Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    ..Непроценливо е чувството кога разгледуваш стари слики, држејќи го албумот со тврда рапава корица. Ги листам страниците и одвреме-навреме ја прашувам баба ми која е личноста на старата фотографија. Посебно задоволство ми причинува гледањето на сликите направени со стар Кодак фотоапарат, директно извадени, а некои и потпишани на предната страна. Моменти и безброј насмевки на лицата заробени на една фотографија кои ќе се паметат засекогаш. Можеби луѓето тогаш немале материјално што им треба, а сепак биле среќни. Не како сега, се има и пак не постои она задоволство. Многу ми е жал што е така, но што е тука е.
    Имајте убав остаток од денот.
     
    На sweet-star, DoReMi и Summerlover им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски

    Јас би рекла дека незаинтересираноста на родителите е еднакво пропорционална со незаинтересираноста на децата.Зошто?Да се обидам да објаснам...

    Има разни типови на родители,мајки кои гледаат турски серии но знаат ќерка им каде излегла и со кого била минатата вечер.Има родители кои ги тиранизираат децата со забрани и чуда а врска немаат што се случува во главата на детето.Има родители кои едноставно ги пуштаат децата сами да пловат низ животот,убедени дека тие сами се свесни за сите можни проблеми.Има родители кои се збунети и кои не знаат како да се однесуваат со новава генерација која патем нема ништо заедничко со нивното детство.Зашто се она што сакаат да го кажат и применат делува старомодно и тие се повлекуваат.Свесни се за своето незнаење и се обидуваат да го откупат со купување на материјални работи.

    Сега другата страна- децата.Има деца кои господ ги оставил сами па успеале да се изборат некако.Како,тоа само тие го знаат.Има деца кои се самостојни од мали нозе,и на нив не им требаат совети,им недостасува можеби само прегратка.Има деца кои мислат дека ја испиле целата памет на овој свет и не смееш ништо да им кажеш ,зашто ќе те направат луд и старомоден.Девојчињата рано влетуваат во сексуални игри и кој е тука крив.Која мајка и татко ќе и каже на ќерка си -оди ако имаш 13,14,15,16 години менувај партнери и пробај се.Ако закачи бременост не верувам дека родителите и ја повторувале бременоста како мантра секое сабајле. Не верувам дека постојат такви иако го има и тоа обично во социјално ранливите категории.Децата кога ќе ја затворат вратата мама и тато не се со нив,туку нивната совест и карактер.

    Проблемот во денешниве генерации е што сакаат секоја информација да ја примат како да кажам-во готово.Значи соџвакана и сервирана.
    Едноставно ги мрзи да прочитаат нешто да се едуцираат и да остават времето да работи за нив а не тие да работат за времето.

    Незаинтересираноста постои и кај родителите и кај децата.Само формата е различна од случај до случај.
     
    На Marossa, bittersweet, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до мене и дури се е**ват нека си напрват селфи, болни луѓе :fubar: :worried:hock:
    извор: http://vistina.mk/2014/07/04/nov-trend- ... -galerija/

    НОВ ТРЕНД: Селфи после секс (фото-галерија)

    Дали вие би се одлучиле за ваков чекор?
    [​IMG]
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Топличко, жешкичко, убавини... Дворче со ладовина, свежо цедно сокче, книга, лап топ... Шаренило од цвеќиња ми е во дворов, а бавчата позади ми е убавини да ви кажам. Ептен добро ја организиравме, се е под некаков ред, строго определено што до каде смее да расте. Краставичките веќе уздреаа вчера прв пат ги пробавме. Превкусно, вистински вкус на краставица, строго органско :lol: , ни ѓубрива ни прскање ништо. Патлиџаните за едно две недели треба и они да уздреат, тиквици, малини, шери доматчињата ми се во саксии, а билките во посебно заграден дел направен како скали. Магдонос, босилек, нане... Од дрвцава уште ја жалам кајсијата што моравме да ја исечеме, а имаше најубави и најголеми кајсии на светот, друга ќе се сади на есен. Ќе се задоволиме со вишните, сливите, праските и јаболчињата. Се за своја душа!
    За одморот има време ама и тоа ќе дојде, а едвај чекам. Убави планови си направивме, јас само едвај чекам да си уживаме на плажа и да се опсипуваме со љубов! :inlove:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, bittersweet, Elennaa и 15 други им се допаѓа ова.
  5. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    5.918
    Се чуствувам хепи бидејки утре на другарками ке и купуваат Iphone и ке можеме да се сликамее :D
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
  7. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Ситно се брои....неполни два дена. А дома? Дома е хаос :/
    Мислам дека мајка е повозбудена од мене иако не заминува таа, туку јас.
    "Земи ова - ќе ти треба. Аа да и ова - ладно ќе ти биди. Ова апче ти е за тоа и тоа.."
    Добро мајка океј е :$ ;) ќе преживеам без тебе две недели.
    Цела година го чекав ова и мислам дека е заслужено.
    Јас + другарки + море = perfect!
    Ме чека уште многу спремање а време се помалку.
    Имајте убав викенд :*
     
