Земав да првам пита од тиква да ја изненадам мајка ми.Ја испеков,а кујната лом ја направив ама ако. Исчистив важно .Се излади и сега да ја пробам,немој да не личи на ништо.Ептен слатка сум ја направила ама важно се сопрев да не ја излапам сета.И после некое време одам до кујната и питата таму,ме провоцира.Како да вика ела изеди ме И Стефани се препушти на задоволството.После нема да ручам(така се тешам ).Сеа ми се пие вода,пак до кујната треба да одам.Ама не овјпат нема ни ронка во уста да ствам.Абе ги знаете оние знаците шо ги стават кај шо има кучиња, ПАЗИ КУЧЕ? Епа јас на еден лист ќе напишам ПАЗИ ПИТА,НА ДИЕТА СИ! и проблем решен
Оооо летото вече започна но на мене не ми личи некако на лето , ма ако бе мене ми одговара вакво време бидејки не сакам жештини... Сега и либето мое ке ми дојде од туѓина , една недела ке сум среќна , исполнета, сакана и незнам што веќе не...Но за недела дена пак ке си оди кој знае , а наредно негово враќање можеби и ке ме изненади... Можеби ке ми се смени статусот од Г-ца во Г-ѓа
Песна Слика од коктел, на работ на тераса, поглед на океан Не сум пишувала на есејско патетичен начин, и да се разбереме ноу слика, ит боде очис. Некои уредници се пропаднати писатели, а повеќето писатели се пропаднати писатели
СДК сонував експлозија, и кога вака тоа да ти значело дека ќе ја добијам долгоочекуваната и посакуваната вест . Хип Хип хуреееј, примена сум на првите уписи, и тоа меѓу најдобрите првите 10. Што да кажам друго, ми олесна.
Мајка ми решила од догодина бавча сакала. Позади дел од дворот ќе си го прекопала и ќе сис адела јагоди, пипер, домати, краставици и најважно, еден куп зачини. А не да одела до продавница за зачини, вака свежи, домашни, здрави ќе биле. Седнала прееска со кафето во еден нотес запишува, прави пресметки. Го мерела дворот за да види колку место ќе има и еве ја сега си го дели, на кој зеленчук по колку место. Ама важно гледа да биде праведна, да не и штрајкуваат после зеленчуциве. Луда е женава, ама си ја сакам
Жена сум,и се радувам на секој нов пар чевли,среќна сум секогаш кога купувам нови,и уживам да ги гледам и по слики на интернет и низ продавници... Ама само мене ли ми е глупаво кога читам и слушам жени кои ги нарекуваат своите чевли-моите љубовчиња,моите бебиња,моите најнови гулапчиња,најновите љубовчиња...Де бре.Глупости!
Кој ако не Битолчани?Јас уште од моите роднини си знам На претстава вчера се изнасмеав,посебно кога играа како Мадона во бодито
Да ви кажам, можеби јас не сум популарна меѓу популарните, ама затоа непопуларните сите ме знаат Таква сум ти јас. Секако знам да ги дружам и популарните АМА само ако се интересни. Имам другари што се популарни, ама и со тие што не се, заедно манијачеме женски задници. Го има еден, муслиманче е и сите ги замара на чат, абе само јас му правам муабет. Толку ми верува што ми кажа имејл и лозинка да му сменам профилната (и не му чепкав низ профилот). После ги има едни девојчиња што знам дека некогаш ме озборуваат, едната се обиде да ми го украде него, ама нема врска, никогаш не сум ги одбила кога ми побарале помош и секогаш сум фина со нив. Па има, едно циганче, како сестра ми е, кај и да ја видам ја гушкам, иако да бил некој на мое место би ја одминал. Таа толку ме сака, што ме раскажала на цела фамилија и друштво. На неа и нејзин братучед им помогнав да ја минат годината, математика 2ки да им стават. Нејзиниотдруг братучед, (порано учев со него заедно) ми даде комплимент, дека паметна сум била, иако се имам степано со него и шамар му имам лепнато. На школо најчесто бев во друштво или со машки или со некој од тие што до сега ги набројав. И сето тоа иако сум во друштво со популарни. Во моето друштво јас сум на најнискиот степен на популарноста т.е. не сум популарна, луѓето ме знаат покрај другарките. Тоа ме многу нервира, затоа што јас не сакам популарност. Убаво беше кога никој не ме знаеше. Ааа гајле ме кој сака нека ме знае, јас пак ќе си се глупирам
Шмизливе навистина немале смисла за уметност. На Фејсбук се сликаат со некои сељачки пози и убедени се дека се прекрасни. Всушност изгледаат како турбо - фолкерки или проститутки. Не гледам која е уметничката вредност на напучената уста (подобро позната како дак фејс).
