Зошто онда живеете заедно? Јас не реков дека ти се жалиш. Јас те прашувам зашто не расчистиш со односот кој те труе? Дека ти е татко ли трпиш? Прочитај го уште еднаш на крај тоа што го пишав.
Затоа што моментално нема услови да живеам сам,да имав во истиов момент ке си отидев.Ради тоа што со него нема рачистување,он е човек кој не зборува,што и да му зборам ќути и вика само,да така е,и толку.Не го трпам дека ми е Татко многу јасно,за жал неможам сега да отидам во друго живеалиште,но за брзо секако ке отидам.
Пробај најди студентска соба, или со некој студент заедно изнајмувајте. Моите ме оставија на цедило многу гадно. Не би за тоа. Не би ни за како сум растена. Тешко е човек да одлучи. Но кога ќе сфатиш дека слободата е богатство... Тогаш ќе сфатиш и кој товар си го носел психички. Ако ти мислиш дека сеуште имаш време за да си осакатен и ти вреди секоја минута помината така онда во ред.
Со платава уште лани си можел да се иселиш од дома. Долгови какви имаш? Жирант си? Ако не, покрај жив родител немаш долгови.
Лани работев во Странство,и таа плата ја зимав таму,а не тука.Иначе живеев 4 години под кирија,кажав во постовите горе,сега не сум во можност,ради тоа што СТАНОТ го даде татко ми под хипотека,и мора премногу да се пази на тоа,реков сестрами никогаш не работела,а има 2 мали деца,кој ги гледа и храни татко ми,и децата и нејзе.
Пак останува дека ти не си должен да ги гледаш ни татко ти ни сестра ти. За жал, колку и да е сурово - вистинито е. Посебно ако тие личности не ти носат ништо добро во животот.
А зошто немаш можност? Објасни и на пошироката публика зошто не сакаш да си излезеш од дома, јер ти свесно си одлучила да се жртвуваш. А како си ти поврзан со хипотеката? Од тема на тема скокаш а сосема е неповрзано. Факт - ако сакаш да излезеш од дома - ке го направиш тоа.
Факт е дека не сум должен,но знаеш колку и да е лош родител,сум се жртвувал цел живот,сум му помагал МНОГУ со пари,верувјате многу.Не сум му барал ништо,ни да ми враќа пари ни ништо,само сум сакал мир,спокој,и да не ме гуши со цигари,а знаете што добив последниве 10 години?Психијатри,оболување на бубрези од нервоза,психичко малтретирање,понижување,ради тоа што не смее на неговата Ќерка ради тоа што она кога ке му викне,он буквално не смее збор да му врати,наводно нели му е слабост,а јас што секогаш сум бил покрај него во лошо,ме третира како најден на улица.Но јас еден ден КОГА ке станам РОДИТЕЛ знам како НЕТРЕБА да се однесуваш кон своето дете,и како не треба да ги двоиш СОПСТЕВНИТЕ ДЕЦА. Фала ви на сите за советите,и за што ме ислушавте,пак ке повторам јас не барам од никој вас помош,него само искажав што чуствувам и осеќам,и секоја критика негативна,позитивна,е прифатена од мене Матичен да ти оставам,па да провериш како сум?Не оди во безобразно,и не влагај каде што не ти е место,фала на разбирање,и имај убав ден.Поздрав
Јас па никаде не прочитав @ЕденЧлен да бара совети и мислења.Човекот си кажа што му лежи на душа. Во секоја куќа не владеат исти правила.А,и алал ви вера чим паметите кој член колку плата има.
Колешката купила патики Скечерс за 35 евра од Тк Макс , цел град го обрнав и нема никаде. Златен Амазон, ќе си порачам од таму 2 пара и мирна глава, неам живци да се замарам со пиздарии за едни ебени патики. Го чекам дечко ми да заврши со десертот, печел некој сув колач со јаболко , абе домаќин човек, а јас се трудам да ослабеам Ај додека го чекам да се вратам 10 години назад со охриѓаниве кои тогаш ми беа фаворити на Евровизија 2009 ... ......ќе се веселиме заедно другарове Откачив ко тинејџерка во пубертет П.С. @Biljarkata , @nightingale , Кичево а ? - Епа да ми пиете од чешмичево
Имам чуство дека еден член останува таму ради децата. Не скам да нагаѓам родител бр 2 зашто не е спомнат ама време е и таа да сфати дека треба да си го крене газот за да донесе леб за тие деца. Најстрашно е што ова не е само кај него дома така.
