Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Видов како паѓа ѕвезда ^_^ И тоа бев со личноста што ја сакам :inlove: Зјапавме така во небото како светка некаде далеку (накај Скопје и Штип мислам дека беше) и од никаде падна ѕвезда. Ама ептен беше филмски, светна, се запали, падна и ја снема. Дури помислив дека е летачка чинија :rofl: Секако, замислив желбa!
    [​IMG]

    Друго, спремна сум да влезам во конфликт со секој што ќе ми рече, дека тоа тоа што лета и светка на небото е авион/хеликоптер, а јас тврдам дека е летачка чинија 8)

    Tрето, секогаш ме фаќало паника кога видам мало дете што без насока се шета само :sweat: Седевме другарките на клупа и забележав едно мало дете се шета и си ја бара мајка му. Три пати им кажав на другарките и третиот пат ме приметија дека им зборувам :D Како и да е, детето веќе се оддалечи и јас и уште две другарки отидовме по него. Ни кажа дека си ја изгубило мајка му. Потоа направив глупост, а немав лоша намера, го прашав кој му се мајка и татко и ми рече дека веќе немало татко :worried: Ми се идеше да се убијам, квачка некоја |( Како и да е, го фативме за рака и сите другарки заедно со детето ја баравме мајка му. Беше мало и незнаеше да ни опише како изгледа мајка му. Ама ја виде и си ја позна. Жената прво беше лута, а потоа веројатно нервите и попуштиле од страв па така се изнасмеја. Важно се најдоа, ни се заблагодарија и така, хепи ендинг.

    Четврто, нешто ме потсети колкава е батската љубов и љубовта од сестра. Видов едно мало дете, нека имаше 3-4 години, такво тажно, :worried: го земало братчето во раце, го потпрело на рамото и го носи, а ова годинка нека имаше. Душички мали. Колку и да ме нервира сестра ми, сепак ја сакам.

    Ама како и да е, чекам да дојде 8ми Јули, ќе оди таа во Скопје на гости па ќе ми одмори главата од неа :wasntme:
     
    На eliesaab, cresa-jagoda, Mahidevranfan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. VeseliCka

    VeseliCka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Доста е веќе,значи стварно доста.Ќе пукнам.Како темпирана бомба сум што чека да пукне 24 години :@ Секогаш на прво место моите дома,другарите,тој,јас последна.Дури ни јас немам право толку да си го уништувам живот.
    Женска блесава глава!Зошто ми е толку тешко да кажам НЕ?Зошто чуствувам грижа на совест кога сум барем малку среќна,кога се смеам на ништо,кога едно дете на улица може да ми го разубави денот,а кога другите околу мене се несреќни и тоа главно без причина.Тие бараат многу,а даваат малку не знаат да се радуваат на мали работи.Такви луѓе ми го уништија живот.Дали тие да беа јас ќе се грижеа толку?НЕ се разбира.Најголема мана ми е што сум перфекционист,или ќе биде совршено како во мојата глава или никако,чекај во мојата глава сценариото е:прво другите,после јас.Зошто некој не се најде и не ми удри една силна шлакиница,можеби тогаш ќе се освестам.

    Најстрашно од се е што дури сега сфаќам што правам со себе.Не сакам да завршам а да знам дека ништо не сум сторила за себе,за другите сторив се,кој ми кажа фала ми кажа,кој не не и толку.
    Kрајно време е живот да си го земам во мои раце,грешките што ќе ги направам ќе бидат само мои,време е да донесам одлуки и да застанам позади нив.Време е некој да се позабави со мене,кој ако не јас!

    П.С.Конечно се сетив на лозинката
     
    На kolovoz и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  3. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасна форава со свадбиве а ла американа. Коса ми се ежи ко ке видам 10 кокошки во исти фустани како скокаат околу невестата. Па уште оние патетични слики како невестата со тие 10 кокошки го тегне младоженецот... која е поентата нека ме просветли некој.

    Свадбиве станаа паради. Колективни договарања за фустани, бои, накити.. мислиш маскенбал се организира.

    Бев на една свадба кај што 20тина другарки/братучетки и што ли не на невестата беа во долги фустани, дел од нив беа и со онакви опашки. Луѓето буквално не можеа да играат од нив. Па уште и ти се ѕвери што си и згазнала на фустанот. Е не бе, еве ќе се тргнам зашто ти си решила шатор да облечеш. |(

    Некој пат помислувам дека јас имам проблем со перцепцијата на светов.
     
