Добро шо е со луѓево шо ќе се забетонираат у сред автобус и дремат на телефон и никако не мрдаат и не можеш да пројдеш ради нив.И тоа постари лица се, оние кои велат дека ние младите сме некултурни и дека треба да не превоспитаат. Пун автобус он влага на предна врата (во ниските автобуси) и седи на врата, има кај да иде напред а позади него има уште 5 души. I don’t get it, really. Ова бесплатниов превоз колку што е добар што е бесплатен нели пошо некој не може да дае 30 денари за карта, толку е и хаотичен пошто некои индивидуи мислат...
Сакаат да им речете "молим вас драг/а господине/госпоџо, нисам одавде, желим да проџем само, хвала вам, друже, живјело братство јединство".
ме изнасмеа тоа дека не е се по форуми. Ама па затоа е темава. ама не е само мажов,има уште многу примери ама ајде пошто не е се за по форуми да не навлегувам. Ама стварно само кај машки особи имам приметено дека е тоа така.
Да споделам една шокирачка вест од светот. ШОК! ШОК! Владата од Зимбабве решила да го забрани увозот на кинески кондоми оти биле премали. Ама бизнис потенцијал лежи тука. Линија Скопје - Хараре. 10% попуст во еден правец за сите оние женски што коментираа незадоволно на темата "Премал Пенис". Early booking во иМбокс со додатни 5% попуст. Навалете народе. Местата се ограничени.
Ако нешто ме нервира до ниво на солзи - тоа е што од мене многу често е очекувано да се понашам како се да е океј и да кријам чувства. Не можам бе така јас...
Колку треба да сте полни со себе за секој туѓ проблем да ви изгледа како глупост, а на личноста која се пожалила да гледате со потсмев?! Во подем ли е човековата природа на хиперболизирање на себе секогаш над сè и над сите, па дури и во тешкотијата? Се натпреваруваме ли?!
На паѓам на ламборџини. Паѓам на вакви коли. Car show - Floriana. Значи, цела глава вртам. Желба ми е да имам ваква кола.
Најјако ми е кога ме цитираш за глупости, а кога ќе ти пишам така ми викаш да кулирам. Цитирај ме за убава слика, за убаво нешто. А не да ме поправиш за една буква. Некни и ти имаше направено грешка во пишување ама јас не ти скокнав да те поправам. Сметам дека е глупост да изиграваме дежурни и да чекаме некој да згреши нешто па да му се фрлиме. Не е страшно воопшто да се згреши.
Некои го изговараат Ламборгини,а некои Ламборџини. Исто и со Поло,има народи кои го викаат Пољо. Не грешиш,изговорите варираат во светот.
Ми се чини дека секој ден добивам се повеќе аргументи за тоа да извадам бугарски пасош. А пред 10 години да ме прашаше ќе речев дека тие што го прават тоа се предавници.
Феномен се форумскиве мамички. Немаат време да мочаат,ама затоа имаат време на форум да напишат дека немаат време да мочаат.
7 години на Фемина, aлтер егово веќе може и на школо да ми оди *insert емотивен говор за кој немаме веќе инспирација ние староседелците* Cheers!