Животинки, душички, душкосани, не е можно човек да не ги сака, да биде рамнодушен према нив, ко се такви откачени, по малку блесави :geek:
Во последно време ме нервираат луѓе кои панталоните ги носат кренати до вратот, напикани во задникот. Онака, до степен да не можат правилно да се движат и ако седнат да си го изгребаат задникот. Но барем јако е да ги гледаш како се движат како да имаат хемороиди.
Срцки се, и храна да им оставаш и каките да ги чистиш и ич да не ти е мака. Енергијата и радоста која ја носат непроценлива.
Треба да научам да ќутам кога сум гладна,зошто тогаш сум нервозна и после пола време го поминувам во извинување за тоа што сум го рекла Исто треба да престанам да купувам храна тогаш,зошто ненормално грабам и ептен сум ненаситна на око. Ма,јас треба да престанам да бидам гладна.
1. Не му се сите песни турбо фолк на Жељко има и убави песни. 2. Не си единствена што не беше на Жељко, напротив си се поштедила од долг напорен концерт на кој биле измешани 1000 типа на музика од народна македонска до техно. И цел концерт почнал во 22 часот наместо во 21 часот, оти као ги „забавувал“ Жаре Бербер. И на сите им ги претресувале ташните и на сите шишињата и грицките им ги одзеле и исфрлиле. Што не е во ред не е секој спремен да плати 100 денари за пиво или 50 денари за пола литар вода. 3. Малку луѓе во државата можат да си дозволат да платат над 500 денари, да одат во странство на концерт или да одат на концерти на поквалитетни изведувачи тука во Македонија. Затоа многумина беа на концертот не оти се селјаци или оти обожаваат турбо фолк туку оти ретки се концертите за кои влезниците се од 200 до 300ден(беа најскапите).
СДК ..тажни ми се луѓето кои не знаат да бидат сами со себе. Толку им е очигледна маската, тоа одмбрамбениот ѕид што го ставаат преку постојано излегување, дремење по кафичи, не свртување дома и демек животот исполнет со забава. А и ним им е толку преку глава од постојано истите муабети со истите такви личности, со истите места, со онаа бедна рутина. Тажни ми се зашто не знаат да потрошат добри два часа на гледање филм или обично релаксирање со телевизија, со правење нешто што го сакаш - сам. Од неодамна почнав да се дружам интензивно со една таква личност, поради што сфаќам дека онаа празнина што јас ја чувствувам некогаш е ништо наспроти нивната. Тие луѓе ништо не искусиле во животот, само се празни.
Но да не ги заборавиме ни оние кои ги носат панталоните пониско од долната облека, кој за да покаже квалитетна гаќа, кој за да скрие недостаток на задно дебело месо. СДК кога татко ти ќе го преврти светот ако треба, само за да добиеш од неговата роденденска торта и да си славите роденден заедно на 170 километри далечина
Навечер, кога небото е темно и ѕвездите сјаат, застанувам покрај прозорецот и го чувствувам тој мирис.Миросот на липата.Да, тоа е мирисот на летото.Едно од најубавите годишни времиња. Време кога уживаш во ноќните прошетки, време кога ја впиваш таа ноќна свежина.Градина со цвеќиња, лето.Време кога сонцето се насмевнува на сиот народ на овој свет.Нема поубаво нешто од тоа кога си на плажа, се сончаш и пливаш.Се бориш со водата, за да станеш победникот.Си уживаш во некоја добра книга на плажата.Го набљудуваш зајдисонцето.Го запознаваш светот.Се чувствуваш прекрасно затоа што е лето.Сакам да кажам дека е пред мене, дека го чувствувам тој мирис кој ми недостасува веќе една година.Колку е само прекрасно кога може да се вратат старите незаборавни мигови.
Објавија слика од секси криминалец од Сад, па жените полуделе за него. Можеби ќе соберат пари да му платат кауција од речиси 90 000 долари. И вриштат коментари од мажи, како ние жените наместо да ги погледнеме добрите мажи, се палиме на лоши, сами си го бараме, бла, бла, бла... Па, мажи, истото и ние сме го велеле за вас. Кога наместо да погледнете некоја добра и паметна девојка, се палите по ефтини и нискоморални девојки. Кој ви е крив и вас. ** Песнава е добра кога ми треба малку елан преку музика. http://www.youtube.com/watch?v=PJjXnkd6bUQ
Денес бев сведок на еден муабет меѓу 2 ќерки (врснички на ќерка ми) на мои две познанички.Свратија на кафе ,на поминување и меѓу другото ме прашаа каде е ќерка ми.Им кажувам дека е на Кипар,и следеше превртување на очи,прашања колку чинело.Многу викам,ми ја слисти кожата од грбот.И сега доаѓа клучниот момент.Како и се давале толку пари кога можела со тие да си купи „ориџинале“ фармерки,очила,саат и не знам веќе што.Им кажав дека јас ,и на нас не ни е важна марката,важно е да изгледаме пристојно. Мислам која е смислата да купам фармерки од 3000 ден.чанта од 6000 ден,а да ги шетам по градскиот прав,а да не можам да си дозволам да излезам од него. Не, благодарам! Јас и во стари патики би го прошетала светот да ми се пружи прилика.