    На MilaP, Madonna7, Natali.3 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    СДК дека не сум нормална :!: :rofl: Не излегувам повеќе на сонце изгледа в гла ме мавна :lol:
    Се седи на ова топло со волнена капа :^)
    Џабе ги отскривам нозете кога глата ми жежи :sweat:
    Кај и да е ќе ми падни косава :lol:
    Барем да се исплати тортурава :?:
     
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Непланирано дочекав изгрејсонце и со свои очи се уверив дека е точно кога ќе прочитам на некоја страна колку трае денот и во колку точно часот изгрева сонцето. :lol: Да не отидев да пијам вода пред спиење немаше ни да забележам, е до толку ми се спие. Што му прави уморот на човек, со душа чекав да дојдам дома да измијам садови и да си легнам, а ич немав сила за запечените масни садови и мислев само на креветот, ама откако ги измив се подрасонив и се случи ова. :D Пријатно спиење им посакувам на феминките кои исто така го дочекаа изгрејсонцево. :wasntme:
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    И ете, од толку многу мрчење за слики на фб веќе слика не можеш да сретнеш.
    Досадни биле мајките со слики од своите деца, аман од оние глупави тинејџерки со селфис, види ја се сликала на купаќи на плажа, уште да ја личи со тоа целулитот и кривите нозе, што е со јаденињава, демек ние што не ставаме слики не јадеме, големо чудо во Лондон била, да не беа евтините летови не оти ќе го видеше Лондон, што туку ставаат слики гушнати демек многу заљубени се, кој сакаат да го прелажат себе или другите... и слични дрн дрн јариња. Ете, се усрамија луѓево, сфатија дека грешат и ви расчистија малку на почетна |(
    Порано кога немаше фб и кога си одевме на гости, прво нешто после седнување беше -Дај албумите слики да гледам. Уживање беше да гледаш слики, не се потсмевавме на ниту една слика, барем не вака подмукло. Во вас е проблемот, премногу непотребни пријатели имате кои ви се додадени само за сеир да гледате. А ако и на блиските им наоѓате премногу маани на сликите, тогаш пак е до вас. Тие како живеат, што прават, каде одат, што љубат, тоа и ставаат. Не ви се допаѓа нивниот начин на живот? Мислите дека едно сакаат да претстават преку слика а друга им е реалноста? Па што. Нивно си е. Тебе ако не ти се гледа, намести си опции. Ај на форум мрчење некако разбирливо ми е, но кога ќе сретнам таков пост на фб од некој кој не знае и сам колку пријатели има, врв на простотилок ми е. Им плесна директно на многу од твоите ¨пријатели¨, браво, еве ти орден на храброст и фраерлук истовремено.
     
    На bittersweet, MandyLane, Sky-butterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден на гости ни беше еден пријател на татко ми со ќеркичката, кога не праша каде на одмор, татко ми му одговори ние сме демократска држава, секој си оди на одмор каде сака :D
    Јас на летување преку школо, брат ми на одмор со девојката, а мама и тато како ќе се снајдат :rofl:
    Прекрасни доживувања се летувањата, кои се исполнети со незаборавни моменти :mm:
    Ова ќе ми е трето летување, и не се каам што три лета пропуштив за се капам во море, нели, сепак поважно е друштвото :wasntme:
    Нема да ги заборавам утрата во кои станувавме ненаспиени за да појадуваме.
    Нема ни да ги заборавам вечерните мачкања со крема на летувалците кои веќе беа во длабок сон.
    Нема да го заборавам ни петок 13, во кој една другарка од собата ја маскиравме во вампир.

    И да, овие летувања ќе ги паметам како добри спомени, и кога ќе бидам повозрасна ќе ги раскажувам и прераскажувам, ќе се насмевнам и ќе кажам тоа беа убави времиња :mm: ^_^
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Прекрасно е да се набљудува небото, кој мир го дава, тоа е чудо, навечер убавини, преполно со ѕвезди :angel: без разлика на кој дел од земјата да се наоѓа човек, секогаш е прекрасно.Арно велеше еден човек „ ние луѓето сме навикнати се доле во земја да гледаме, какви убавини има пред нас, а не им обрнуваме внимание“ и во право беше...
     
    На Lovely93 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Убаво жешко време, мозокот лебди на даска за сурфање, план за сладолед и Пиња Колада. Тие без смисла за хумор имаат restraining order.
     
