Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.418
    Допаѓања:
    16.831
    Така бе ми дојде. Хахах
    Да ми беше сатисфакција, ќе земев секој ден да пишувам. Think about it.
    А зошто се оговараат македонските јавни фаци на Фемина?
    Зошто не си го гледаш ти твојот живот и не скролаше надолу?
    Си го гледам мојот живот, без галје.
     
    На Rama, piksooki, SeaMermaid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    16.Октомври 2007 нешто пред 8часот.Се возам со некој автобус накај Скопје.Дремам .Немав за полагање требаше нешто од факс да земам не се сеќавам веќе.
    Во автобусот пуштено на најгласно -Антена 5.Автобусот полн со луѓе кои одеа накај Скопје и кој правеа поголема врева од радиото.
    Конечно задремувам .Во сонот ме буди глас од водителката на Антена која кажува "значи веста е потврдена загуна Тоше Проевски".
    Се будам и почнувам да викам абе како што сонувам?Гледам сите траат и се гледаат меѓусебе.Ја прашувам девојката пред мене оти ми е генерација и ја познавав. Таа вели да така рекоа.
    Не не ми се верува.Он е толку млад полн со живот.Не знам што да правам.Одма се јавувам на мајка ми и сестра ми.Они ми велат смири се .А јас не можам да душам, не е можно.Тие слушнале исто.Цел пат плакав.На факсот сите беа расплакани сите шокирани.
    Плакав 3 дена без престан заедно со дечко ми(сега мм) оти заедно му одевме на концерти.
    После неговата смрт ниту една песна не можев веќе да слушам.
    После толку години еве пишувам и плакам.
    Вечна слава убавецу!Секогаш ќе останеш непреболен и секогаш ќе остане прашањето "Зошто отиде?".
     
    На Rama, Yowannty, piglet1 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161
    @Ava.84 , арно ме потсети.....таа 2007 за прв пат ја напуштив Македонија и го одев германски курсот тука у Немачка. Се сеќавам требаше да го полагам TestDaF ( Test Deutsch als Fremdsprache ) и ко по обичај дремев на идивиди оти крајно бев опседната со тој форум уште од 2005 година и правам пауза од учење и си седнав на форум и читам загинал Тоше, а имав негов постер залепено над глава , си велев , нека го овој наш најпознат пеач нека ме дружи додека сум во Германија и буквално у шок :o туууу ми падна криво оти ми беше баш фацичка и најбитно не беше лигав , јас страшно мразам ко се прави некој фраер или препотентни, уфф не можам да трпам лигавење :puke:

    И погоди што ? Го паднав испитот за германски јазик и уплатив пари за следен термин за следиот месец да го преполагам , не можев да се концентрирам на тој испит на 19 Октомври 2007, некако безвеза ми беше.


    Најомилена песна од Тоше и ден денес ми е Нај нај :inlove:




    Убав ден на сите, да одам да поработам

    Сакаш пари , а дремиш на форум , а курво ? Станувај , мрдни газот !!!!!!


    Ајде заминав , да се озбилам малце 8-|
     
    На Rama, cresa-jagoda, TutiFuti и 11 други им се допаѓа ова.
  4. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Никогаш сум немал волку хаотичен период,ужас период,од лошо кон најлошо,али ке помине се поминува во животот,како и самиот живот...
     
    На Rama, Beauchamp, kim.k и 8 други им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.238
    Радоста од успесите е најголема кога е споделена со најсаканите. Не сакам да се радувам сама. Сакам да ја споделувам среќата зашто тогаш како да се дуплира:l:
     
    На Rama, cresa-jagoda, Herrera и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    23.747
    Пол:
    Женски
    Се чувстувам постојано незадоволно од себе последниве неколку дена. Не ми се допаѓа мојот карактер, што и да кажам откако ќе го кажам сметам дека е глупаво, се чувствувам како сите околу себе да ги нервирам.

    Се чувствувам осамено па и уште повеќе сакам да се повлечам затоа што не ми се допаѓа моето однесување.

    Не знам веќе.
     
