Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Јас сум ноќна птица.
    Мхм, патам до инсомниа со тој степен што маж ми го напушти брачниот кревет со кратко образложение - ти си повампирена.
    Ама, не е до мене :!: . По улица во глуво доба, околу 3 часот наутро, пијан неталентиран тапанар да има неуспешен перформанс на ламарина во улога на импровизиран тапан. Е па синоќа се решив, секако пред да почнам да халуцинирам after (тотално ирелевантен факт што на вратата ми се причинуваше дека ми виси Slim man :D )

    [​IMG]

    Со изгасено светло и отворен прозорец, зад пердето манијакално го демнев за да го постигнам елементот на изненадување т.е да го фатам неподготвен за расправија. Како од вердо небо театрално да истрчам до балконот и да се разбвикам - " Еј ти, пи*ка ти матер, 3 сатот е ! " Ама попусто, само тоа било само ехо на празната улица, песната ја изведуваше нешто подалеку од мојот видик.

    Вака искрено, да го фатам ќе го шинам од мање ми се чини, година и нешто како тропа вака упорно. Еднаш поизразито беше за време на муслимански пост, можеби сега исто е во тек, или во тек се припремите, јас не сум ни информирана не сум ни толерантна.
     
  2. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Има некој слушнато за среќа во несреќа? Епа фала богу шо постоело :D
    Пред некој ден со другарките одиме да трчаме на кеј и јас со телефонот у рака.Истрчаме и сега рекоме ај малце ќе попешачиме и ќе си одиме.И јас на крајот застаната(одма до реката) си одам па и уште рази мафтам при одењето |( :headbang: Како ми се оптушти тоа телефонот дирекну у реката.Па и ШКЛУМ направи :rofl: .Јас заглава се фанав и викам ќе одам ќе го зимам.Се зададе еден човек и влезе пред мене го извади.Мене душа ми дојде...Сега среќата е шо не беше расипан нормално си работеше...И ја си викам уф каков куршум избегнав :whew: .Сакав да му купам пиво на човекот да го частам ама не го најдов следниот ден. :)
     
    На sheis му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се спомне поимот комшии,имам книга да напишам дефинитивно :D
    Си одам до продавница за основни работи и секое можно утро госпоЏата ме прашува што сум си купила.Купачи си купив и тоа Викторија Сикрет :D
    Одам на гости кај тетка ми и нејзина комшивка застанува пред порта и не гледа дека си правиме муабет,ја прашува кај биле,ги немало неколку дена.Тетка ми,и она не ги ферма многу и само и рече дека биле на шетање.Ама не, :!: госпоѓата сакаше да знае каде биле,кога си дошле и со кого :D
    Ни срам,ни култура да се немало.
    И што кога знаат што правиме секоја секунда? Или завидуваат или гледаат да наштетат.
    Епа луѓе,не е ова фалење или нешто,ама јас не сум таква.Па не ме интересира за никој бре,нема зошто да си го полнам мозокот со непотребни информации за луѓе кои не ми се никаков фактор во животот.
    А најлошото е што пола население ни е такво,радознало што се вика :D

    И доста мрчење,да го свртам постов накај убави работи.Лето е,изгор жешко,ама најубаво ми е,уште љубовчето да не беше далеку,и можеше да биде совршено.
    Кафиња,коктелчиња,од време на време и на море,уживанции.
    Па и ослабев 3 кила,уште 2 ми останаа до идеална тежина,радост голема :D
    И така жени имајте убав ден,и поздрав до сите вас и до комшиите :D :*

    И апел до Самерка да продолжи да става коктели и песнички,ми го разведрува денот уште сабајлечки! :lol:
    [​IMG]
     
    На Lella, Dog-lover, ozbilnazena и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Зошто секогаш ги ставаш работите на место на кое што лесно можеш да ги најдеш и после поим немаш кај си ги ставила?а не е склероза. И тако то... куд кој мили мој, ја на работа :coffee: со дечкиве мои :D
    кој заљубен кој изгубен... ма биче боље :)
     
    На bittersweet, Serafima, Mahidevranfan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Обично читате како јас се жалам за промените, еве сега пишувм, да се пофалам, јас направив промена. Им пркосам на промените :rock:
    Другарка ми ми пееше која би вечерас мени постала девојка црне косе до струка, е сега сигурно ќе ми пее девојка црне косе до груди оти до таму се шишав :lol:
    Не знам од каде ми дојде ова пократко да се шишам. Од инает на себе :D Тој ми викаше да не се шишам и еве ме мене со пократка фризура :D И тоа на нашиот најважен ден, 8 месеци откако се гледаме :inlove: а се знаеме 2 години :lol: Почнавме од „најдобри другари“ :D
    Ако, уште можам да пафтам со неа по лицето и очите на луѓето. Значи, уште жртви ќе имам 8) Пазете се! :!: + вака изгледам повозрасна, посериозна :wasntme:
     
