@Dream-Girl, па и не е подобро да си од тие! Ќе се види на крај чија е заслугата, не се секирај. Јас цврсто верувам дека еден ден, трудот ќе се исплати.
Вчера решивме да се собереме друштвото како во старите добри времиња на старото добро познато место. И знаете што? 4 столчиња останаа празни на масата. Не од причина што не сакаа да дојдат, туку поради тоа што веќе не се блиску, ја напуштија земјава. Пола вечер ја поминавме на камера и не дозволивме далечината да ни ги прекине пријателството. Уживавме како некогаш, иако тагата не успеавме да ја скриеме. Кога им го кажавме тоа на родителите, наместо да не тешат, ни рекоа само: "А што чекате вие уште тука?" И знаете што е уште потажно? Што следната година уште повеќе столчиња ќе бидат празни. И други од нас веќе нема што да чекаат овдека. Сите работиме на тоа да заминеме. Ако порано една од причините да се остане во МК беше фамилијата и пријателите, сега и тоа се смени. Поголема шанса има да бидете собрани надвор од МК, отколку овде. Полека, но сигурно, веќе ништо не ме врзува за местово.
Колку брзо се менувам, не сум во чекор со себеси... Пред точно една година животот ми беше мизерен, едвај пари имав да си купам една кифла во денот, а бев полна надеж, среќна, немав никакви грижи освен факултетот, мислев дека сум силна и можам сѐ да преживеам. Сега, не ми фали апсолутно ништо во материјална смисла на зборот, ама затоа ми фали љубов, поддршка, некој што ќе ме ислуша и ќе му е гајле за мене. Од една страна тесно ми е во сопственото тело, а од друга страна пак, ме убива празнината...
Поболно од тоа да се отфрлаш себеси е да пробуваш да се смалиш само затоа што интелектуалната ограниченост на поединци не е доволно моќна да се сноси со твојата големина.
Велат болат лошите спомени, но според мене многу полоши се прекрасните спомени со луѓе кои веќе ги нема.
Ах само да имав некои супер моќи па да ги доведев во ред сите оние што се претставуваат како мили јагниња во волчја кожа, таквите кои ти глумат мили и слатки мачиња а всушност психички те гребат како демони, ама пак најтрагичното е тоа што упорно глумат безгрешни и останати се по манастири Не е убаво што ги судам и јас самата сум верник, и мене друг ќе ме суди, ама преку глава ми е веќе од таквите злобници, ама за жал ги имам пуштено преблиску
Драга моја, ти да имаш таква моќ прво треба да глеаш својот живот да си го средиш а не други да доведуваш у ред. Остај луѓето да се онакви какви што сакаат да се. Освен коа фрлаат ѓубре насекаде. Е тоаш си у право.
Имам впечаток дека поголемиот дел од луѓето по инерција викаат дека пече на грло, очи, гуши, не се диши... Сериозно. Дека сме озрачени сме, озрачени сме. Дека е загадено, загадено е. Дека се труеме, се труеме. Дека не јебат, не јебат. Ама дека нешто се осеќа - не јадете вафли. Со исклучок на случајот во Охис, кој го осетив со печење на очи бидејќи бев во тој реон неколку дена по ред, како човек со хроничен бронхит - лажете- сушите дека се осеќа. И сите вие гованца што пушите, а се буните за загадувањето, би ви шлапнала по две топли. Да скратам - не глумете лудило колку да кажете нешто, смешни сте, страшното што не убива не се осеќа никако. Сакаме Центар на град, сакаме удобство, сакаме глумење лудило... не сакаме сами да си помогнеме. Едвај чекам за се преселиме на лериферијата.
Во право си за мојот живот дека треба да го средам...но, не значи дека да можам не би ги променила овие злобниците кои ме инспирираа да го напишам ова, бидејќи со својот инает и бес влијаат и на мене и другите што сме тесно поврзани, и не секогаш е оправдување дека мора луѓето да бидат такви како што мислат дека треба да се, затоа после постојат убијци, крадци, силувачи, ама да не одиме предалеку, јас во постот мислев на луѓе во "поблага" форма на емоционални цицачи на енергија, на злобници што уживаат да прават дупченки и местенки и слично.
Е баш на такви мислев. На емоционалните цицачи. Убиец ти не можеш да смениш, исто ко ни овие за кои збориш. Но од вториве секогаш можеш да се заштитиш. Не ти треба супер моќ за тоа. Едноставно прекини да им даваш на значење на таквите луѓе.
РaмO, не се глупирaј сo кремче и кaрминче, кo бaбa ми дa јa слушaм Кaрмин стoи ли без бaрем мaлку пудрa oсвен aкo имaш сoвршенo чистo и мaзнo лице? Пa плус кремче, aкo е и мрснo...мх, мх, сaмo зa нa пaзaр
Сакате да кажете дека немаат сите чисто и мазно лице? Јас откако не ставам пудра немам ни потреба од истата. Крем (влажен не мрсен) и кармин се супер за до супермаркет Пазар немаме .
Имa тaкви aмa искренo мнoгу ретки се. Имaм пријaтелки штo истo кaкo тебе велaт -леле лицевo кoлку ми се исчисти oткaкo не кoристaм... Не ми требa пудрa... А реaлнoстa е декa мaлку пoвеќе вo зaблудa се Сoсем е oк дa не кoристиш шминкa и дa си all natural, aмa пo мoе видувaње, мнoooгу ретки се тие штo имaaт лице кoе мoже дa "нoси" кaрмин или руж без пoдлoгa.