Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.763
    Допаѓања:
    21.468
    Пол:
    Женски
    Исто. Јас Германија се удавив во Милки и Нутели, разлика не видов никаква.
    Газираните сокови им се ужасни. Кокаколата најмногу еден час после отворање се ветрееше и не беше за пиење. Кај нас не е така.
    Али мора да се плука, стандард. Се што е наше не чини, океј.
     
    На Herrera, Gosh, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Ме додаде на Фејсбук, ми wave-на, виде дека ништо не му вратив и ме избриша, сѐ во рок од 15 минути.

    Его ранливо ко на пубертетлија, а има над 30. Не знам што го прифаќав и јас, ама викам ајде, пријател е на пријател. Друга работа е што никогаш нема да вратам на wave.

    Златен Инстаграм :!:
     
    На oblace1, marchi-cool, Gosh и 23 други им се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.568
    Допаѓања:
    62.564
    Пол:
    Женски
    Zdr kukle kakosi.
    Mn si sexi, sakam dase zapoznaeme.
     
    На LittleChili, Gosh, Feminka22 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Помирите се со тоа дека секогаш во животот некој или нешто ке ви фали...
     
    На Feminka22, Rama, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.235
    Пол:
    Машки
    Го активирам вчера фб на кратко и, во предложени пријатели ми излезе братучетка од бившата. Од љубопитност, го отварам профилот и гледам - сама. Го нема дечко ѝ. Ми падна чудно, беа многу заљубени тогаш. Вкупно оделе 4 години, дознав од познаник.

    Не знам како да го наречам... Ја оставил, буквално ја оставил и заминал странство. Тогаш планираа да одат заедно. Познаникот вчера ми кажа дека ѝ раскинал на испраќање, претпоставка е дека имал друга пошто во државата каде одел бил пред тоа неколку пати, таму ја сретнал.

    Девојчето на сликите изгледа крајно истоштена, вештачка насмевка, изгледа исцрпено.

    "Друже", како да ти кажам дека си нај големото ѓубре на земјава? Како да ти кажам дека си направил огромен грев? Се сеќавам како му спремавме изненадувања на нејзино барање, како му скокаше в прегратка кога ќе се сретнеа, како му се радуваше...
    "Друже" ти си имбецил, знаеш? Девојчето не сака да погледне машко, не сака да....ништо не сака. Како растение е, како зомби е :( си ја уништил пичка ти матер! Зошто воопшто ја лажеше бе 4 години? За занимација? Предмет е таа? Со мајка ти така правеле? Имаш и сестра, така правеле со неа? Имаш и друга сега "друже", така да правеле со неа убаво ќе ти беше сега? Ќе ти беше ладна и сурова. Мислиш дека сега таа што ја остави, ќе верува некому некогаш? Не си свесен глупаку каков грев си направил. Не само ти. Дузина од вас, "брачо по род", мамицата ви!

    Сакам да кажам, често ме фаќа гадење. Фала Боже што немам такви "другари" во мое опкружување.
     
    На Saraahh, SummerGirl, Love 83 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Се извинувам вака што ќе ве прекинам во расправиите, ама навистина не мора да се цитира се' што ќе пише некој член.
    Мислам стварно станува напорно веќе да се чита темава.
    По 10 страни треба да се прескокнуваат за да се прочита некој оригинален пост.
    Знам, јас небитна сум ама верувам дека има и други тука на кои им пречи ваквата динамика во темава.

    Поздрав и убав понеделник.
     
    На *Ench@nted*, M&M, LittleChili и 25 други им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.392
    Сакам да те сакам.
     
    На Herrera, cresa-jagoda и Dadusicka им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.947
    Допаѓања:
    130.344
    Пол:
    Женски
    Некои нешта се непростливи.Ни со искрено „извини“ не може да се поправи ситуацијата.
    Не наседнувам на трикови повеќе.Наивната „јас“ одамна е закопана.
     
    На Herrera, Rama, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    44.321
    Пол:
    Женски
    Периодов само читам постови по социјални мрежи, а и на форумов за малтретирани и отруени животни.
    Едно нешто не можам да разберам: Кој толку ги повредил, ги изнервирал луѓево за сиот тој бес и горчина да ги истурат на рандом куче/маче по улица или нечиј миленик од соседите со изговор дека може некого да го нападне, иако можеби за токму тоа животинче никогаш никој не чул дека било агресивно?

    „Види го/ја, трча по мачки и кучиња како дете да е.“
    „Па обичен пес е тоа, што го жалиш везден.“
    „Луѓе има што немаат леб да јадат, туку му фрла месо на животново.“

    Драги мои „луѓе“, овие реченици се показател за тоа дека токму вие сте многу скалила подолу од тој еден обичен пес.
    Единственото нешто што не' правеше луѓе и не' изделуваше од животните беше разумот. Ама по се' изгледа еволуцијата некаде запрела.
    За жал, кај многу индивидуи.
    Камено доба- sequel.

    Пред неколку години со свои очи го гледав кучето како кашла и со последни сили се бори. Таа сцена додека сум жива нема да ја заборавам, а помизерно не сум се чувствувала бидејќи тогаш бев беспомошна. Никогаш не дознав дали некој го затрул или можеби каснал нешто што не треба, ама болеше премногу. Со денови плачев.