    На Serafima, summer-lover, QueenElena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Секое лето ме „тепаат“ дежа вуа.
    Пладне е. Ролетните се спуштени. Седам во мојата соба и зјапам во екранот. Претпоставувам дека небото е плато-сино. Се слуша само звук на автомобили и мрдање на капакот од уличниот одвод откако автомобил ќе помине покрај него.
    Од досада ја кревам ролетната и одам надвор. Седнувам на ќошот од терасата. Ме мава вртоглавица заради разликата во температурите или што и да е. Небото навистина е сино како платно. Се чувствувам шугаво, но среќно. Во еден момент низ целата улица ечи „пресен бостааан“. Јас тврдоглаво седам на терасата и буквално си го печам задникот од плочките. Како да сакам да ме удри дамла. Зјапам во ѕидот. Има боја на избледена праска. После некоја секунда го слушам татко ми како се расправа за цената. На крај прифаќа и влеглува внатре.

    Ова ми е најчесто дежа ву. И единствено дежа ву кое од кое не се чувствувам збунето и глупаво. Напротив, среќна сум. :D
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Овие неколку години бегав од самата себе, бегав од се мое... Денес сфатив, залудно било преправањето, бегањето, од себе не можеш да избегаш. Јас сум таа, можеби се менувам, растам, созревам. Но потеклото, презимето, името, семејството, начинот на живот залудно сум се обидувала да ги менувам. Зошто бе дете!?
    Не сум знаела како и зошто...
    Ама ете сега знаам. Многу грешки направив. Синоќа ја свртив страницата, ама она дефинитивно вртење. Ја вртев полека овие 8 месеци, но синоќа не само што ја свртив туку и ја искинав на парчиња и ја запалив :!: .
    Застанав на свои нозе, мислам време дека беше. Се чуствувам неверојатно добро, мислам дека можам и сама од сега, ама го имам него... Ќе видиме до кога ќе остани. Го сакам, ме сака, ама ќе видиме. Зошто некои луѓе не поднесуваат другите да бидат среќни.
    Им посакувам да одат во пеколот... И да не ги боли многу за мојата среќа, да си останат злобни и грди.
    Јас сум среќно човече и ќе бидам уште посреќна. Ова е моја година, а за месец се знае :D .

    Од денес, поинаку со сите, поинаку со себе, поинаку со него... Секој ќе си добива што си заслужува...
    Овој живот е круг, се се враќа. А јас мислам дека си ги платив старите гревови, време е за нови :devil:
     
    На SparkyAngel, Elennaa, kala21 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Колку сме биле напредни бе ние Македонците. Вчера си дојде комшивка ми од Италија и почна да раскажува како било таму.Климата како и секогаш погодна поради Алпите (мислам на летниот период) и само одеднаш рече: ,,Леле бе ти да видиш таму сите уште во осум часот во кревет, а после 10 нема излегување, ние тука како Индијанци''. Ме насмеа, не поради тоа што ова е смешно туку поради тоа што смешно го кажа тоа. :lol: И навечер било мирно таму.Па нормално дека ќе биде, кога после 10 сите треба да бидам дома.Тука сите лутаат и тоа пијани. Онаа ноќ неможев да заспијам тукму од пијаните дечишта што беа на моја возраст. Па дури и девојчињата ги слушам пијани, пејат некоја песна.И во право беше братучедка ми кога праша што е толку во мода денес да се опијануваат.Во мода е, за да се направат фраери. Е тоа го има само во нашата чудесна земја. Со ова во никој случај не ја навредувам Македонија бидејќи си ја сакам најмногу.Не затоа што е многу убава, туку единствено бидејќи ми е родна земја!
     
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Да ви кажам искрено - не памтам од кога не сум била вака полудена од среќа ^_^ .
    Потскокнувам низ дома, заигрувам додека одам, постојано ми се вртат во глава убавите работи кои ми се случија последниов месец, мислам дека ќе се онесвестам секој момент од убавини! Да даде Господ сите да сте ми вака среќни, значи чувството не е доловено од нешто материјално ами најчисто духовно и психичко, душава ми мириса на насмевка со денови веќе!!!
    Прво, да ве известам дека после 4 долги години, со сите нервози нормално, менување на факултет, не одење на факултет, заебанции и доаѓање до созревање и освестување, дипломирав. :dance: :d: :muscle: Дипломирав и тоа со убав просек, и толку многу сум весела и исполнета што мислам дека ќе си пукнам во секој момент.
    Последниве два испити ги спремав последниов месец - јуни, учев, учев мајко мила заедно со колешка по 5 часа на ден и +, во друштво учам многу подобро отколку сама.
    И сега еве моментално се пакувам, пуштам перални, средувам низ дома во Ск, па ќе бегам накај родното ми место да се сликам за пасош утре сабајле, пошто скрос изуми дека уште од Март ми е истечен. :tmi:

