Сакам да кажам дека најмногу ме нервираат личности кои мислат дека знаат се и убедени се дека се во право иако тие истите никогаш ниту се нашле во таква ситуацијата ниту знаат како е. И ај тоа туку упорно се убедени дека знаат повеќе и од тебе Постојат луѓе кои во животот не сработиле ништо, се им било дадено, никогаш не отишле на работа и тие најкопетентни да кажат како ти не работиш доволно и како си неспособен да најдеш подобра работа Никогаш не сум се дрзнала на некого да му кажувам што треба да прави и ако давам свое мислење за работа што немам искуство и не сум прошла низ тоа стојам на страна и кажувам дека е тоа само мое видување на работите. Ама не некои мора не само да ти кажат што мислат туку да ти кажат што ти треба да правиш иако истите тоа не би го направиле никогаш ( не е секој роден да работи де некој треба и да ужива ама ти ако не печалиш доволно е тебе треба да те бесиме). Друго знам дека еднаш кога работите ќе почнат да одат во надолна насока веќе е невозможно да се вратат во нормала. Се надевам да имам храброст и сила и да продолжам понатаму зашто кога веќе не иде не иде и тоа е тоа. И мене ми е доста и мене ми е смачено и на некои луѓе едноставно не можеш ни да им угодиш ни да ги убедиш. Немам сила да се убедувам и разубедувам тој што мисли лошо за тебе ќе продолжи да мисли во секој случај и баш како што велат --- Никогаш немој да се правдаш себеси. Тие што сакаат да разберат ќе разберат посекако, а тие што не сакаат да разберат нема да разберат никако!!! ---
Со цело разбирање кон вашата селективна природа, ќе прашам дали вие некогаш сте се ставиле во "чевлите" на момците ? Во ред, во нашето општество постои безвременски тренд кој е постојано актуелен и релативно застапен познат како - сељанизам. Ама освен овие нус појави, метросексуализирани алфа мажјаци, постојат момци вредни за внимание. Зошто најчесто нивниот пристап кон девојките ( патем често пропратен со голема несигурност, недостаток на самодоверба ) е проследен со суров одговор и безобразно јавно исмевање ? Јас мислам дека има момци кои заслужуваат орден за храброст, само зата што собрале храброст и отишле до девојката која навистина им се допаѓа, подготвени на ризик да бидат одбиени, само за да се запознаат со неа. Не зборувам за напорните и упорните, разбирам за фер дечки чија понуда за пријателство, односно покана за состанок заслужува да биде љубезно одбиена со фер образложение доколку не сте заинтересирани. Сум била сведок на случки во кои според мене девојките првенствено себеси се деградираат. Јавно исмевање и покажување со прст, употребени сурови прости изрази, навредувани и нарекувани мизерни, бедни, загрев... Која храна на егото е сите да дознаат дека сте посакувани, патем и недостижни ? Како вие би постапиле во обратна ситуација ? Дали вие би ја имале таа храброст сами да пристапите кон некој кој ви се допаѓа, искрено да ги признаете чувства, па истиот тој да им раскаже на другарите за тоа со потсмев ? Да го фрли вашиот подарок, да ве натури со пијачката оти сте отишле да го поздравите, да симулира повраќање и да превртува очи, гласно да ве одбива пред сите, користејќи изрази кои не сте ги поттикнале на ниеден начин ? Сакаш некогаш да пиеме кафе ? Не - е сосема ок одговор. Жал ми е, не сум заинтересирана, ти си супер дечко, но едноставно не те гледам како потенцијален партнер - може да помине како одговор на поотворена понуда. Зборовите болат, а вашите навреди во име на моменталната улога на анимација во друштвото може перманентно да му ја срушат самодовербата некому.
Утре нов ден нова недела,се надевам и посакувам да го добиеме одговорот да за нас дека наскоро ке имаме нов и убав дом,да нашата љубов и весело мало семејство да го има убавиот дом. Посакува да биде така
^ Доволно е да знаеш азбука, колку правилно да го пополниш полето за име и презиме во пријавата. Правопис не мора да владееш. Ниски се стандардите, не само што ќе те примат, има да се чудиш какви неписмени ќе ти бидат соученици.
http://fokus.mk/fizika-i-hemija-k-e-se- ... -oddelenie Ги вработија сите што завршиле на техничките факултети или на ПМФ, па уште ова им остана Деца што уште викаат „Готовооо! “ после голема нужда треба да учат физика и хемија!? Која голупост! Или ова им е единствен начин да ги вработат тие што завршиле физика и хемија и имаат партиски книшки, а не се вработени? Мене страв ме фаќа од прва година на факултет која тикварка ќе треба да ми ги описменува децата во иднина кога најголемите тикварки од моја генерација кои цело средно за двојки се молеа се запишаа да студираат на Педагошки факултет за одделенска настава(од 1 до 5то). Како тие истите што се молеа за двојки и ги пуштаа на полагање ќе треба да им држат часови по физика и хемија на деца од прво до 3то одделение? Зарем ова не е навредна за нивните наставници и професори?