    На Rama, Lella, piglet1 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Случајно налетав на едно видео, Игор Џамбазов, Златна Бубамара на популарноста 2008 година, зборува за Тоше. Исто како и пред 12 години, 16 октомври 2007 година, исто како и тогаш и сега плачев како мало дете по најголемиот од најголемите. Никогаш заборавен, никогаш преболен, еден и единствен, најдобар од најдобрите. Човек со големо срце, харизма и огромен талент. Еднаков со сите, праведен со сите, добар со сите. Сите ги сакаше и сите го сакаа. Тој си замина, но музиката негова вечно останува со нас. Легендите вечно живеат :l:.

     
    На Herrera, Rama, piglet1 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    12 години без Тоше... Се сеќавам тоа утро, дете бев, со дедо ми дома гледавме телевизија. Оди песна од Тоше и под неа лента „Утрово загина Тоше Проески“. Шок ми беше. Го сакав многу, и моите го слушаа, па купување CD- иња со албуми. Му ги знаев сите песни, ми беше омилен. Се собравме сите деца во маало, се потпишувавме во книгата на жалоста, не се држеа часови на училиште. Плачев, така мала и се уште несвесна колку беше млад, плачев зашто ми загина идолот од детството. Денес, се уште му ги сакам песните, ги пејам, ги чувствувам. Ама разбирам нешто што тогаш, пред 12 години ми беше непознато. Енергијата на тој човек, талентот, хуманоста, добрите дела за кои години подоцна читавме на интернет. Топло срце и убава душа, таков човек. Пример и инспирација ми е во животот. Добрина носеше во себе и чисто срце, и искрено посакувам тоа да остане засекогаш негов потсетник. Сите имаме мисија во животот, а тој веројатно многу рано ја исполни неговата. Страшно ми е што јас сега ја живеам младоста и сфаќам што значи животот да згасне толку рано, толку млад. Уште колку имало пред него, а тој од сон во сон. Нека му го подари Бог Царството Небесно. Се надевам дека некаде горе си го нашол мирот и се одморил (во последното интервју кажува колку е уморен, жално). Нека му е вечна слава. И нека биде инспирација за сите генерации, да научат луѓето што значи да се биде голем човек.
    Ми остана неисполнета желба од детството да го запознаам Тоше Проески во живо. Некогаш, некаде на небото ќе се сретнеме, верувам :D
     
    На Rama, tirkenbal, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    57.555
    Пол:
    Женски
    И што има овде лошо не можам да сфатам? (facepalm) Тоа што некој сака да направи поинаква свадба од оние што обично се прават не значи дека сака да се прави "кул" и модерен.

    Немојте никако да внесете нешто ново во вашата свадбена прослава, строго традиционална со сите обичаи до еден, вечерта само народно, само ора, какво забавно не се прави овде модерна и напредна, се знае како се прави македонска свадба. Невестата строго во фустан со огромна корпа, со 5 кила шминка и со истата фризура како 95% од невестите што ги гледаме. Епа нема никому да се извинам што не сакам ваква свадба во иднина и ваков стил, туку некако слично ти како што опиша.

    Зошто бе луѓе толку хејтање? Се работи за вкус, едноставно, личен вкус. Ако сака некој традиционална свадба со 400 гости најмалку, океј. Ако сака друг поуникатна свадба, со помалку гости, со поинаква музика, пак океј. Само не е океј да правиме психички анализи на оние што преферираат поинаку од нас.

    Не велам дека е сосема во ред тоа што таа го пишала во твитот, некои ете така сакаат, ама други што сакаат поинаку не значи дека треба да ги плука некој.

    Секој нека си прави како што му е по ќеиф. :)
     
    На Rama, Lella, dayla и 11 други им се допаѓа ова.
  10. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Колку некогаш знам да бидам глупаво и просто суштество тоа е страшна работа затоа што не знам да кажам НЕ, да игнорирам затоа што не ме бидува и се затоа што сум човек кој не преферира да се кара и да ја плеска вистината во лице затоа што се плаши да не повреди некого а всушност на оние кои им молчиш за да не ги повредиш те повредуваат дупло повеќе.
    Ајде, ќе научам еден ден, веројатно како со тие канцер луѓе.
     
