И ете го оној, кој милуваме да го наречеме "балкански менталитет" на темава, оној против кој сите се бориме и упорно сакаме да се искорени: старо мислење со сума од платата и прашање што правеше со неа Стварно се разочарувам од младината, понекогаш.
Зошто мислиш дека сето ова болдирано и тие самите не го знаат? Леб и паштета под мост во 21-ви век? Енџи, дали си сериозна? На овие временски услови, па дури и да е потопло може да завршиш во најлош случај со бронхопневмонија или изгладнетост. Не може вечно да се биде на паштета и леб. Мислам дека таквиот избор е индиректно самоубиство. Од под мост тешко се доаѓа до станбен успех, ве молам немојте со трогателни приказни, бидејќи реалноста е малку поинаква.
Па еве, некои се понашаат како да не го знаат. Да имам токсични родители, првиот план и цел во животот би ми бил како да избегам од нив. А на многу тоа не им е. Да не зборувам колку книги имам понудено на одредени личности што ми помогнале мене во одредени психички ситуации и што сум сметала дека ќе им помогнат и ним. Активно одбиваат да излезат од ситуацијата и продолжуваат да харасираат луѓе онлајн. ако сам не сакаш да си помогнеп, никој нема да ти помогне.
Сакам да кажам, не знам зошто ми беше избришано мислењето кога немаше ништо вулгарно и навредливо од моја страна, ниту пак бев директен учесник во расправијата. Пак ќе го кажам тоа што го мислам. Кога водиш дискусија, целта не е да го навредиш и исмееш соговорникот, туку со правилно одбрани зборови да го застапуваш твоето мислење. Во дискусијата нема простор за навреда, исмевање и вулгарност. Добар оратор треба да го знае тоа и да биде спремен да се соочи со се што ќе му се најде на патот, а не да бара изговори за да си кидне од дискусијата. Поздрав и пријатна вечер.
Не знам зошто го нападнавте @ЕденЧлен човекот само си ги искажа маките, како што правиме сите на форумов. Не секаде тече мед и млеко, не секаде е сјајно, не сите сме финансиски стабилни и не сите имаме хармонија во домот и подршка од своите. Абе, свесни сте какви родители, какви семејства постојат? Тоа мој дом мој правила е сосема во ред ама да труеш некого што страда од бубрези, астма, и што ти знам таму не е во ред. Имам две другарки кои пушат. Едната секогаш пуши пред мене и секогаш кога се враќам од кај нејзе обавезно кашлам, повраќам, ми се гади, и се гушам. Девојчето си го влоши здравјето свесно и нејзе и на нејзиниот сопруг од цигарите. А она, буквално исушена и ослабена од цигари, се влече по доктори, пуши по 2 3 кутии цигари и абер нема. Додека другата другарка секогаш кога сум кај нејзе излегува на тераса, пуши 2 3 цигари и се враќа назад, секогаш ме има прашувано дали сакам да излезам со нејзе на балконот или не. Никогаш нема пушено пред нејзиното дете или пред мене или пред луѓе кои страдаат од чадот, смрдеата од цигарите. Значи сепак е до о с е т кој не секој го има. Во мојот дом не дозволуваме никој да пуши, ако сакаш, излези на балкон и тераса, ама мене и останатите непушачи не смееш да не труеш поради твојата зависност, сакаш лути се, сакаш не. Инаку денес со мајка го направивме конечно ајварот, лут ко свекрва.
Сдк добивам главоболка од скоро секој ебен мирис, парфем, арома...од букет цвеќе добив сега животе скоте...се живо морам да мириснам пред да купам оти богзна од што ќе ме фркне мигрената
Јас не сум пушач...Ама не ми смета да се пуши дома. И не одам таму кај што не ми одговара. Немам право да кажувам што да се прави во туѓ дом.
Ама ако на некој кој живее со тебе му смета,не треба да дозволуваш да се пуши во присуство на таа личност.Исто и ако имаш гости пушачи и гости непушачи и притоа и со респираторни заболувања. Ако на некој му сметаат цигарите,треба да ги замолиш пушачите да не пушат или да пушат во друга просторија. И непушачите ако го чујат она што го напиша овде,ќе ти се налутат и нема веќе да ти идат. Не вреди да изгубиш роднини и пријатели поради нечија зависност која е опасна по живот.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2543245399088676&id=100002097222810 Не можам да престанам да се смеам, гледајте до крај.
Друга ми беше поентата. Нормално дека ако ми сметаат цигарите нема да дозволам да се пуши внатре. Не сакам гости да ми кажуваат што да правам.
Сериозно Беко, му ископа мислење од пред година дена? Кај ти текна жити мене? Па и цела финансиска анализа му направивте. Ах бре, да ви го имам паметот и слободното време. Скроз исто, само што од слушање музика и гледање серии не се фаќаат болести. Мислам што сакаш прави си по дома, ама споредбава ти нема врска.
Намерно пишав така за да докажам дека на никој не правам ќеиф. Не ти се свиѓа, чао пријатно. Ако сакам дома ќе правам пушална.
И така можеби ќе останеш без роднини и пријатели.За друго никој не треба да ти збори,но за тоа колку му сметаат цигарите секој има право да ти збори оти здравјето не е играчка. Не може да повредиш пријател непушач со тоа „не доаѓај ако не поднесуваш дим“ за да му угодиш на пријател или роднина пушач.Не е во ред.Исто,не е во ред ако непушач ти се пожали дека му смета димот ти да му кажеш „оди си оти ова е моја куќа“,особено ако тој или таа почнува да кашла или да се гуши.
Не реагирав само јас на вакви мислења. Ова е форум.Секој има право да си го каже мислењето. И ти стално ми упаѓаш во мислења,па не реагирам на сите.
Едно е да дадеш мислење а сосема друго е да давиш некого со ова, она имало право. Што ти е гајле па тебе за нејзин живот и што ќе прави она у своја куќа. Ти упаѓам оти глупости кажуваш едно те исто и тоа преоѓа во разубедување како она треба да прави по твои правила. Страшна работа.