    Следна убава вест е дека со дечко ми се преселивме во друга куќа. Велам куќа, дека имаме кутре, и не сакам по станови да го затворам, пошто пред се не е научена така, а и кога веќе имаме можност да си бираме куќа или стан, јас не ни размислувам, куќата секогаш има предност, заедно со дворче за малата Луси.
    Многу поголемо е од претходната кај што живеевме, пошироко, поудобно, ново и со многу пофер и добри луѓе кои ни ја издаваат.
    Како и секогаш нели, на крај при селењето мора да испадне некој проблем, од алчните и вообразени сопственици кои издаваат куѓа, но не издаваат само тие, издавам и јас во Неготино куќа, па точно знам што и како оде, нема мене некој будала да ме праве и да мисле дека сум од Марс падната, замислете сакаа до јануар да им плаќаме интернет, а ние од јуни иселени сме, пошто господинот го мрзело секој месец да го продолжува договорот, па го ропнал на 2 години |(
    Културно и фино се разделивме, ама ние победивме, ние и Луси!

    И сега сме си во новата дома, 3 дена правевме генералка, средувавме се, носевме наши работи, уа буаааа, се средивме конечно, си прославивме, си прославивме и на наш начин, if you know what i mean :geek: , и денеска можам комотно да заминам на два дена до дома, да завршам се што ми треба за пасошот и да се видам и да прославам со моите исто, горди и мајка и татко, едвај ме чекаат дома, скоро месец и пол си немам отидено, за прв пат во животот мој, секогаш на две недели сум си одела, и сум седела по 3-4 дена, ама некако како што мине времето, се повеќе ме мрзе да се пакувам, да се отпакувам, да се тегавам по пат...
    А и исто месец и пол прв пат сум оделена од пит булот што си го чуваме дома, значи над 5 пати го сонував месецов, и навечер кога правев паузи од учење, ќе си пуштев клипови што имам од него, слики и дури и солзи ми течат, премногу сум поврзана и со него, исто како и Луси, иако он не е секој ден со мене, ама после кога ќе стигнеме дома со Луси, оваа ми скока од кола одма, од прозор и отварам, рипа и лета накај него, а овој знае дека си идеме од Ск, мама му кажува Луси и Ане си идат денеска, ќе си играш со Луси, ќе спииш со дада ^_^ и овој опашот горе, и цел ден леже пред порта, со најубавите жолти очи само гледа и станува на секоја кола што се доближува, аххххххххх како ќе го изнагушкам тој голем и дебел убавец, убавец на дада!

    Мајка сто пати се јави, до каде си, тргна ли, уште не, уште не и викам, ја чекам пералната да заврше, ајде тргај па и ти ама си, се навечер си идиш :lol: Нестрпление vol.100ka.
    Одам да се допакувам набрзина, и да тргнам, ноќва ќе биде весела и топла.

    И да ве поздравам и расположам со едно видео на кое си плачев синоќа, сите вакви видеа со кутриња кои се спасени, ме растажуваат на почеток до срж, кога ќе ми текне само колку многу други кутри души чекаат и чекаат да бидат спасени вака, а тек па кога ќе ми светне колку само не се спасени и си умираат сами без да осетат ни трошка љубов и пажња, ни топол дом ни пријателски настроени луѓе..
    Но, ова видео доловува среќа и љубов, па имајте убав ден и мислете на убави работи и правете работи кои ќе ве направат среќни, живејте без ограничувања драги мои виртуелни пријателки. :hug:

    https://www.youtube.com/watch?v=bbDBvvDzBX8
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Oxymoron, bittersweet и 36 други им се допаѓа ова.
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски

    СДК конечно ја најдов вистинската реплика на постов на Омни: Ти само така ми викаш оти сакаш да ми го земеш, you know it's cute. :devil: :rofl:
     
  13. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    965
    И пак ова проклето грдо чувство. ;(
    Каква депресија ме има фатено деновиве, се молам што побрзо да помине овој период.
     