Сакам да кажам дека душата ми е исполнета до максимуум...ЗНачи вчера си поминав најпрекраснооо на концертот на жељко толку убаво беше многу го сакам а прв пат го гледам во живо беше толку блиску до мене да можеев ќе го изедаам толку убав човек и маж ми беше до мене па ме гледаше како зверам во него хаха големаа работа тој е само пејач ко божем некој стварно може да го има ..фала му на маж ми што ми ја оствариии желбата да ме однесе на концерт пошто он не си емногуу по концерти
Времето лета кога ќе си се зафатиш со нешто. Јас денеска си искористив тоа шо сум сама дома, и си зедов и си направив генералка. Некои ќе речат, е браво, баш убо си си го искористила дено кога ќе си сама, ама да ви кажам искрено јас си обожавам да си правам генералки, псоебно сама кога ќе сум. Музичето на максимум, нараквиците на раце, косата во реп и забавата може да започне. Некој да ме гледа од страна ќе речи оваа не е арна, оти јас играм, танцувам, пеам се замислувам во DWTS дека сум и си спремам кореографии Сум си поминала се со правосмукалката, сум изџогирала, пребришала прашина, малку го преместував мебелот по мој вкус и на крај сум и ги обрала на мајка ми трендафилите од задниот двор и сум наместила вазни во секоја соба. Ги обожавам цвеќињата, псоебно трендафилите. Нив ги обожавам. Ептен убаво ми мирисаат и прекрасно изгледаат. Мајка ми има во три бои и си ги чува жената. Просто обожаваме да си седниме позади и да си пиеме кафе. Миризбата ме опушта и прави да се чуствувам прекрасно. Сега кога ќе види дека сум берела од нив ќе се подналути малку, но ќе и помини. На крајот несот готов, се исчистено, мириса на убаво, јас измиена, релаксирана, ќе си го зафатам местото пред телевизорот и ќе си уживам. Немам некои посебни планови за вечерва, за утре имам, ако е вака сонце со брат ми ќе шетниме малку по шумиве наши, со кучето, да видиме природа малку и ние Поздрав девојки и имајте убава вечер
Ако сакате стопати да гледате едно видео и пак да реагирате вака, this is the right thing! Ќе си пукнам од слаткоќа! http://www.youtube.com/watch?v=HZxZWqhFCvw
Е значи многу сакам да тролам глуперди што мислат дека се ептен паметни и ја испиле последната капка мудрост на светот. Сарказам и ренесанса ви велам јас.
Aпропо муабетов на Луничка, Патувањата и купувањето на книги,се единствени работи на кои трошиш,а стануваш побогат.Само кој да разбере.
Секој ден гледам како татко ми постепено се згрбавува од работа. Господ знае колку ми е жал кога ќе видам дека ми го дава последниот денар за да се школувам, да ми обезбеди подобра иднина. Што повеќе да посакам? Секој ден ги гледам проширените вени на мајка ми и нема полошо чувство од беспомошноста, кога знаеш дека можеш само да учиш, да ги направиш најгорди на цел свет и да им помагаш во се што можеш. И, преку глава ми е од гомната што не виделе никаква тешкотија во животот, а ги омаложуваат родителите, од нив очекуваат да им ја завршат гимназијата, потоа факултетот бидејќи мозокот го користеле само за фејсбук и умилкување на професорите и на крај да им најдат работа пошто се неспособни за било што, освен за крстење раце и да се караат по дома. Верувајте, понекогаш навистина немаат нешто повеќе да ви пружат. Иако сакаат. И не се тие виновни за тоа. Ве сакам
Немом да гледам поќе слики од ваму сум била,таму сум била...вака облечена-така облечена....дома ми е убаво видете ( позадини со скап мебел,завеси...и таквимитија ствари...) ГЛЕДАЈТЕ И ЛАЈКУВАТЕ ! И шо? Која е поентата во сето тоа?? Пример,јас бев цел викенд Скопје,па не објавив...Не бев на Јоксимовиќ,ама си шетав и в стан си седевме со мајка ми двете...едно рилекс викендче...И шо треба да напраам јас сеа? Да земам да се таггнувам? Не е важна облеката туку душата што ја носите во вас.... Респект за оние што го знаат она “ На покриен г*з никој не плука“ И нема да се фалам,не сакам да паѓам в очи...скромна сум,па што? И после Ј ваква била,таква била....Таква сум што да праам... И најмногу ме нервира муабетот “ Сегде е така,одма од ко ќе заминиш те озборуваат сите“...Е не е сегде,верувам дека има и такви ко мене што не сакаат озборувања и критикувања многу..Можи звучи егоистично... СКРОМНОСТА пред се...
Тоа е тоа, кога детето слуша секакви разговори од возрасните. Какво родителско воспитување просто да се чуди човек. http://www.youtube.com/watch?v=RcCrBraNgIw