СДК ги читам и ФМЌ и 40ката понекогаш. Не пишувам речиси никогаш ни во едната ни во другата. Кај припаѓам во таборите на форумов? Ова ли е тоа неопределени што го викаат? Едит: 40ка и ФМЌ не ми се лутете, се шалам Подеднакво сте ми интересни
Очу да кажем дека ми е мачно да ја растегам пајажината за хелоуин па личи на вата месицинска што всушност и е...пајаците се реалистични.
Сакате времето брзо да ви лета? Сакате да добивате најлуди идеи? Сакате да станете покреативни, да добивате модни инспирации, желба за цртање, желба за правење рачни изработки? Сакате наеднаш да добиете желба за вежбање? Сакате да почнете да ги решавате сите ваши и туѓи проблеми? Тоа може да го постигнете на многу едноставен начин, наречен натрупување на материјал за учење. Добив желба за сè што не е учење. И ги научив сите алатки за пишување на пост пишувајќи го овој пост кој ми одзема 10 минути кои можев да ги искористам на учење.
Мишел Обама има цитат на кој се присетувам секогаш кога имам трема за нешто: I have been at probably every powerful table that you can think of, I have worked at nonprofits, I have been at foundations, I have worked in corporations, served on corporate boards, I have been at G-summits, I have sat in at the U.N.: They are not that smart. За една личност да ја сметаме за успешна таа треба најчесто да биде валидирана од други луѓе. А за тоа, не треба воопшто да си генијален или натпросечен ум, доволно е само да се однесуваш така. Луѓето во позиција на моќ, особено авторитетите со кои се среќаваме во секојдневието, во најголем дел се таму поради среќен сплет на околности, а не напорен труд и работа или генијалност. Не се ништо повеќе од вас. Затоа запаметете сите, нема нешто на светов што не можете да го постигнете. Конкуренцијата не е толку страшна како што изгледа, особено ако знаете за што зборувате на масата на која се наоѓате.
Ни танга веќе никој не носи. Апдејт за млекото од индиски ореви: Нема да му го поправите вкусот ако направите пудинг со него. Само ќе го расипете вкусот на пудингот, а на крај ќе го истурите цело тенџере во канта
Зошто луѓево ја мешаат маглата со нечист воздух? И паничат по социјални мрежи... Океј капирам дека телевизорот знае да засади у мозокот али премногу си дозволувате.
До кога постовите од типот "имам пријателка, доста успешна, ама сите околу мене зборат дека џабе и' е кога не е мажена и нема деца" ќе собираат лајкови еден куп ко да сме 1980? Не дека и денес нема такви што зборат ама зошто тие ретки веќе не се игнорираат и да се заврши со глупавите "Тед муабети" во нивна чест, мислиш којзнaе што е кажано?
Утрово поминав покрај основното училиште, каде што, веќе пред многу години, учев и јас. Се погоди времето на големиот одмор. Растрчани и весели деца, чекаа ред во неколкуте блиски пекари. Некои од нив, веќе со топло, вкусно пециво во раката, се враќаа накај училишниот двор. Колку и да не го сакав мирисот од кујната во училиштето тогаш, сега ми разбуди прекрасни спомени. Детството нема да се врати, тогаш едвај чекавме да пораснеме, да почнеме да излегуваме, брзавме да имаме симпатии, брзавме да ја препишеме домашната од некого наместо да ја решиме самите, брзавме со многу нешта. А подоцна сфаќаме дека побезгрижно од тоа време немало. Носталгична личност сум по природа, особено ми влијаат познатите мириси, звуци, песни што ме враќаат во минатото, барем за миг. Би се вратила за ден, да би можела. Само уште еднаш да ја почувствувам таа безгрижност.
Па и подобро луѓето да си гледаат своја работа по телефоните, отколку сељачки да манијачат. Ура за технологијата
Од сега барам дозвола да поминам на пешачки, да не се нервираат кутриве возачи што мораат да ми застанат, уште па ние пешаците криви на крај. Ужас.