Имам забележано дека денешниве тинејџери зборуваат пола македонски, пола англиски. За пофалба е да знаеш англиски да зборуваш течно, особено чисто како да ти е мајчин, но загрижувачки е дека нашиов ни јазик не си го почитуваме. Не знам дали само мене ми пречи, но често кога се враќам од работа се враќаат и тинејџери од школо и не можам да ги слушам! Знаете како зборуваат... Man, this fuckung sucks! Ме испрашуваше цел материјал, I didn't have a fucking clue, seriously мора да седнам да учам, мајка ми ќе ме убие, arrgh what a fucking nightmare, dude! ... 50 пати превртев очи. Добро знаеме сите да употребиме англиска фраза, just for fun, али ова е претеризам бре, не сме во Индија!
Да се надополнам на постот на @Matotheja Пола од " странците" со кои сум во контакт кога ќе се вратат од странство упорно зборуваат на германски или италјански. Не знам што се обидуваат ама звучи глупаво кога во своја држава упорно "парлаш" туѓ јазик. Инаку сдк, денес и вчера прекинав долгогодишни пријателства, не затоа што сакав туку затоа што морав. Морам да преќинам и други контакти, само што доколку продолжам да го чистам ѓубрето од мојот живот и скроз ќе се затворам и изолирам а тоа воопшто не го сакам. Но на крајот на краиштата секој ќе се научи како со мене да се однесува доколку ме сакаат во нивниот живот.
Кои сме тоа НИЕ? Јас никому не сум напишал навредлива порака, а ако ти напишал некој, слободно пријави го кај модератори. Погорната порака што ја напиша членката не беше воопшто навредлива. И аман веќе од ова Ние-Вие. Ми се стемнува кога ќе прочитам овакво генерализирање и плукање по се што е машко на форумов. И јас денес добив слична како нејзината порака од нова членка и ај сеа да земам да плукам по се што е женско?
Кога сме веќе кај невкусните пораки во дм, пред неполн месец добив понуда да го задоволам фетишот на некој што се пали на пети на ногата , па сакал да лиже, се згрозив.
Вие - оние кои сметате дека е океј нов член со кој девојката немала ниту некаква дискусија на некоја тема туку пишала две мислења во тема секс или интимни прашања и сега типот ја прашува дали сака да се запознаат. Мене ми иницира помисла на некој што си е дојден да брка девојки по форум, а тебе ако тоа ти е нормално тогаш стварно не знам што да ти речам. Друго, со тоа Вие ги генерализирам тие кои мислат дека поракава на типов е океј (меѓу кои си и ти колку што сфатив). А секако дека сум сретнала и сосем океј момци на форумов и еве не гледам некој од нив да се пронајде неповикан и да се навреди од ,,генерализацијата". Ах да, и ќе те молам да не се обидуваш да докажеш дека бројот на напалени девојки кои пишуваат во лп е ист со оној на момци. И да, слободно можеш да ги генерализираш таквите девојки и јас апсолутно нема да се најдам навредена затоа што знам дека не припаѓам во таа категорија.
Леле колку убав стојат обетките на некоја девојка.Посебно некои впечатливи и уникатни.Но погодете кој неможе да носи затоа што нема дупнати уши.Да точен одговор. Си ги дупнав еднаш и мислам дека не ми беа како што треба зараснати а јас ги извадив и пробав да ставам други тоа испадна лошо ги извадив и повеќе не ставив но сега ме фаќа некако мерак пак да пробам.
Да, да, само не се сеќавам кога ми пиша, пред неполн месец. Вака идеше, најпрвин ми се претстави како женско со проблем што сум мислела за тоа да го задоволи партнерот со фут фетишот, откако одговорив љубезно, ми кажа дека е всушност машко и дека ќе ми плати колку сакам за да му исполнам желбата. Среќа, го ставив на игнор, откако ме напна апла, му ги блокирав пораките и толку беше
Му треба помош на ликот, чим така ти се обратил на полошо оди. Изгледа поради аватарот те одбрал тебе. На форумов има негови мислења од далечната 2011.
Едно кажува ама после тоа друго прави после два-три дена. Се претставува тука како едно а после три дена одма влегува во друга улога.
СДК имаме и пристојни момци на феминава, онака општ муабет за животот сум терала со @RAF Camora , @Petar80 , @Роберт 7 ... Сега тие ми дојдоа на ум, не дека од овие од другата група-"первезњаци" не сум имала недолични пораки, сум имала ама секогаш добиле блок и игнор А за темата за нас транзитните, шу праиме? Лол