  14. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Денеска беше многу работно. Но некако со гужви и нервози средивме се по дома, и како награда јас и сестра ми се почастивме динче. Толку меко и сочно, го снема за 2 минути. :smirk:
    [​IMG]
    Имајте пријатна вечер, јас отидов на шетња. :hai:
     
    На cresa-jagoda, Moonstone.17, sweet-star и 4 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    101.686
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е,не се чувствувам најдобро...
    Минатата недела го имав добропознатиот напад на паника,со потење и забрзано чукање на срцето.И таа проклета пот и тоа гушење и непријатна болка во стомакот.Успеав со автосугестија да се смирам,се довлеков дома и си ги почнав малите розевки пилули.До вчера.Денес се дружам со алкохолот,а ме пече,ми ја гори душава ,како лава ми поминува низ телово.Безнадежноста и чадот од цигарата ми се друштво кое не го сакам,а упорно се залепиле до мене.Мисливе се залепиле како досадни муви,ме мачат.Тонам...
    Патем ракијава ми е за медаља,и тоа златна...нека ме носи и нека ме однесе...
     
    На SparkyAngel, H.VAGA, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Маживе треба секој ден да му се заблагодаруваат на Бога што ги наградил да бидат МАЖИ...Тие никогаш нема да осетат болка од депилирање.Умревв :devil: 2 сати со депилаторот-Гррр Вррр Грр Вррр.Ко ќе слушнам дека некое машко се депилира на раце и на нозе ми иди да го задавам..Маж без влакна не е маж :!:
    Така да си знаете.. А ние жените ќе патиме.
    Ама шта је ту је ... :|
     
    На DoReMi, Dvolicen и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Многу мразам кога велат тигреста шарка, а уствари се работи за леопардска. Е толку ли е тешко или стварно не разликувате леопард и тигар? ...А сигурно, пред очи имаат слика од лав, гарант.
    Па уште кога речат, со нијанса на тигресто :^) Каква нијанса жити бога? Боите имаат нијанси, а не шарките.
     
    На anuskaNESTLE, DoReMi, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Утре е четврток...

    Ќе ме разбудат расквакани кокошки и размекани кози карши спалната соба, на тротоарот на главната улица, бидејќи утре е главен пазарен ден. На само неколку метри од собирното место на животните се наоѓа новоизградена зграда, со тенденција да биде и е модерно уреден мол, каква смешна спротивност!

    Ќе се пробудам со зујање во ушите од моторџиите кои господараат по улиците во текот на ноќта, со невероватно грозно, хорор-гласни мотори, и наравно од музиката на Северина, Жељко и Оливер, карши од кафаната, пуштена скоро на разглас до некое доба на ноќта (викендите можам да "уживам" во музиката те. рецитирањето уживо на "пеачот над пеачите" ...) Некаде пред изгрејсонцето, ги наслушувам и џамиите, онака во позадина. Посебно се дерат сега мислам, за време на празникот. Среќа, не ми пречат, веќе премногу сум изморена да ги слушнам во полн интензитет.

    Ќе отворам врата од балконот и ќе ме загуши свежиот мирис од пржените пиперки од комшиката која по цел ден мислам поминува готвејќи нешто на терасата. Очигледно ми е дека пиперките и се омилени продукти на месецот (може слободно да ги запише во темава на форумов :rofl: ).
    Веќе после некој час подоцна ќе се "одушевувам" на мирисот на свежо пржен кромид со манџите, а ако ми се посреќи ќе ме "израдува" со мирисот на пржена риба (најсмрдлива на цел свет) токму во време кога ќе пијам кафе на балконот.

    Ќе излезам надвор од зградата и пред мене постар човек ќе извади последната цигара од паклото и ноншалантно ќе ја фрли паковката на земја. Ќе се свртам околу себе, а тоа уште многу празни паковки покрај другиот "украсен материјал". А потоа вртејќи се околу себе и чудејќи се (и уште не можам да се начудам на менталитетот), ќе се судрам со некое младо "свежо" испотено планинско моме, облечено во белото проѕирно кошулче (да да кошулче, не е наменето за фустан ко што таа го носи), а под тоа облекла црниот веш, журејќи да влезе во едно од комбиња кои возат во околните планински села...

    Ќе влезам во маалска продавница и ќе се загушам од мирисот на, чинам, десет цигари испушени во исто време, ( а патем не сум пушач), а од таму треба да земам нешто од храната. Ќе се изнервирам и ќе се вратам дома. Таман што ќе помислам дека го повратив својот внатрешен мир, кошиите до мене ќе почнат да се карат и да трескат со се живо и диво, или на комшијата изнад му текнало дека може да поработи нешто низ дома со бушилица и сите пропратни инструменти... И така... јас мислам дека под итно би требало да го сменам местото на живеење ... А толку ми беше симпатичен градов пред неколку години кога за прв пат дојдов за да живеам тука. :shake:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Мор што се толку нервозираш, како сакаат нека си велат, ако не е тигар, леопард, лав, тогаш е зебра :geek: без нервози, порфавор, кроце...
     
    На ivana63 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Eх, таман работа мор, ж компранд дека само до мачка и куче знаат да разликуваат, зебра е физика :D