    Не сум човек што колне, впрочем, смешно и апсурдно ми е да верувам во такви работи.
    Но, се надевам дека еден ден ваквите луѓе ќе се освестат. Не посакувам да се случи нешто негативно за да го сфатат ова. Сакам едноставно да престане.

    Не се животниве и цела природа под нас. Со нас се, на исто рамниште.
    Местото им е тука, иако се суштества што можеби не зборуваат, ама душава ми се полни кога ќе видам дека имаат огромно срце и бескрајна љубов кон луѓево без разлика дали во минатото биле малтретирани или не.
     
    На LittleChili, Feminka22, Rama и 20 други им се допаѓа ова.
  10. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.932
    Пол:
    Женски
    Неговата вина не е во тоа што после 4 години избира да ја остави туку во начинот на кој ја остава.Сечоја љубов може да заврши еден ден.Ми се има случено да престанам да сакам дете со предобро однесување кон мене.Но не се испонашав како овој тип.Сепак жално.
     
    На SummerGirl и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  11. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.133
    Пол:
    Женски
    Читам во категорија "бебе" теми и ептен ме изреволтираа некои работи што ги прочитав ,откако станале мајки немале време да се избањаат ,немале време за да се дотераат ,немале време за фризер ,морало да готват а мажите каде се во сево ова? Или жената мора да готви да чува дете и да чисти низ дома. Ама сите жени што се во ваква ситуација се самите виновни затоа што они го дозволиле тоа. Јас само знам дека никогаш нема да дозволам мажот да ми пречи к*р додека јас ринтам ко будала .
     
    На Just.do.it, LittleChili, Gosh и 10 други им се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.236
    За љубов правам се', сакам целосно и не се штедам.
    Викајте ме глупава, наивна, занесена. Но, за мене љубовта е смислата на мојот живот :l:
     
    На Saraahh, LittleChili, Amellie13 и 16 други им се допаѓа ова.
  13. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Добро бе како не ви е жал,абе што луѓе ке бевте,на толку мали невини душички (бебиња) и дечиња мали,да им дувате бе со тоа цигарите и да ги труете,да бидат пасивни пушачи беда од родители.
     
    На Beauchamp, LittleChili, SummerGirl и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.235
    Пол:
    Машки
    Ја користел чекајќи документи за странство. Ѓубре е минимум што можам да кажам за него.
     
    На SummerGirl и nextredstyle им се допаѓа ова.
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.932
    Пол:
    Женски
    Тоа е друго.
     
  16. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.160
    Сакам да кажам дека некои луѓе се полни со негативна енергија. Денес добив лична порака од една членка со зборови у стилот "....што се глупираш во темата Форумџика на денот, само ти коментираш таму , која си ти да кажуваш која да биде форумџика на денот......." ЛОЛ , полека бе девојче , тоа е лично мое мислење , па јас да им ги знаев домашните адреси на тие форумџики на денот кои ми оставиле впечаток жими се ќе им пратев приврзоци баш како трофеи златни со ѕвездички + честитка - пофалница во боја со пофални зборови дека навистина ми оставиле впечаток + нешто благо како мало пакетче , оти има луѓе кои се радуваат на малите работи, но форумот е анонимен и ограничени сме со тие мали изненадувања па затоа јавно ги пофалувам.

    Кој каде сака нека си коментира, не знам што се крева нервоза кој во која тема пишувал, јас реков 100 пати, манијачам форумџики кои коментираат во разни теми, а не само во една или две .....

    Кај беше тоа смајлито што покажува среден прст :!: ..... добро де, не е тоа, ама слично е :D


    Да продолжам да манијачам сега :bandit:
     
    На M&M, LittleChili, Gosh и 25 други им се допаѓа ова.
  17. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.932
    Пол:
    Женски
    Хахах божее зарем и такви има...:|
    Ти можеш да коментираш каде сакаш затоа е и форум.Без бедни постапки плисс
     
    На LittleChili, Rama, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.424
    Допаѓања:
    20.942
    Пол:
    Женски
    :hai:

    Денес понеделник. Нова работна недела. Се надевам ќе почне и заврши како што треба.:)

    Цели 3 часа учам биологија, дигестивен систем, па рецептори за светлина, рецептори за слух, систем за излачување.... :sweat:
    Добро ако се залагаш и си ветиш дека ќе научиш, ќе научиш, но проблемот ми е некои сложени работи не можам да ги запомтам па баш тие се важни за утрешниот многу битен тест за мене. Мислам дека ќе успеам само ми фалат уште некои работи да доучам, но ќе се среди се. Со позитивни мисли и верба во себе и со мислата дека ЈАС МОЖАМ, ќе успеам во се:)

    Имајте убава вечер:sun:
     
    На Saraahh, Rama, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.830
    Допаѓања:
    40.958
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека некои луѓе изгледа не прават разлика меѓу блиска другарка и терапевт.Го немам јас целото слободно време на светот цел ден да изигравам бесплатен решавач на проблеми, океј?
    Изгледа некои не можат сами да си сфатат дека не се врти цел свет и времето на другите околу нив.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.392
    Сдк утре конечно одам на анализи. Аман веќе:@
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.