Ја читнав статијата за жените што си ги крателе нозете со операција за чевли да носеле.Некој нема чевли, а не та пак нозе да си крати заради чевли Ми стана језиво, па добро џабе ли има броеви на чевли? Чувствувале болка, па им ги стружеле коските Арно велам, хипохондричноста не е убава работа, а и Аноук во право е, ама тоа е, кога ќе налетаат блесави мисли, ќе ми биде језиво нормално Иш хипохондрични мисли, иш...
Од една страна сум многу среќна, од друга страна многу тажна... Си најдов човек скоро по мерка, среќна сум со него, убаво ми е, ме сака, ме пази, ме чува... Убаво ми е, ова не е експлозивна љубов, туку една поинаква, тивка, ти го гали срцето, душата...Не е од оние, љубов на прв поглед, да не можам да спијам зошто мислам на него, да не можам да дишам и слично. Се прашувам, дали вака сакаат возрасните, дали е ваква вистинската љубов? А сега за тажното... Доаѓам на истото со моите родители, па зошто не е од Скопје, па сите бараат дечковци од Скопје, само ти од други градови...зошто ставаш слики со него, со бившиот беше така, сега и со овој...бла бла бла Значи не може да сум среќна на раат, мора нешто да ме бутка надоле, мора!
Ништо страшно, за се во животот има време Спојлер Па пушти една покана ... нек пукну комшије има да ти певам до зоре
Седам и размислувам. Дали јас, таа што највеќе ја чека кармата, всушност плаќа карма? Многу пати сум си помислила на тоа, ама сега решив да се соочам со тоа. Порано, да не навлегувам, бев опседната со првата љубов. Си бев изградила штит и зад тој штит живеев во фантазии. И потоа се појави некое момче, исто, плаво со плави очи и ми станува најдобар другар. Толку од другарството, ме засака, го засакав. Се заљубив во неговиот карактер, ама се држев, не се давав лесно. Не знам дали затоа што беше многу добар или сакаше само да ме освои, секој ден се допишувавме, ми праќаше пораки, по телефон ми се јавуваше скоро секоја вечер да се видеме. Тоа е слатко, ама може да биде и нападно. Понекогаш го одбивав да се видеме. И најпосле ме доби. Ми го скрши штитот. Не знам дали откако ме доби или кога се посомнева дека уште го сакам првиот (што не беше вистина) се смени. Или кога ми кажа дека можеби има тумор. Толку траеше бајката, кратко. Се случија гадни расправии, само јас знам како ми беше кога како никогаш да не ме видел ме одмина, игнорирања, на важни пораки ми враќаше со ок...Најмногу се искаравме на Божиќ... и се простивме. Сега си мислам дали е тоа кармата? Дали ме казнува за тоа што не почетокот изгледа како да не сум го ценела? Ама го ценев! И не сум го повредила. Или можеби јас сум билa само трофеј за некого што многу го сакам? Од навика, кога си дојдам дома телефонот уште го ставам на нечујно. Во чаршија секогаш проверувам на 5 мин. да не ми ѕвони или порака да ми стигнала, а да не сум ја видела. Женски памет, а гордоста не ми дава да му се јавам, покрај толку пати што ме откачил преку телефон. Како и да е јас пак ќе си ја чекам кармата, можеби ќе дојде во моја корист. Колку ми е криво кога не можам да направам нешто со што ќе се подобри состојбата на тажна другарка.
Уште една година измина знаеш ли...а јас повторно не сум со тебе на овој ден. Повторно не сум прва што ќе ти го честита роденденот. Повторно не сум прва што ќе те прегрне и ќе ти ги каже искрените желби...Сакам да сум покрај тебе, да те бакнувам засекогаш, да бидеме најсреќни... Можеби...еден ден... А до тогаш љубов биди ми најсреќен, само убавини да те пратат во животот. А јас ќе чекам и ќе се надевам дека еден ден ќе бидам прва што во 00:00ч. ќе те прегрне и ќе те бакне со искрени желби за најсреќен роденден и нормално така да биде засекогаш
По се изгледа и вечерва ќе дежурам трета смена на фемина. Искрено ова лето и не го замислував дека ќе биде волку досадно. Како и да е, јас сум во едно големо исчекување, утре стискајте ми палци.
Ма не го сакам, ни малку, не. Не ми е ни малку драг. Само го памтам секој центиметар од неговото тело. И знам дека очите му ја променуваат бојата кога се лути. И знам како да ја предизвикам неговата насмевка и секогаш косата да ми се закаува на неговиот пирс на веѓата. Го познавам неговото одење, го препознавам меѓу милион други. И неповратно ми е мемориран неговиот број во главата. Па навечер се борам сама со себе да не му заѕвонам. И секогаш се фаќам во каење што не го задржав. Само тоа, а не го сакам, ни малку, не.
