Кога со душа ја чекаш секоја наредна средба. Кога срцето ти трепери кога ќе го видиш тоа име на екранот на телефонот. Кога ти се полнат очите со солзи радосници од секоја порака. Кога си вљубена како и првиот ден, и по поминати години. Кога се спремаш како за на првата средба. Кога не можеш да спиеш пред да се видите... Тогаш знаеш, тоа е вистинската личност. Ти благодарам што те има
Никогаш не ме привлекувале северни земји, земји каде што постојано врне и е ладно. Бирам топли места, затоа и ова беше мојот избор. Од неостварени соништа ми остана Сан Франциско ама ќе биде и тоа, еден ден.
Денес дознав дека браќа и/или сестри меѓу себе се и оние личности кои како мали биле хранети од исто мајчино млеко, ако на пример мајката на едното донирала млеко за другото. И затоа не било во ред да се донира мајчино млеко во случај утре тие двајца да се сретнат заљубат зашто тоа би било инцест.
Тешко е да не јадеш торта и благи ако сама знаеш да ги направиш. П.С. Форумџика на месецот @Herrera Затоа што постојано разубавува нечиј ден со вниманието кое го укажува. Поздравче и до таа ,,прекул" особа која и пишала на Херера. Обиди се и ти малце со оптимизам па може ќе имаш шанса да бидеш барем 2% позитива како што е деновиве девојката.
Неедуцирани на оваа тема сестри и браќа, sorry to break it to you, aли примарната функција на градите е да произведуваат млеко и да го одржат во живот бебетo, да го одржи у живот. Тоа значи дека: -може да го храни на секое место кое смета дека е соодветно за неа -може да се покрие, да се тргне во друга соба само доколку сака -може да го прави тоа на клупа во парк, може да го прави додека седи во иста соба со вас Доколку на некој му пречи тоа, тој има право да не зјапа во нејзините гради кои вршат ја вршат својата природна и неопходна функција. Тој нема право да ѝ кажува каде ќе го дои своето дете, ниту пак да ѝ соли памет дека требала да се измолзе и да му дава на бебето од шише. И апсолутно нема право да коментира колку му било “одвратно” или “непријатно”. Епа брат, ако ти е непријатно најверојатно проблемот е у тебе пошо сексуализираш мајка која само го дои своето дете, а? И слушнав аргументи у стил “па и мочањето е природно”. Океј, ама дали актот на уринирање остава негативни последици ко смрдеа и бактерии доколку го правиш во место каде седат сите? Одговорот е да, мочањето на сред дневна соба е гадно. Доењето пак, не е бидејќи не остава никакви последици врз останатите во околината.
Она кога воопшто не ти се излегува, ама 100 пати си одбила покана па сега ти е незгодно пак да одбиеш и не ти преостанува ништо друго освен да се молиш да се јават и они еднаш да откажат средба. Но не се јавуваат, па почнуваш полека (со солзи) да се спремаш, кога одеднаш ти стигнува порака со извинување дека не се во можност луѓето да излезат.
Што нѝ треба? Што е она што нѐ прави среќни? Мене топол дом, среќна врска (ок, виц....), љубов, мир,... Но, тоа изгледа како SCFI во последно време. Кај многу од нас.
Кога ќе сватам дека алкохол НЕ е за мене, и дека НЕМА да ми ја направи вечерта поинтересна и дека нема да ми ги смали маките!? Когаааа!?
Има луѓе кој не вредат да им посветиш внимание,едноставно летаат во облаци,егото им е до плафон,затоа избришете ги од животот,луѓето кој ви создаваат негативност,нервоза,очај,разочарување.Полнете се со позитива,нека пукнат душманите
Хелоу , Не знам за вас, ама изминативе 2 недели на нетов читам само муабети за играва League of Legends , се мислам да ја симнам и да ја играм и јас штом толку ја фалат. Ја слушам песнава у позадина и си пијам капучино Да ве апдејтувам од минатиот муабет : доплатив пари за други 2 грепки и ништо не ми се падна. Ништо, нема потреба повеќе да играм , не е лошо да се префрлам во обложувалница па да видам дали може да направам некоја далавера у смисла да копирам од уплатните ливчиња на тие што ги бива и што фаќаат по некоја пара таму Една добронамерна порака за глумците на интернет :
@Herrera симни играта и играј конкретно TFT ќе те додам за другарка хехехе, инаку сега светското е зато слушаш многу за играта. TFT е верзија на оргиналната LOL, се игра поинаку ама со исти ликови, ајтеми и такви работи. Ако те интересира и ја симниш, кажи име на играта. И да, hello wine ми се допаѓа.
Solo LoL немам играно од 2017, баш проверив некни. То шо си гледам светско и секоја година навивам за кој тим ќе одбери херои шо ги сакам е друга работа. Играв ARAM куц- туц, ама сега од денот кога излезе TFT завист ми е. Значи ПРЕдобро. Плус индивидуалистичко. Не сум за во тим јас. И пошто две недели не играв имам сега ''welcome back'' мисија кај шо треба да изиграм две арам, две тфт и две соло. Уште последните две ми се останати, никако неќам да ги изиграм и сега го терам брат ми кај игра за него, само две партии да изигра за мене.
@theowndemon , абе за симнување ќе ја симнам, само што сум изгубен случај, ќе треба прво да научам правила и се по ред, ќе ми треба време, затоа реков уз пат да направам некоја пара од обложувалниците , знам запнав со пари , та само пари, ко да нема ништо друго побитно од пари. Ако ве има повеке од форумот, не е лошо мала мафија да се собереме и онлајн да играме ....нема да манијачам бе, ќе ве дружам Чекам да заврши со работа дечко ми , до 14:00 часот ќе му заврши смената, па ќе го напнувам и него да ја симне играта , хахахахах
@Herrera денојте кога играв главната лол игра, другар ми љубомореше дека јас сум била во девизија голд, а не он, а тој знаеше сите правила, додека јас бев дупе. Океј после то почна дечко ми да ме буста и да ми игра оти јас само АРАМ сакав, нешто како сега шо сум опседната со ТФТ. И долго време не му кажвав на другар ми дека уствари бустната сум во последно. Така да битно да играш ако ти е убо уз игра ќе научиш правилата. Плус ако е исто до лвл5 играш со ботој, плус имаш арени за тренинг кај шо играш сама. LOL ARAM TFT Еве разгледај си гејмплеј ако те заинтересира. Јас „религиозно“ го играм само последното.
Јас играм Лол секој ден,по 2-3 партии некогаш и повеќе зависи од времето што го имам,иначе ја играм од кога искочи,повеќе наврати играв,не играв,али периодов влегов сериозно со сите салтанати.Иначе ја играм Ahri,фаворит ми е и најдобра,барем на мојот карактер одговара .А TFT ја најдов случајно на Play Store,и ја играв доста време,али сеа незнам ни акаонт ни ништо,ама ке средам се .Ако има организација планирајте ме