Абе многу ни е начитана денешнава омладина, секоја втора девојка држи книга во рака и во таков голем уметнички занес цитира мудрости на кои не им го знае преводот бидејќи нивото на писменост и интелигенција не ви се совпаѓа со насловот на книгата и нејзината тежина бе дечки, а уште помалку со името на авторот. Јас во принцип многу почитувам луѓе што читаат книги т.е. оние кои читале уште пред книгите да дојдат во мода, а овие денешниве помодарки што читаат само за да се вклопат во масата и се доживуваат како библиофили ми се толку плитки и смешни во обидите да бидат нешто што не се и себе издигање колку се они умни и мудри. До вчера единствено нешто што читавте беше весникот Шпиц зашто беше гага, ама ако, имате синдром на уште една овца од стадото која на крајот од денот пак ќе квакне пред телевизорот да гледа нова епизода на сихронизирана турска или индиска серија.
A јас мислев дека сум единствена. Безброј пати така "случајно" сум прочитала многу работи и после се лутам сама на себе.Ама што да правам, посилно е од мене . Мора да се најде некое решение.
Благодарност до МС Hammer за камуфлажата. Прднав на вежбање и единствено што пробав да исконтролирам е смеењето .
Поиритантно нешто,амин! Најсмешно ми е кога со занес раскажуваат колку е книгата супер и кул,а во суштина,читаат или тинјеџерско нешто или нешто од калибарот на Робин Шарма и слични с**ња. Или чик литература.Нема друго. После веднаш следуваат препораки, "Лелеее,мораш да ја прочиташ,ќе ти ја дадам,многу е добра.". Што да читам, "Озборувачка" или "Калуѓерот што го продаде своето ферари" ? Аман!
А зошто со предрасуди да се гледа кон литературата и уметноста.Некој му се свига чик литература,некој филозофија и политика ,некој сај- фај.Крај краева книгата е единственото парче хартија кое ме носи во друга димензија,во некој друг свет преку која за момент заборавам на својата реалност и се соживувам со ликовите. Книгата ми е релаксација и уживање без разлика кој е жанрот кој го читам а не предмет за докажување на мојата интелигентност и познавање на филозофското поимање на светот. Мене па ме нервираат луѓе кои не го ценат трудот и пишаниот збор и на него гледаат со потценување.
SuperGirl24, многу јасно дека не сме сите на исто интелектуално ниво и не е секој роден за да ги разбира тешките филозофии кои се напишани во книгите, има и такви кои читаат за релаксација како што и самата си спомна, а од друга страна читањето на Достоевски не те прави интелектуалец и гениј. Во моето мислење не е предмет на дискусија жанрот на книгите и нивно потценување туку помодарството кај одредени кои секој ден се истакнуваат со нови наслови на прочитани книги за кои освен краткиот опис на корицата друго не знаат, а истите тие личности до вчера книгите ги користеа единствено за потпалување на оган. Ако го прочиташ моето мислење малку повнимателно, можеби ќе разбереш што сакам да кажам. Мене па ме нервираат луѓе кои не го разбираат контекстот на разговорот, а притоа упорно упаѓаат во дискусии мислејќи дека кажале нешто револуционерно.
Пирана не ти реплицирав на тебе туку на Софијанока која ги потцени вкусовите за кои и онака не се дискутира нели.
Се повеќе сум убедена дека на добрите луѓе добри нешта им се случуваат! Тоа многу ме радува! Гледам колку е некој искрен, чувстителен, со добра душа, без способност да ти мисли нешто лошо или да завидува некому за нешто, со таков кроток поглед кој не би можел да помисли на ништо лошо и ете, си добил тоа што си заслужил! Ете се е како што си планирал и си се надевал па дури и повеќе од тоа. И пак си е истиот човек со истата добрина и искреност во душата! Еј, а сите што си се декларираат како добрици, а сепак не им оди ништо во животот може треба да се запрашаат зошто мислат дека се добри. Не за друго туку овие стварно добриве не ни мислат за себе дека се добри и дека заслужуваат незнам што. Е баш ми е мило, го кажав тоа затоа што го чувствувам, а видете тоа мене не ме прави ни малку добра... Живот, таков си се раѓаш едноставно!
Исто Ана,исто. Уживам едноставно да излезам макар и во двор и да фаќам мали детали од природата. Некоја озреана малина скриена позади ливче, шарено небо, цветови со јака боја. И голем мерак ми се направи со опцијата на новиот фотоапарат да се слика нешто одблиску, а сепак да биде во добра резолуција. Сон ми е апаратов И леле,луѓе колку е убав животов,срцево ми се радува. Му благодарам на Бога за се, оваа среќа, овие родители, оваа сила, овој живот и сите прилики и можности во него.
Во маало имам неколку парови баби и дедовци кои живеат сами, а внуците многу ретко ги посетуваат. Толку се желни некој да им дојде на гости, да имаат со кого збор да разменат, што една од бабичките редовно ме вика на кафе со локум. Особено ако ме види со апаратот, ми вика: Дојди да ги сликаш цвеќињата, многу се убави. А и мачињата се тука некаде. Ако имам време, секогаш седам со неа во двор. Пиеме кафе под сонце, а јас повремено „фаќам“ по некое кардо. Бабичкава има над 80 години, 5 внуци, ама многу ретко доаѓаат да ја видат. По цел ден седат сами со дедото. А толку се мили и толку убав муабет може човек со нив да си направи, па и нешто да научи. Си викам, да беа моите баби и дедовци живи, постојано ќе ги посетував. Многу рано починаа, само едната баба ја поживеа Господ малку повеќе. Почина пред скоро шест години. Сé до тогаш, јас секој ден бев кај неа. Многу си ја сакав и бев премногу приврзана за неа. Ме учеше да везам, да сукам зелник, и со неа муабетот ми одеше многу лесно. Дома секогаш имаше од оние бомбони со карамела. Кога и да ги видам тие бомбони, ми текнува на неа. До сите внуци кои заборавиле кога последен пат ги посетиле бабите и дедовците - сигурно можете да одвоите време барем еднаш неделно да ги видите. Денес се тука, утре ќе ги нема. Рацете на оваа бабичка одгледале многу деца и внуци и до ден денес неуморно работат.