И додека размислувам за некој и некаде, заглавена во некакво меланхолично расположение, градот кој го замислувам на дланка ја крои судбината за новиот ден. Го пуштам погледот низ тишината на гратското тло и и го слушам сопствениот чекор на терасата,бавен и скромен. Секој има потреба од сопствено прибежиште, а моето е тука. Знам да бидам неуморна и кога денот се ракува со поклопените стрелки од часовникот, да го вклучам мозокот како невидлива машина и да размилувам за променливоста на нештата и луѓето. Во таа доба размислувам како пејзажот на календарот ни го одвлекува вниманието од страните што обележуваат колку време поминало.Се навраќам на звуците од виолината, на песната од штурецот, на џагорот од детската игра. Слушам како лисјата на дрвјата непрекинато водат разговор на јазик неразбирлив за нашето уво,небаре си ги откриваат големите тајни. Некогаш размислувам за четирилисната детелина, онаа што сите ја посакуваме, а тешко се пронаоѓа. Можеби сум на чекор до неа...Но, верувам дека се се случува со причина. Размислувам како да го обојам животот во палетата од шаренило која ја создала природата. Небото е закитено со светлината на ѕвездите.Посакувам барем една да биде моја водилка. Доволно е само да помислам на мојата интуиција и да и се препуштам,а размислувањата ги поттурнувам за некогаш. Кога мислам на него,мислам на заштита и на сигурност, за тоа колку некогаш ми е потребна и во чии очи ја гледам, во чија душа ја пронаоѓам. Тоа е моето нескротливо талкање. Започнува во утринската мугра, продолжува низ дневната динамичност,а крајот е невидлив. Нема почеток... Се се одвива во бесконечност. Мојот ум деноноќно поврзува зборови,создава слики и моменти кои ги живеам.
Оној момент кога крајот е сé поблиску The finish line е пред вас, преостанува само уште еден чекор за да ја достигнете. А најубавиот дел од ваквите натпревари, е тоа што немате други противници. Единствено сте во трка со самите себеси. За момент си дозволувам да погледнам назад и да го видам патот што сум го изодела. Уште сосема малку и ќе можам да си речам: I did it!
