Сдк..во минут до 12 ми текна да се пакувам..добро 13 минути до 12 е. Можеше и полошо. Кога ќе спијам, не знам. Пијуцкам жешка лимонада важно. И глава да речиме ме преболе. И порака ми стигна што иако вели " без драма сега: бла бла труч труч, има драма во неа. Ме нервира дека не ми е сеедно
Браво Марија, муабет на место! Всушност, девојката на Ривс е баш симпатична и весело изгледа. Како тинејџери се срамежливи и пристојни. https://fashionel.mk/kolumni/vi-prechi-devojkata-na-kijanu-rivs
Трошат скапоцено време на глупости,а после кукаат како немале време за нешто поважно. Е,ако не нашле време за тоа,значи тоа не им било важно ниту малку. Само прават лице пред другите.
Мислев дека чудово го има во некоја Росица, ама вчера на ќерка ми и го дале учебникот по Македонски да напише домашно и ми отвара кај сликава и ми вика: Мамо, кај го има ова? Ова не е убаво, тато само да седи и да чита а ти да го масираш и да правиш се по дома. Нели сите домашни работи се заеднички ме праша. Дете од 7 години, збунето ама и свесно дека тоа не е правилно. А сликава е споделена на многу места, фб е преплавен па жени што имаат ваква "идила" се со коментари од типот: Па мајка му така го научила, ја на овие години ли ќе го мењам. Ем се ќе направам дома, ем цигарчиња ќе му свиткам зошто он бил изморен од работа. Мажишта бе
Ми го зема зборот Лавстоунд, девојче паметно и воспитано со правилни вредности уште од мало, не би ни очекувала нешто помалку од тебе *** СДК едно од најзадоволувачките чувства како емпат ми е кога ќе видам некоја од оние позатворените личности и жртви на bullies на времето во скапаноно школо каде што завршив основно, како сега си има своја изградена самодоверба и гласни ставови, уникатен стил, хоби, успеси на одредени полиња... You go, guys and girls!
Кога веќе ја оговарате @ivi1987 да ви кажам дека еднаш сосем случајно ја познав пред Cineplexx со сопругот и детето, ја носеше една комбинација од модни критики иста. Стварно е мадафака мајка, се гледа дека е модерна, современа и софистицирана жена. Коа ќе пораснам Иви сакам да сум, најозбилно
Може у очи сме се гледале тогаш а не сум знаела дека си ти Сега сум уште помадафака, ја скратив косата скроз
Има лошо пошто прекорачуваш линија и си даваш превише за право. Ако знаеш дека некаде се пуши, зошто идеш кога веќе толку ти смета ? Излезете надвор на кафе. Во тој дом владеат правила на луѓето кои живеат во истиот дом и не се должни да ги менуваат пошто некој сака да бидат сменети, макар и на некој саат., исто како што кај тебе е правилото да не се пуши внатре. Со пушење не сум имала проблем, ама еве пример. Ни доаѓаат гости кои во буквална смисла на зборот мразат мачки. Да е моето некое немирно па на глава да им се качува, јас сама ќе го изнесам надвор или у друга соба. Ама мачката на сосема друг крај на собата, спие, они ме напињаат да сум ја изнела надвор. Молам ? Во мојот дом мачката припаѓа внатре, не можеш ти да ми диктираш како и каде се чувало животинче ради некоја си твоја фикс идеја у глава, а си ми на посета. Друг пример. Имав другарка кај која зимно време е ненормалнооо вруќо внатре, премногу грејат и ми смета толкава топлина, панични напади од жешко добивам ми се чини. Фино лепо престанав да идам кај неа дома, ни на крај памет не ми беше при одењето таму да и налагам нејзе или на нејзините да намалат температура пошто на мене како гост ми пречело. За се има решение.
Сакам некој да ме научи како да бидам екстремно зла, ама истовремено да се смешкам и глумам финоќа. Не е важно дали машко или женско ќе ме учи, битно е личноста да биде лицемерна и да има волја и страст кон предавањето. Сериозна сум, не се шалам. Ако некој има заинтересиран знаете дека ЛП ми е отворен, ќе се договориме за цена.