Овде сите плаќаат поеднакво, нема бесплатен превоз. Сега го намалија плаќањето на билетот за 50центи помалку ама истиот важи за 2 часа притоа да смениш неколку автобуси. Сите имаме картички, на пример јас имам персонализирана со моја слика и ставам месечно возење, користам колку имам на картичка потоа ако ми се потроши на пола месец речимо до крај на месецот имам фри превоз. Инаку ставам 26е секој месец, а се возам секој ден. Исти картици имаат и пензионери, детски, студенски. Сите плаќаат. И што е најважно кога е преполно у бус нема шанси да застане на постојка освен да се симне некој, за влегување не долази во обзир. И така.
Ретко цитирам во темава ама еве некои работи не ми се допаднаа за превозот таму па да се изјаснам. Јас сум за да има бесплатен превоз за ученици и студенти, таа одлука ми се допаѓа. Некои доаѓаат од сиромашни семејства, живеат подалеку од центарот на градот/школото, треба да менуваат 2 автобуси пример, а сакаат да се школуваат. Ова со бесплатен превоз за млади личности ми се допаѓа и убаво чим кај нас ова го има, а еве надвор од тука значи го нема, барем нешто подобро кај нас. А, другото со застанување на станици кај што е полно...Што да прават тие што живеат станици подалеку од првата постојка кај што тргнува автобусот? Зарем не треба подеднакво да пристигнат на работа сите? Не ми е ни ова за пофалба... И мене ми пречи гужвата и стоењето до врата, но сум благодарна што имам бесплатен превоз и бидејќи сум студент и не можам да работам, па да си плаќам карта, што не ги трошам додатно моите за месечни билети... Подобро да стојам до врата и да пристигнам отколку да не ми отворат врата и да задоцнам зошто не живеам до првата станица на поаѓање на автобусот... Можеби решение се почестите автобуси, но еве моментално автобусот што најчесто го користам го има на секои 10мин и пак е преполн, релацијата е таква да секогаш има луѓе што одат во тој правец... Условите се тие што се, но нас ни фали граѓанска култура пред се. Јас не се жалам од превозот, кај се возам бесплатно, ете и секои 10мин го има (15 нека се кога е многу гужва), јас се жалам од луѓето што се превезуваат. Сите брзаме некаде, сите сме уморни, сите не можеме да дишеме у автобусот, а упорно некој мора внатре да се буни и да коментира, да се бутка, само он немало каде да стои и да седне... Не е до превозот, до луѓето е.
Се согласувам со тебе, но така функционираме. Школите си имаат превоз со комбе за секој град поединечно, со оглед на тоа дека школото овде е бесплатно, ако работат двајца родители, но има и билети за деца што сакаат да излезат некаде. Како што кажав, има често автобуси на секои 10 мин али тоа не е проблем, главниот проблем овде е големата гужва па и да сакаш да стасаш на време нема шанси. Така јас еднаш се враќав од работа накај дома и ако вообичаено во раден ден се возам 30мин,тогаш ми требаа цели 2ипол часа.
@lovestoneddd & @KateKane Ама колку сте лоши бре, тоа метафорички е така дека солзите паѓале на горе, демек оделе на небото кај непрежалениот и вечен непребол од муж
Еее тој истиот ама љубов е во прашање, гледаш и после 20 години сеуште е верна на неговиот спомен, ама и на богатството што и го остави Плус од кај да знаеме можи неа ја возбудувало да и брани да пее, па и тоа што ја шишнал на нула
Да се надобрзам на муабетот за градски превоз... Јас мислам дека активни баратели на работа имаат најмногу право да можат да користат бесплатен јавен превоз. Невработени се, одат по интервјуа можеби секој ден, можеби неколку пати во денот, менуваат можеби по 2 автобуси... И со што плаќаат? Со к.р? Да, и студенти и средношколци. Има и такви што работат дур студираат, не чекаат од мама и тато да им платат. Па и некои пензионери што мора да одат по доктори секој ден... Но оние кои имаат пензија од 20 илјади денари, се здрави како дрен и користат превоз за да купуваат пиперки и патлиџани на зелен пазар, е тие малку треба да олабават.