Има и шанса разведена да е сестра му. Еден член , јас растев со родители пушачи а самата не пушам. Палам една кутија годишно со павкање. Не само што за децата не им беше гајле , туку и за внуките кои тврдат најмногу ги сакат. Мајка ми има изјавено, многу лецемерно и незрело, дека тоа и е единствено задоволство во животот . А со бронхит е хроничен. Мене прво не ми е јасно како рак на бели дробови немаат досега од 3 кутии дневно едниот и 1.5 другиот. Знам дека нр побара совет, ама џабе си тажен, тие не се поправаат. Нарцисоиден социопат тоа и ќе си остане...најдобра контра е среден прст и аста ла виста..
Останувам ради финансии,не сум бил никогаш во ваков хаос со финансии,но ке се средат во брзо,ради тоа што не сум мрцина,и работам од мој 18 години,ни сум седел и чекал,ни па ке чекам од некој нешто.Мајками е почината пред скоро 10 години(има кажувано доста на Форумов),сестрами има 2 факултета(али џабе),никогаш нема работено,и самата кажува дека нема никогаш да работи,и Татко ми ќути на тоа,колку и да е лошо се од страната на Сестрами он е на нејзина страна секогаш.Иначе напоменав дека неговата ќеркичка има 2 деца,од 2 различни Татковци разведена е со двајцата,за кој никој денар не дава,освен ние домашните што помагаме,но за жал тоа нема вечно да трае,и јас треба веќе да оформувам свое семејство.Господ да не чува сите,а најмногу Здравјето да ни го чува,па ке се спечали се. Имам прележано Бронхитис на 7 години,и многу добро знам колку е тешко сето тоа да се помине,секоја Зима јас го јадам,се гушам,полн сум шлајм,малце да ме дувне ладно бубрези ме стегаат,ама трпам мора,се бориме и нема остапување.Татко ми вика ја живот одма давам за Внуците,ја викам ете живот остави цигарите,не ги труј,и он ќути на тоа,иначе он и она пушат 4 кутии на ден цигари,тоа е ненормално нешто,и тоа виктаат од тие гадните што смрдат да не кажам на што.
Затоа што мислат дека,седам дома и сум ТАТИНО синче,кое е приврзано за Татичко,а јас и он сме небо и земја,и многу пати имам кажувано за него на форумов,колку е лош родител.Не сакам погрешно да бидам сватен,само сакав на темава да се искажам и ништо повеќе.
@ЕденЧлен не мора толку да се објаснуваш зошто ти е така ко што е. Имаш право да ти пречи и сами треба да имаат осет за децата ако не за друг.
Па што сакаат нека мислат, нели гледаш дека потајно сакаат да те исмеваат, што ти на 30години живееш со твоите. Јас искрено не ни читам туѓи животни приказни али секад истите членови се ги засега, да се пика нос кај што не треба ми е без осет. Релакс.
Знам но јас НЕ СЕ СРАМАМ од тоа што сум,не се срамам да кажам каква ужасна фамилија имам,не се срамам да кажам ни што сум поминал,и поминувам.Јас сум тоа што сум,и не се срамам. Најмногу исмејуваат оние што врска немаат што е ЖИВОТ,оние кој добиле све од нивните Родители или земале БОГАТ МАШ,пари,слава,имот,е тие ВРСКА НЕМААТ ШТО Е ТАГА,БОЛКА,ГНЕВ,СИРОМАШТИЈА,БЕДА. А мене не ме имејува никој,да живеам со родител на 30 години,ради тоа што неможе секој да има пари да живее САМ,но ке имам,затоа што сум СПОСОБЕН И КЕ ЗАРАБОТАМ.Кажав не барам од НИКОЈ вас помош,најмалце од анонимен ФОРУМ,само сакав да се изјаснам и да си ги извадам маките,ништо ама баш ништо повеќе.