    На mims-89 и Lella им се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    36.133
    Пол:
    Женски
    Колкав треба да биде коефициентот на интелигенција и степенот на расудување на нештата за една личност да ја изговори фразата:
    - Оваа боја на фустан ми одговара со бојата на очите :?:
     
    На Lella, Moonstone.17, ColoursOfTheRainbow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.629
    Пол:
    Женски
  12. Najubava09

    Najubava09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    108
    :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • rdgt.jpg
      rdgt.jpg
      Големина на фајлот:
      140,4 KB
      Прегледи:
      513
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Правам разлика измеѓу "да имаш пари" и "да си богат".
     
    На Lella, Golden, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Изминатиов период сретнав ептен лоши, ама и ептен добри луѓе. И такви кои ќе те пресечат со еден збор и мислат само на себе, и такви кои срдечно ќе скршат од своето и ќе го поделат со друг. Најтопло на срцето ми е кога ќе сретнам онакви што ќе се понудат да помогнат, и ќе покажат дека секогаш за се` има компромис и решение, и начин на кој сите ќе се задоволни.
    Затоа сакам да им заблагодарам на неколку луѓе кои никогаш не заборавиле колку е тешко кога за прв пат застануваш на свои нозе.
    Сакам да и заблагодарам на една Лиле, која и покрај тоа што имавме мачиња, некогаш гласно се каравме, се смеевме или пуштавме музика, секогаш ги разбираше нашите потреби и промени и никогаш не дојде да се расправа со нас бидејќи ни го изнајмила станот, и секогаш беше тука кога имаше некој проблем со чешмата или струјата, и никогаш не се закани дека ќе не остави без кров над глава дека чуваме мачки.
    И иако Лиле беше чиста Скопјанка, никогаш не рече дека ние од провинција сме глупави, несовремени, и никогаш не ни ја сврте главата кога се сретнавме на улица.

    И сакам да и се заблагодарам на една Маја, која ме спаси од најтешката разделба која можев да ја замислам, и ми помогна привремено да ги вдомам мачињата кои толку време ги чував и не можев да ги земам со себе во наредните два месеци, ми се јави и ми се понуди да ги причува без да побара било што за возврат, полна со разбирање ги прифати и двете, и сега ми е мирна душата што знам дека пак ќе ги видам и двете, и пак ќе сме заедно.

    Знам дека е ретко денес да сретнеш некој кој ќе ти помогне кога ти е најтешко, и ќе ти се најде кога никој нема, сакав само да ги спомнам, за да не губите верба во добрите луѓе, ги има, тука се, меѓу нас... :)
     
    На bittersweet, WarriorAngel, Elennaa и 10 други им се допаѓа ова.
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Сакам да кажам дека сум изреволтирана од факултетот! :@
    Очигледно само кај нас може да менуваат датуми за полагање на испити, без притоа да има соопштение(?????).
    И така, не си се појавил на испит, на 'релевантниот' датум, и имаш 5че.
    Честитки!
    Повеќе среќа во следната сесија...
     
  16. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам лесно, повеќе ја нема онаа долга коса што ја „пафтав“ насекаде, скратена за десетина сантиметри и веднаш се забележува промена. Добра промена.
    Кај си се радувам на новата фризура, па тато ме израдува што веќе реши да го поставиме базенот во двор. Радост. :wasntme:
    Многу е убаво чувството кога си задоволен од се`. Барем засега. :D
    Инаку таман мислев да се пофалам си најдов симпатија, карактерот уништи се. :worried: Џабе е симпатичен кога на ништо не доликува таквото однесување. Ме разочаруваат таквите. :drunk: Надворешниот изглед лаже, ама внатрешниот не. :!:

    Можеби без врска пост, ама морав да се искажам некаде.
     
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Не си единствена,верувај :D
    Кај нас доста што не ставаат соопштение за полагање,туку и резултати не објавуваат асално,па ќе се мислиш дали си положил,дали ти фали нешто за оценка :D
    Лошо,лошо...
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.937
    Допаѓања:
    164.001
    Лец би клир, овој пост ќе биде каша попара од неколку причини.