^ Со оглед на тоа дека ми се пие кафе, а шеќер дома нема, една ќеса шеќер добро ќе ми дојде во моментов, најозбилно ова.
Јас во еден по полноќ или во нула еден часот после поминуење на нула нула часот , си направив ладен нес, со шеќерче, со топка чоколаден сладолед, со две коцки мраз и течна чоколада Сега го шмркам, пената ми е најзабавна. Од среќа дури уловив мува во лет пред мојот монитор, непланирано, ја слушнав и замавнав и бљак, се размачка. Каде си сега ти црвенокоса да ми доеш на кафе, имам и шеќер и све Туку, што ми беше муабетот, во последно време многу негативно се осеќам, не толку депресивно, повеќе сум во муд-преку курац од све.
После дванаесет, десет минути поминуење, Абеја ќе те почастам со хаштагот #namajkati. Идам љубави. Тури го оваквото. ЈЕР МОГУ ДА ДОНЕСЕМ МАЧКЕ СА СОБОМ? И ПРАСИЧЕ?
Значи ќе ме почастиш утре во нула нула часот и десет минути по полноќ уствари дваес четири часот? Можеш шталу да понесеш, ал да не пуше, можеш да ми пошаљеш и неке документе ако имаш.
Претешко е во вакви моменти.. дури тогаш сфаќаш дека животов е еден и дека треба максимално да му се посветиш, се присеќаш на сите ситници и глупи работи за кои секојдневно си се нервирал, што не биле ни приближно страшни како што во тој момент ти изгледало. За жал, треба да почувствуваш нешто многу полошо за да се свеснеш и сфатиш кои се вредностите. Во еден миг може животов за 180 степени да ти се смени, да не знаеш каде да се свртиш, што попрво да направиш. Затоа едно е битно. Најблиските да се со тебе, среќни, здрави. Се друго со ред. RIP
Им се восхитувам на луѓе кои храбро се носат со тешките последици кои животот им ги задава и кои после се` повторно застануваат на нозе. Луѓе кои се соочиле со премногу проблеми и никогаш не се пожалиле, туку се надевале на подобро. Кога на некој друг би му се случиле само четвртина од работите кои им се случиле ним, најверојатно не би издржале. Тоа би ги уништило. По не знам кој пат очи во очи се соочувам со суровоста на животот. Солзите течат, тешко ми е, а не можам ништо да направам. Единственото нешто кое можам да им го дадам е утехата и надежта за подобро утре. Гледам како цел живот се соочуваат со истиот проблем, и пак успеваат да го извлечат најдоброто од секоја ситуација и повторно да бидат среќни. Но има последици. Лузните тешко заздравуваат. Во вакви моменти сфаќам колку сум среќна што имам љубов. Родителска љубов. Бидејќи, оној кој ја нема почувствувано таквата љубов се` би дал за барем еден миг да се почувствува сакано. И ништо друго не му е потребно. Затоа, чувајте ги оние кои ве сакаат и прават се` за вас. Има луѓе кои никогаш не почувствувале љубов. А јас, ќе продолжам да давам љубов таму каде што е потребна.
„The problem with the world is that the intelligent people are full if doubts while the stupid ones are full of confidence.“ Поточно нешто здравје. Абе му црташ, се трудиш на најпрост начин да му објасниш каква е ситуацијата, а тој те гледа со некој глупав кез абе-ајде-што-зборуваш и што си знае, пак си знае, па ти ако сакаш и илјада факти изнеси му. Бреј, ме натера дури и да се преиспитам да не случајно јас сум грешка...
Е од вакви статуси просто ,најпросто ми се уште сабале исто како трудница Еднаш ке испаднат од дома и одма зимат тоа телефонот и да се пофалат кај се испаднати и ондак имаш статус ; На кафе ; Петкана е во *** бар некој си таму Па добро бре еднаш испаѓате и одма да се пофалите, и не, не неможе да ме убеде некој дека неа и било помило кафето или друштвото со које е испадната неа и е шемата бе братче да се пофале оти отишла на кафе беее
Кратко и јасно ... Спојлер Професоре денес очекувам подарок оценка од вас на вашиот испит како поклон !