Ги испратив моите на свадба и ми олесна. Не дека сега не ми се дома, туку бидејќи конечно заврши тортурата наречена подготовка. Не знам дали само мене ми се чини така, но како што минуваат годините, така мајка ми и татко ми почнуваат да се однесуваат како ... тинејџери средношколци. Татко ми ми најде милион замерки за кошулата што му ја спремив, одеднаш почна да разликува бои и нијанси и не само тоа - волшебно почнува да ја владее темата „што со што оди“. Мајка ми мисловно го надена на себе целиот плакар, небаре се спремаат за врачување Нобелова од областа на фармацијата и билкарството. Па не ѝ се допадната нежната шминка која си ја замислила и дојде растревожена за да ја корегирам. Па ја подзакачи кошулата и ја скина, а како капак на тоа, си ги заборавила очилата на работа и ми даваше инструкции на слепо „полево, подесно, немој толку раздалечено да ја пикаш иглата“, небаре прв пат во рака фаќам игла и конец. Потоа никако не можела да излезе на крај со косата, па ми ја изгуби обетката и на крај добив коментар дека за џабе сум купувала парфеми - не ми чинел ниту еден. Слава Богу, заврши „идилава“ и сега и јас можам да здивнам од целодневниов макотрпен брејнсторминг кој ми го приреди мојата најсакана и во последно време богами, најоткачена мајка. На крај фалеше уште да им кажам „не седете до касно и внимателно со алкохолот.“ Си пуштам Ерика Баду и се ставам на викендски hibernate.
Да се надоврзам на муабетот на Ана. Јас премногу си ги сакав бабите и дедовците, премногу. Дури и тие по улица шо беа, редовно си ги посетував, посебно во летниот период, малку да понижам тутун, малку на муабет. Исто и моите рано си заминаа, ми остана уште една бабичка и еден дедо кои секогаш кога имам барем малку слободно време си ги посетувам. Кога сме кај моите баба и дедо ми текна на една интереса ситуација, барем за мене е. Секогаш кога одев кај дедо ми и баба ми, дедо ми ми викаше: "Баба-Жаба и Дедо-Медо" . Памтам баба ми многу се лутеше оти ја викаше жаба. Јас така целата да ја утешам баба ми еднаш и реков: "Ами бабо, поарно да сум жаба, отколку МЕД во тегла, барем че си рипкам". Баба ми и дедо ми тогаш слатко се насмеаа и ми кажаа дека под "медо" се мислело на мече. Е сега не знам дали само јас тоа "медо" си го толкував како мед во тегла или има некој друг како мене, ама знам само дека секогаш кога ќе се птосетам на ова ми изнудува една насмевка, ама онаква, од срце. Ах, детство....
Колку ме плаши иднината Или па премногу се замарам со премногу прашања на кои очигледно одговори неможам сега да најдам затоа што сите се поврзани за во индина. Како да се препуштам на моментот и да уживам ? Ама не неможам не сум таква да гледам само сегашност без да размислувам што во иднина ... Ќе се навикнам ли на новиот живот? Ќе можам ли да градам цврста иднина за добар живот? Ме плашат обврските кои ме очекуваат ...Неможам сама да се препознаам Премногу сум греовита и повеќе галје берам за другите си велам што ќе прават моитебез мојата помош како ќе се снаоѓаат,како ли ќе се одмараат кога ќе нема кој да ги замени,кој ќе им прави јадење додека тие се на работа,како ќе се снајде сестра ми без мене милиони прашања и мисли имам во глава ТЕШКО МИ Е ! Мајка ми вели :не гледај не нас не мисли не ,ти си веќе возрасна и доволно зрела за да знаеш како треба да постапиш и што да правиш ние можеме само да те подржаваме,не се секирај ќе се снајдеме без тебе,неможеме заради работата да ти го упропастиме животот во кој до прва треба да го живееш... Оф бре мила мајкичко како да не ве мислам кога знаеш дека неможам да се сменам ете таква сум и неможам да се решам и да кажам : да од денеска заминувам и почнувам самостојно да си живеам сама А несакам па и него да го мачам повеќе и да ги оставам сите негови прашања без одговор Имам чуство дека моето одлагање,моето двоумење и избегнувањето на сериозните теми за разговор го прават да се сомнева и да се чуствува љубоморно... Пред некој ден низ муабет ми вели :не те препознавам,зошто несакаш да разговараме за сериозни работи кои и двајцата ги сакаме и планираме овие години,зошто ме избегнуваш кога ќе споменам заеднички живот ... А јас нормално сменив тема и почнав да правам некој глуп муабет затоа што и самата незнам што треба да кажам. Секогаш ли ќе велам абе ајде има време,чекај бе да поуживаме,неможам да ги оставам моите сами... Реши се со време нечекај да помине време,најди си работа створи си фамилија ме советуваат поискусните оние кои вистински ме познаваат и ми мислат се најдобро,но како од каде да почнам што да правам Само си се молам да ми се средат мисливе и да застанам силна и самуверена решена да продолжам и да започнам ново поглавје во мојот живот. Се надевам се ќе биде во вистинско време,дајбоже да биде !
Доаѓам на Фемина, мотивирана за вежбање, тражам видеа и.. и завршувам во темите за храна и рецепти. Ццц.. провокации на сите страни.