    Правам годишнина после трауматичен ден, раВНО. Сум во процес на слабеење. Поминувам низ трауматичен период, кој решавам да го окарактеризирам како позитивен, пошто пола живот ми е траума и решавам да кажам за многу луѓе дека се пичкици и освен што им раскинал дечкото, друго тешко и да не знаат. Знаете кое е чувството дека сте во состојба да си ја повратите душата? Епа тоа чувство, ако не знаете какво е, ви посакувам никад да не го осетите, ама да не глумите муда од лабуда дека све знаете и сте најпамети.
    И пак одбирам да бидам среќна и да речам дека животот ми е совршен иако реално, не ми е, ама го сакам со целава душа и повеќе желба за живот никогаш не сум имала како сега!!!
    Арогантна? Да! Ок? Ок!
    И сериозно толку сум станала искрена, отворена и ичкурацнемеболи што тебе дечко ти не те поштува и животот е тежок зошто ти циркулира околу облека, ју пис оф шит.
    А и во вакви моменти гледаш кои луѓиња ти биле вистински. Испобегаа ко пацови на поплава, најсилните останаа тука и ги љубам. Зошто? Зошто луѓето не сакаат да ја гледаат туѓата болка, ама сакаат другите да им ја гледаат нивната. Затоа од тука па натака, одамна беше кажано фак оф, ама сега...брате, сериозно одјеби.
    Допрва ќе се случуваат без везно тешки работи, ама сериозно, животот е тоа, ние сме едно со универзумот, моќта на прифаќањето те вади во што и да си. Така треба да биде. Во моментов сум среќна и покрај тажните моменти кои се случија, се случуваат и ќе се случат. Затоа што животот е убав.

    Аплицираш во странска фирма, во пизде си материне, те удостојуваат прво по мејл ЛИЧНО ИМЕНУВАН, па по телефонско интервју, па на скајп, па те канат таму, па ти викаат брате, ти си примен имаш две опции, дојди тука и работи или почекај и помогни ни да го создадеме балканското претставништво во кое би работел за иста плата како и тука. Молим лепо!!! Епа да!

    Аплицираш тука, ако не си му син на братучетката на директорот, курац. Ни шугаво генерично мејлче со благодариме за апликацијата, не па да ти се јават.

    И да... создадени сме да се споредуваме и природно е, така знаеме каде припаѓаме. Твитер не е мерило за нешто, ама брате, имаш над 1000 твитови и едвај 250 следачи... колку и да се правите дека следачите не се мерло, дека не се важни, да бидеме искрени - важно ви е на сите и да, сепак е важно, а ти си глупа и неинтересна. И баш си таму каде што си заради вујко ти, али на твитер го нема вујко ти и ја гледаме сета твоја некреативност и умислена желба да бидеш нешто што никогаш реално нема да бидеш од проста причина - коефициент на интелигенција.
    Ми ласка кога глупачки од бивши девојки на другари се припуштаваат и копнеат по мои бивши дечковци, а имаат веќе нови свои. А нали, типично женски ме мразеле, зошто нели, не смеат нивните дечковци да имаат другарки... Просто не можам да се погордеам со моите претходно погрешни (за мене де) избори, но и од сознанието дека тие се искомплексираните кучки кои упорно креваат опаш, но залудно. Не можеш, а да не поуживаш го простоќата на глетката и упорноста да докажат дека се паметни и вредни и дека се она кое што ми го препишувале мене, еден прекрасен доказ дека ние сме нашите стравови,а не тоа што сакаме да бидеме. Просто и ми оди да им честитам на апсурдноста на нивното постоење и благодарение што ми создаваат практични примери за злобата и се околу неа.

    А можам и да напишам и една епопеја - македонци во странство. Не луѓе, не излегуваат од државава наши млади кои се паметни и способни, туку само цврсто решени. Потешко е тука да опстоиш него ли надвор. Ми се чини зона на комфор постана одењето во странство, него ли опстојувањето во Македонија... И одиш ко право сељачиште и очекуваш твоите навики да ги прифати таа земја, отколку ти нејзините со цел побрзо да се асимилираш и да си го олесниш животот.
    И да, таквите сељачишта ќе опстојат и во странство и ќе пукаат плати. Интелигенцијата и стручноста не ти се предуслов за работа и живот надвор, туку колку си ја одвоил папочната врвца од се што сакаш тука и тоа колку би бил среќен таму. Видов кој е мракот зад насмеаните слики во ресторан со новите пријатели од сите страни на светот и горката самотија кога блицот ќе згасне и ќе заминеш дома. Таму постоиш за да ги убедиш останатите дека си среќен. Не дека не си, ама додека не си сам и потоа се тресеш на камера кога ги гледаш твоите родители, останатото семејство и пријателите и се правиш дека се е ок. Печалените пари сфаќаш дека не ти се ништо и добиваш така јака желба да бидеш ти промената во твојата држава и да не ја трпиш неподносливата леснотија на постоењето во неа, ни па тешкотијата надвор. Сфаќаш дека пари не те прават среќен колку прегратката на мајка ти. Со посраните евра си купуваш колекција викторијас сикрет кремишта и мечтаеш за одмор некаде на тропско место затоа што не си видел ебано сонце 10 факинг месеци и почнуваш да не се осеќаш жив зошто витамин Д и да не останало во тебе.