И така денес на самр одеднаш и текна да оди во продавница без да се сети дека пред 5-10 мин. ставила крема за акни ... Си одам јас накај продавницата без никакви грижи,пеејки си ја песната Fancy,онака уфилмана и гледам нешто сите буљат у мене..не ќе е на арно ..Сепак да продолжам со песната..ајм соу фенсии,ајм соуу фенси..... Упс..па кога ми текна,доцна беше.. друг пат памет во глава (како што вели мајка ми) Спојлер BTW толку сум изгубена што си го и заборавив роденденот на Фемина..ај нека ми е среќен ,со мало задоцнување
Си се прашувам денес дали правилно постапив вчера, или можеби ја навредив мојата 12годишна внука?!. Отидов кај нив дома вчера да си пијам кафе со нејзината мајка, инаку воедно сме и комшии па често одам или доаѓаат кај мене тие... Како и да е, муабетот беше следен: Си пиеме кафе ние и влегува внука ми ни здраво ни како си ни што правиш, абе како странец, а сум го пораснала од малечко прпувче, и ајде не и реков ништо еднаш, втор пат, трет пат, е веќе вчера ми препука и и викам: Добро ма Андреа, на школо не ве учат ли на основна култура дека кога било кој човек ти влезе во куќа се вели здраво бе човеку, како си, или било што... Шо е ова твоево, на што личи??? Погледни се на што личиш, за срамота! И воедно и се обратив и на братучеда ми, дека треба под најхитно да и го забрани компјутерот, зркнато во фејсбукот, отупело уште сега, само тресат зелени по него , што младост имаат овие деца? Комуницираат и играат на фејсбукот ??? Ужас!!! Па какво детство имав јас кога ќе ми текне, сеуште носам некои лузни од кога сме играле фудбал, кошарка со машките, овие сега машкиве не ги гледаат како другарчиња со кои ќе се изнаиграат ... Да те фаќа страв кога ги гледаш овие генерации за идните што доаѓаат, а камо ли да не праам муабет за нашите деца што живот ќе имаат тие? и уште нешто: Не вреди да си добар, барем не за секого. Секој гледа да те искористи до максимумот кој го може и после ма кој те је**... Затоа кој каков ќе е со мене, таква и јас ќе бидам со истите тие. Барем вака повеќе ме почитуваат ако не нешто повеќе
ВИЕ ШТО СЕДИТЕ ВО КАФИЧ, ПИЕТЕ ВОДА И НЕ ГЛЕДАТЕ ФУДБАЛ СВЕСНИ СТЕ ДЕКА НЕКОЈ 1 СААТ ЧЕКА ДА СТАНЕТЕ ?!
Абе што да ви кажам.Распуст мераци,дома не се собрав,татко ми вика слика да сум им оставела,да ме виделе Ама па убаво ми е.Да не се урочам,убаво ми е!Супер друштво,супер помини,се е супер.Ми фалеа,дефинитивно ми фалеа овие моменти,бидејќи лани ова време бев сосема друга личност.Затворена во себе,мрачна,плашлива..Се плашев од сопствената сенка.Сега е малце променето,се надевам и целосно ќе се промени тоа. Уште 2 дена до најочекуваниот настан годинава,концерт.Ја,ко замајана,една недела се мислам што ќе носам и не смислив.Си викам фармерки и маица,па после се премислувам,па пак исто,и на крај пак не знам.Како и да е,важно ми е убаво да си поминам,а знам дека ќе биде така. И така ви викам,имајте убав ден,јас отидов да се спремам и да го шетам Скопје,полна со некоја чудна позитивност денеска!
Се ти е ок и одеднаш се освестуваш. Онака случајно ти доаѓа во глава дека се задоволуваш со ситници. Еј јас ти направив средно кафе, такво пиеше нели... Па не, пијам горко, ама нема врска, и тоа ке го испијам. На свадба треба да се оди, фустан имаш, овој ти е добар, не мора нов да купиш... Добро ај не мора. И носиш едни исти работи. Целава гардероба ми е еднолична, темни маици, фармерки... без ралика што е лето. Мене преку цела година ми е зима. Не дај боже да купиш нешто пастелно или цветно, после уште 5 работи ќе ти требаат за со него. Абе се само да не потресувам некој, да не навредам.. И на крај ја останувам заебана. Еве вака треба си направам
Секој си има право да го прави тоа што го исполнува и да ужива колку сака. Ако не гледа фудбал не значи дека не треба да седне во кафич Спојлер Арно почна светсково првенство за да бидете нон стоп по кафичи и да урлате како демек сте страствени навивачи и љубители на фудбалот . Респект за таквите кои навистина пратат и се интересираат но сепак ретки се ! ОВАА НЕ СИ ГО СВАЌАЈ ЛИЧНО ЗА ТЕБЕ НО МОРАВ ДА ТЕ ЦИТИРАМ !