    На Rama, flower30, Blue.Sky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.428
    Побогу... побогу...
    Прочитај го твитот и сфати ја иронијата и сарказмот.
    Не ме засега кој каква свадба прави драга непозната особо. Моето мислење беше конкретно за ОВОЈ твит.
    Во ред е што осудила и што ја плашат такви луѓе кои сакаат свадби, ТОА не е осудување и плукање? Психички анализи?! Мислиш психолошки?! Мислиш на она кул-некул така?
    Ајде договори се што е што, ок?
    Како бе вака се наоѓате повикани, све со ставови некои си што веза немаат, ама нешто ве голица.
     
    На Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    57.555
    Пол:
    Женски
    Твоето мислење беше едно големо осудување. Прво пишуваш против одреден вкус, после велиш не те засегало кој каква свадба прави. Јас прашав што има лошо во правење таква свадба како ти што опиша и носење таква венчаница. Еве уште не сфатив што е лошото тука.

    И никаде не реков дека е во ред она што таа рандом твитерџика го пишала, туку напротив. :)
     
    На lovestoneddd, dayla, Independent Girl и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.428
    Ама тебе изгледа слабо ти оди сфаќањето, сарказмот и иронијата. :)
    Твитот беше полн со осуда, категоризација и потсмевање во насока на вие проста масо што си се радувате на свадби.
    Да, не ме засега, а за да имаш мислење дали е така, треба да се познаваме, а не се. Можеби ќе се изненадиш и ќе испаднеш смешна што се пењавиш без врска.
    Сфаќаш дека нема ништо лошо и дека моето е сарказам за очигледниот и неуникатен след на нештата?

    Или сега пак ќе ме напнеш со истото зошто пак не сфати?
     
    На Bitter-Sweet и senza.parole им се допаѓа ова.
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    А зошто ти едноставно не реплицираш на постот на Твитер?
     
    На Ang_ela, Bender Rodriguez, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.428
    А зошто тебе ти е гајле зошто не и реплицирам?
     
  16. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    А зошто тебе ти е гајле кој што пишал за свадби на твитер, па мора цели трактати да пишуваш на форумов за тоа?
     
    На Lella, Bender Rodriguez, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.428
    Колку што знам темава е СДК и ова е форум и што сакам ќе пишувам, на пример?! И при тоа не треба да ти полагам баш сметка за истото, исто така на пример?
    Ко јас да ти кажам што ги замараш жените со фермани за девалвација на жената кои немаат допирна точка со реалноста?! Или да ти речам, а зошто ти едноставно не напишеш што постигна со твоите прогресивни ставови низ кои се провејува некој чуден анимозитет према жени што се мајки.
    Ајде одјаши. Пријатно.
     
    На MeowMeow, Bitter-Sweet, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Толку луѓе а ниеден да е човек. 12 часот на пладне на автобуска станица пуно со луѓе, по тротоари исто така. Случајно ми залетна нешто во грло и почнав премногу да кашлам, но ми се има случено ова и порано па си мислев ќе се смири набрзо. Се влоши. Почнав да губам воздух, се држев за врат, се наведнав ќе клекнев на колена, гледав лево десно барав НЕКОЈ да дојде да ми помогне веќе не можев да дишам. Си викам тоа е тоа. Приметив луѓе ме гледаат ама набрзо вртат глава. Почнаа солзи да ми течат и да се тресам. Мислев на мајка ми. Мислев како можам јас да се стрчам доколку видам на некој дека му треба помош. Мислев како НИЕДЕН не се најде да се загрижи барем малце за друг човек.
    Кога ќе ми се приближевте?
    Ако не дај Боже се случеше најлошото па да почнете да вадите телефоните да пишете, сликнете?
    На крајот ќе ви текнеше да викате помош и кога веќе ќе беше доцна да се правите "херои"?
    Ме терате да мразам луѓе, ме терате и јас да сум ко вас. Курац да ме боли бре. Ама не можам, имам душа и совест и секогаш прва би била да помогнам. Ама тоа сум јас.
     
    На marchi-cool, Saraahh, Rama и 25 други им се допаѓа ова.
  19. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Да, исто ко девојката што има право да пишува што сака на твитер без тебе да ти полага сметка зошто не сакала свадби и слично.
     
    На Ang_ela, Bender Rodriguez, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.428
    И да малтретира пациенти со потсмев со нејзината сељачка желба за глумење аристократија и интелектуална супериорност (пресмешно) и да лечи комплекси константно.
    Секогаш сум на страната на ранливите. Сори.
     
    На Rama, MeowMeow, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.