Најголемиот маркетинг на светот се вика American dream, Америка е најголемиот маркетинг на светот. Таа земја е успешна и богата благодарение на добриот маркетинг. Во Македонија секој втор студира маркетинг или менаџмент или не знам каква економија и пак до никаде не сме. Во што е проблемот? Или студираат колку да земат диплома? Или мразеле природни науки во средно и основно?
Не дека имам нешто против кучињата, ги сакам. Ама ова доле што лае ова е претерано. Се разлаа ко да не лаел 1124232423 века и години. Ми се смачи, неможам да спијам како човек. Што лае толку бре, дали мачка му ја опнала кучката ме интересира баш. Не ова не е куче, ова е "мечка", што лаење ќе беше ова...
СДК Не знам дали цела Македонија е неинформирана ама оние цитатите што ги лајкувате од страната на Игор Џамбазов...guess what-не се од Игор.Мислам и јас не знам од кој се,веројатно од некои интелегентни дечки од Твитер или слично ама од Игор не се.И не е фер некој да се кити со туѓа слава,нели?Оти има луѓе што не го знаат ова и го сметаат Игор за кој знае што а он ако не знаете ја напишал Тешка грешка.Јас неам ништо против него,ама да беше се како што изгледа дека е,а не е.Не викам дека е лош човек,никако,дури ни поради неговите пороци не би рекла така...ама кога нешто не е точно не е точно.
Културен,нормален,искрен,внимателен,прекрасен е...Сум заборавила веќе дека постојат такви луѓе... И да мој дечко е Спојлер Ви спомнав еднаш за чувството кога некои усни совршено ти одговараат за бакнување ,за истите станува збор
Врски, врски и насекаде врски.Сега бев во гимназијата да видам дали сум примена и кога гледам ги има и тие со четериесет и неколку поени.Значи некој можел да се мачи цели четири години да ти има сите петки (со една четворка) за да се запише средно без проблем, а некои кои не се грижеле ќе учат на добро место.Познавам девојче кое нема поени за во гимназија, отиде уште во првиот уписен рок.Па и наместо да ќути, да не кажува дека дека ја примиле без врски, таа се фали.Искрено ја жалам.Сите оцени и се добиени благодарение на мене, а нема ни благодарам.Таквите не заслужуваат да им се помага.А ако се падне со мене во клас, ќе се преместам па не ми е гајле дали ќе се лути класната.А од една страна и добро е ако влезе во гимназијата.Секако дека нема да биде како останатите, ќе се двои по знаењето.Те молам господе само да не се падне со мене во клас, друго што сака нека биде.Цркнав овие четири години од неа.
Одамна не сум имала вака слободно време одсабајле, кафето да го испијам на тераса и да проштракам по компјутерот. Изгледа порано сум станала од спиење. Како и да е, имајте убав ден. „Кога напорно работиш работа која не ја сакаш, тоа е стрес. Кога напорно работиш нешто што го сакаш, тоа е страст."
Јеп, дефинитивно не се од Игор, ама ја барем знам некои од нив од кои се. Едно од нив е од форум Фемина, поточно од Чка и мислење во истава оваа тема на 24 фебруар. Мислењето, ТУКА. И, сликата на групата објавена на трети март. Се сеќавам на овој пример, зашто сакав да го раскажам на сите, а не можев, пошто ќе си го пробиев каверот. Инаку крадат од сите страни, сè што ќе им се види корисно и паметно. Ама не треба да чуди, зашто 99,9 од она што го гледаме на Фејсбук групите е украдено од некого.
Во чест на 80тиот роденден на Петре М. Андреевски ќе ги напишам овие два цитати кои ми се омилени од него: - Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство. (Дениција) - Облеката е измислена да ти ги покрива недостатоците, а зборот да ти го покажува и тоа што не се гледа. (Тунел)
Ќе се надоврзам за цитатите: „А колку би било поинаку, кога болката би ја чувствувал и оној што ја предизвикува.“ и „Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство.“ Ииии камо среќа да имаме уште многу писатели како Петре.
Утрово бев повторно на преглед. Треба да направм уште неколку испитувања и снимања. Но операцијата сепак е неизбежна. Добро е што немам болки, благодарение на таблетите, барем тоа. Чудно се чувствувам. Уште не ми се верува дека ова е реалност. Но и покрај се вербата во Господ не ја губам, голем е Господ се надевам се ќе биде подобро. Се обидувам да имам пзитивни мисли....