Не можам да сфатам и не сакам да ми бидат во окружување луѓе кои главна преокупација му е Инста и ФБ. Иам другарка, мажот и не и дозволува да работи, има тој бизнис, и таа по цел ден седи и се шета со детето. Сега веќе малата и е прво одделение, па само работи низ дома, го носи и го зема детето од училиште. Си се слика со другарки со децата, од глава до петици, нашминкана, дотерана. Смачено и било да му погодува на ќерка и и мажот и. I was just Млада, 30 години, партиски врзана. Не знам како и е, мажот и да и забранува за минималец да седи дома, и рекол јас ќе работам,и. Тие пари одма ќе ги извадам, и гледај го детето и рекол. Сакам да кажам. До кој степен бе ќе држе некој потценување?
Сакам да кажам колку се отидени овие, посебно популарниве. До тоа ниво што, прават глупости од незамисливи размери за да бидат центар на внимание. Еве на пример, Карлеуша му пратила на Врањеш слики од таквата, овој ја уценувал и ги објавил. Сега тој е крив. Кој е крив? Тој е крив. Кој е тој да ѝ бара на Карлеуша слики од таквата ? Освен што нивните приказни мене лично не ми значат, сакам да кажам дека стварно ја претераа со скандали, ниско и евтино е. https://www.vecer.mk/node/37345
Можда ... Само можда ... Не требало да ја уценува и да објавува приватни слики за одмазда (revenge porn). Не е за барањето слики, до другото е. Just saying tho.
Ми се плаче, ми се вришти, ми се разговара со некој што навистина слуша и се грижи... а такви за жал во денешно време речиси и нема. )
А зашто не си гледате ваш живот? Не ја сфаќам сатисфакцијата од оговарање туѓи животи по Фемина, бар да имаше некоја поента целиов муабет.
Прави свадба за 1 година. Ама "модерна" и "спонтана". Она со нјуд опрана шминка зошто треба на свадба да си личиш на себе, со некоја пинтерест романтичн америчка фрузура (некоја растурена плетенкa), уникатна бохемијан венчаница, на свадбата ќе дегустираат смедеревка и ќе им свири некој алтернативен бенд и она као поише ќе биде коктел забава. Иди мори бегај. Или шо би рекла модерната философкиња премудрица Беквалчева - Лесно е да морализираш кога никој не те сака. Ваквите изгорени се за запросување, па солзи, па со прстен сликање, со све... Ама она уствари нема дечко, има нешто препарирано, восочно и ладнокрвно до неа што самоволно му се има уселено дома или што би рекла една познаничка кога запозна добар лов и ни рече - па тоа не се договара, спонтано се случи да се вселам кај него. Раскинаа. Не знаев дека на 30 години уште те засега што е кул и што не и дали поп или оџа те венчал. Еве не знаев дека е работата да си кул, него ли да имаш свои само за тебе логични и прифатливо ставови.
Затоа па ептен е кул да таргетираш конкретна личност што не е ни селебрити и еднаш месечно (карикирам со груба проценка) да цитираш со психоанализа што пишува на друга платформа. Дај веќе напрај си твитер ако немаш и кажи ѝ сѐ што ти лежи на душа директно, макар зад ник, и доста го тупиш. Nobody cares.
Тоа со активни баратели на работа би функционирало во совршен систем, а нашиот е далеку од таков. Пола и повеќе млади одат на работа, а не се пријавени, па и тие би го користеле бесплатниот превоз. Теоретски е супер идеја, дефинитивно заслужуваат повеќе од некои пензионери, но реалноста е друга. На нашиот народ му фали осет, генерално, не само за јавен превоз. И тоа мислам дека постарите се полоши за ова, немаат срам, си тераат, на крај уште крив ќе им испаднеш. Ако нешто е бесплатно, треба да се искористи колку што е потребно, а не максимално да се злоупотреби. Не мразам пензионери де, знам дека некои се болни и одат на доктор, но добар дел одат од Лисиче до пазарче Буњаковец оти зелката таму била посвежа, лично ми имаат кажано. Туку друго сакав да кажам. Просто невероватно колку луѓе живеат измислени животи на социјални медиуми, и уште пофасцинантно - на форумов. За на социјални медиуми донекаде сфаќам - ги гледаме кои се и сакаат да нѐ импресионираат. Но зошто сака да ме импресионира измислен ник и аватар кој ни го знам, ни сакам да го запознаам? Не го живее животот што го посакува, па тука го гради совршениот и за момент бега од реалноста? Тоа ми е сериозно забегано.