздух и не, нема да го клам во иста категорија дечко ми со сите силувачи и насилници зошто и во лош ден на мрава не гази. Се ова шо се збора е дискриминација. Неќам зошто сум жена да ми велат дека сум за в кујна и дека ме бива само за климање со глава и некои "женски" Професии. И од таму, навреда е сите мажи да се стават како насилници и силувачи зошто не се сите. Голем број, ама не сите. Ко шо ми гледа од сите можни теми на кои можев да работам дипломска, се одлучив. П.с. пишев од таблет и не се навраќам да поправам грешки. Можи да има споени реченици и мешани зборови ама ко ќе поправам полошо ми меша ама морав да пишам. Сори Фала за присуствувавте на мојот TEDtalk.