    Не знаеме што имаме и не знаеме која среќа е што сме деца на сонцето.
    Сфатив дека во странство всушност се најмалку способните, најмалку квалификуваните (со исклучоци де), но најбезчувствителните и најматеријалистите. Најсилно трпат, мазохистички уживаат во болката на далечината. Дистанцирани од себе си.

    За една година...стојам и се чудам. Колку е се различно, колку сум јас различна... гледам луѓе кои порано ми биле добри, а повеќе не ми се, стојат во истата мртва точка, не сакаат да се помрднат. И такви со кои мислев дека никогаш нема да се спојам, а сега постојам и комуницирам.
    Имам многу нови пријатели и се чувствувам цела нова јас. Сега ми треба уште ново тело. Душата ми е друга... си го фати својот пат до ослободувањето, си најде што ја кочи.
    Побогата сум за 1000 буквално 1000 нови искуства и знаења и тек сега знам колку не сум знаела и колку ништо не знам... и е пре-кра-сно!

    Капакот, шефот ми се јави денес и ми рече - цела година си била во право, извини и не знам како не го гледав тоа. Тенкјувери мач.

    Со целта пред нос, точакот под гз, луѓето во прегратки, љубовта во гради, тоа би бил живтот сумиран.
    Пишував многу оти одамна не сум пишала, а имам уште толку, особено за луѓето кои ги бркаат и бараат љубовта, разбирањето и слободата од другите луѓе, а тие ги немаат во себе и се пусти како пустина. Лесно се препознаваат. ;)
    И да, ќе простам се, освен искреност и такви кои ме барале само кога им било најтешко. И ќе им биде кажано во моментот кога ќе држат говор за тоа колку луѓето се користољубиви, а они не.
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, Elenaaaaaaaa и 11 други им се допаѓа ова.
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Почеток на нов месец,почеток на нови авантури.
    Деновите полека си течат ,книгата со спомени полека се полни. :mm:

    И понекогаш кога свежото ветре ќе ме погали по лицето и ќе ми ја развее косата,ми навираат стари спомени и како нескротлив бран ме плескаат.И кога веќе брановите пристигнале,ме постетуваат како им се радував...Како им се радував како малечка, кога покрај моите стапала почнуваа да се пенат.
    И сеуште им се радувам...ме потсетуваат на некое изминато и веќе неповратливо време. :drunk:

    Се радувам како мало детенце и на оние слики,кои се објавуваат секој почеток на месец.
    -Welcome july,hello july :sun:
    ...И ме расположуваат оние летни песни кои слушајќи ги по цел ден ми се вртат во глава...
    [​IMG]
     
    На Lella и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Нема поголем доказ за тоа колку длабоко те зафатило летното расположение, од она кога ќе се фатиш дека немаш поим кој датум е. :D
    Еве потврдувам дека можат да бидат и корисни сите оние слики со поздравување на новиот месец тука и на почетна на фејсбук. Барем во летниве месеци со мозок на пасење левел 99999, кога може и да не ти текне дека треба цела страница од календарот да се сврти. :D

    Иначе, да ме праша некој, не знам кога повеќе се врткам околу фрижидер, дали уз школски нервози или за време на летен распуст. Штом немам идеја што да правам со слободно време на претек, никој не може да претпостави што може да ми се пријаде. Веднаш доаѓаат идеите што да се грицне, па што сендвич да се подготви, онака домаќински. :D
    Море да си ќутам јас и да си ја поплукам среќава што не сум склона на поправање... :wasntme:

    И така, јас официјално првојулски си ја отворив сезоната на лубеници, се снабдив за вечерно освежување на тераса со музиче, милина... :mm:
    Ве поздравувам со нешто релаксирачко, уживајте и имајте убава вечер! :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=csygz_oihCs
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, aaaaa, Lella и 6 други им се допаѓа ова.