Вечерва го читам Буковски и неговите поеми. Поексплицитен чоек неам читано. Некои песни му се безвезе а некои мајсторски. Имајќи во предвид дека бил коцкар, пијаница и одел по проституки, мислам дека ептен заслужува слава човекот со поезијава.
Коментира Калина Коси на фб за некоја што дала 3000 за омбре без око да и трепне. Е арно ама, за книги не и се давало, па ајде сега да ја ругаме неписмена била. Слично на цитатон од Игор Џамбазов за книгата и гаќите, кој претпоставувам дека Игор ама баш никогаш не го кажал. Вришти зајадливост на сите страни. Ниту нечија скапа фризура ти влијае тебе во животот твој, ниту дали е писмен или не е. Ама да се искоментира и да му се придржи гајлето на некој друг, пошто не можи сам да си го докрепи. Инаку, еве не има многу книги што читаме чисто од хоби, па не ни носат леб дома. Ова веќе се знае, да си потврдам јас.
Зошто да си оди? Не е ни манијак,ни первезен.Си кажува свои мислења. Ако сметаат машките,речете им и на @John Snow , @Billy Idol, @Ketchup и останатите машки членови да си одат бидејќи и споменативе имаат спротивни мислења за некои теми од нас женските. Еве,мене лично не ми се допаѓаат некои мислења на Џони и остро му контрирав/контрирам,но не сакам да си оди затоа што тој има право на свои мислења,право дадено од Уставот и кон тоа имам почит.
@MarigoldA а можда типката има kindle или зема книги од библиотека. Двеве опции се далеку поисплатливи. Од финансиски аспект, јас пример, не можам да купам толку, колку што можам да прочитам. А и зошто да собирам книги дома кои ги читам по еднаш? Во периодот кога читав активно, читав по 7-8 книги месечно. Тоа се многу пари за полици. Јас ги вложувам во други нешта. Може типката исто. Многу луѓе си имаат проблем со туѓи финансии. Зошто?
Не она е истиот профил,ама едниот и е машки,а дргуиот и е женски.Е сеа дали е машко или женско од истите два,тоа е знак прашалник.
И воопшто да не чита, не е проблем. Барем не на некој друг. Ама тие 3000 што ги дала на фризер, други луѓе не можат да спијат, сон не ги фаќа, чиниш од нивен џеб зела за фризура, па ајде фалинки ќе и бараме. Сличен малограѓански муабет е "Од каде на неа толку пари, а во Мк живеј, сигурно некој ја финансира". Комплекс е. Некој може да си дозволи нешто што јас не можам, па ајде да го омаловажам за подобро јас да се осеќам. Ова со книги муабетов можи не е толку груб, ама суштината иста е. Дотичната не и е првпат, еднаш сличен муабет со некоја со долги вештачки што купувала книга во книжара и се побунила околу цена, и цел муабет во стил за нокти имала, за книга не. Сериозно бе, што бара жена со вештачки нокти в книжара? Нека ој таму, нека ги слика за на инста. Ниту поента, ниту логика има муабетов, ама ај. А има и луѓе што не читаат, а се паметни. Информации апсорбираат на поинакви начини, следат документарци, политика и економија пратат општо низ светов што се дешава и информирани се на повеќе теми, можат за се и сешто муабет да ти направат, освен за малограѓанштини од типот кој на што ги троши своите пари и на кои трошоци им дава приоритет.
@Alisa22 Јас сум женско и овој профил ми е единствен. Не го познавам членот Кијану и не го бранам секогаш.
Не мора да е ист профил ниту да е член кој се согласува со тие мислења. Едноставно е, не има свесни дека секој има право да го искаже своето мислење па колку и да не ни се допаѓа нас тоа што го читаме. Кои сме ние да бркаме некого од тука?
Ова е поентата на мојот пост,но ете,некои дробат во темите за еднаквост и толеранција,а самите тие немаат ниту грам од тие нешта во себе.
Заборавив да додадам, мноогу е битно и што читаш. Рака на срце, од нијансите сиво нема да научиш ништо корисно, веројатно можеш да се попалиш малку на сексовите. Или ја читаш Лајла...
Yo, друштвенце. Октомври почна малце безволно, а? Нормално е да се осеќате депресивно и сјебано. Есента по некоја аналогија асоцира на тага, енергетски пад и серотонинско - допамински оксилации. Само да не прерасне во Дојдов да кажам дека што се тиче комунизам и школски диктати, далечната 2000 година кога бев прваче ни беа дозволени доста работи кои знам дека на генерациите пред нас во екот на ,,ропството" не им биле. Имавме одлична школска програма, наречена ,,чекор по чекор", супер праг на толеранција и почит од страна на тогашните учителки, како и работилници со проекти кои ќе ги паметам до крајот на животот.. Ете, ние 94-та година, уживавме привилегија да живееме колку - толку слободен и демократски живот, надвор од пранги, закани, рестрикции, и сето она што го имаат искусено генерациите 62-89, а ги има доста, од двата пола. Секакви приказни од прва рака се имам изнаслушано за тогашниот едукативен систем, и воопшто нема да биде претерување ако кажам дека другар од Србија роден 77-ма година го доживеал своето прво сексуално искуство со невротична наставничка по англиски јазик додека бил осмо одделенец. Он тоа го доживува како позитивно искуство, јер мажи и сексуална психологија, ама јас знам дека не било..и вие знаете дека не било.. Другарка, генерација на мајка ми, била казнета во ќош цели седум школски часа, удирана по прстите на рацете кои ѝ биле жар црвени од комунистичкото дрвено стапче, а кога дошла дома дополнително изела ќотек заради тоа што била тепана. Парадоксално до крајни граници! Уште колку се имам изнаслушано за комунистичките школски денови, буквално може роман да се напише. Сите проткајани со мрачна садистичка црта. Здрава генерација на родители од тепани мајки, slut - шејмувани заради менување партнери, и татковци кои служеле војска гладни за насилство со скриена порака ,,одговорност" не може да се очекува. Се чудите зошто нашите генерации се интроверти без желба за живот и изразена бунтовност? Комунизам. Нека пуши кур системот! Ова денес такоџе не чини, али тоа тогаш, освен со убавите приказни за Југославија и хипичката дружба по летни кампови за одмор, е мизерија. Ми е страв дека овој астролошки планетарен транзит Сатурн - Плутон ќе го врати тоа време. Таа ригидност.. I know, i know..Aстрологија е тежок bullshit, ѕвезди физички оддалечени катаљон години не може да имаат импакт врз нашите социјални или коегзистенцијални релации, ама сепак, земете го прочитаното со доза на резерва. Добра ноќ друштво.
Све ми е јасно, ама да ја силуваш СДК без цитирања со мислења посветени на фемина членови... не ми е. Што не му кажете што ви смета? Секое 3то мислење е со посвета за некој член кој треба да се пронајде. Не може човек на раат да си чита таму.