    На Lella и Summerlover им се допаѓа ова.
  8. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    35.183
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво кога заедно пиеш кафенце со мајка. :sun: :coffee:
    Само таа може да ми го погоди кафето, многу ретко некој може да ми го направи како што јас го пиам.
    Ама многу нормално, јас ако не направам некоја глупост, нема кој друг.
    Само што се избањав, мајка ми го свари кафенцето, го зедов филџанот и се истурив. :x

    Кој нема во мозокот, има кафе на нозете. :rofl:
     
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    И така луѓенца, конечно и јас одлучив да почнам да учам италијански онлајн.
    Нема подобар начин квалитетно да исполниш дел од слободното време, од тоа да почнеш вака со мерак да почнеш некоја активност, да учиш нешто ново. ^_^
    Епа buonasera ragazze e ragazzi... :wasntme:
     
    На AnaKarenina, Elennaa, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  10. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764

    buona sera anche a te !!! in bocca al lupo, vedrai che non e difficile .
     
    На Gordana10 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски

    Buonasera мор Спешлке, арно си решила, у право си, ќе се осеќаш ко да ни си издавде :geek: :) те и до Кети :hai: :hug:
     
    На Dog-lover, Someonespecial и tessie им се допаѓа ова.
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Мислам дека мајка ми била некој агент од СФРЈ или може од некоја организација. Андарстендинг ганс ис сoспишас, мам :smoke: Заклучок од денес :D
     
    На Daydream, Someonespecial, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    175.066
    СДК...се враќам на форумов...после некои добри два месеца,еве ме повторно.
    Се читаме,поздрав :hai:
     
    На poenta, Viktorijaaa5 и gingerchild им се допаѓа ова.
  15. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Во животот постојат толку многу кратки моменти кои те исполнуваат со среќа а само еден еден потег ке те уништи.Се радувам само што сум мајка но не и сопруга на човек кој копнее по др жени.Вината ја бара само во сопствената жена а зашто???Затоа што секгаш има се од неа затоа што таа гледа за фамилијата.Фала ти за се гаду низаеден толку сум разочарана што само детето ме држи во мир и спокојство во моментов. ;( ;(
     
    На bonitacika, natemila и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Пред неколку недели бев очајно многу убедена дека треба да се променам. Подоцна сфатив проблемот не бил во мене, туку во другите.
    Добро, иако мала промена не би штетела никому.

    Поентата ми е, можеби некогаш мислите дека вие сте виновните, дека вашиот карактер не е добар и слично а всушност другите ви прават да мислете така.

    Да имав цврст став би знаела, ама не, јас мислев проблемот е во мене.
    Не секогаш ние сме виновните за некои работи, колку и личноста од другата страна да изгледа убедувачки.

    Лечење комплекси преку туѓи карактери е нешто крајно лошо и отвратно. Баш жално што се почесто и почесто толку тоа луѓето ги прави исполнети и среќни.
     
    На l0vE...-love, Insatiable13, Dog-lover и 4 други им се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Ставам во гугл да ми преведе treadmill, превод - неблагодарна работа :D :^)
    Да неме гледал гугл прееска како се откорнав од една? :?: После толку тегнење од едно невесте, ајде ма да одиме во новата теретана, да испробаме некои машини, па ако ни се допаѓа ќе си извадиме членарина. Да ја дружам ај, а дека вежбање на справи ме ми се допадне, кашлица ме фаќа само да го речам зборот членарина. Прашувам, а сауна има? Се мислам, нека се поти она на машини, јас да се затворам и ооомммммм друга врста на потење. Е, нема сауна. Само е за вежбање. ОК.

    Стигнавме, не пречека еден набилдан, типичен, блузата ќе му испука, маркетинг, не е он крив. Не прошета, ваму класови со зумба, онаму спиниг, тука главната сала и ајде, чувствувајте се како дома. Додека невестава рипна на секоја справа, јас ја избрав онаа неблагодарната работа, си викам, па не мора да трчам на неа, ја ставам на полека и се преправам дека пешачам во парк. Супер! Ги закачив и слушалките и мењам канали, дуф дуф дуф дуф ритми, и ај да убрзам за темпото, брзо одење, дуф дуф дуф дуф, ај нека го биде, ќе трчам. По втор пат во животов на ваква неблагодарна работа се сопинам, губам рамнотежа и ме одвлекува на газ додека ме истовари набрзинка на подот. Лактот ми доби изгоретина од тркалањето.

    Фидбек. Ќе ви дадам фидбек нема проблем. Не сите ја имаме извежбано рутината на Ok Go - Here we go again. Со кој памет го ставате итното СТОП копче на челото на справата, кога немаш шанси да го докачиш и стиснеш додека се занесеш и паѓаш? :fubar:
     
    На bittersweet, Elennaa, sweet-star и 5 други им се допаѓа ова.
  18. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    И ќе ми речат: „Погледни околу себе, ќе видиш колку мажи гледаат во тебе.. Погледни ги, се би сториле само за да те имаат.“ Ха, па што? Зарем јас вредам онолку колку бројот на мажи кои гледаат во мене? Така продорно како да сум само предмет, како да не поседувам мисли, како да сум само нивна тајна желба која ја посакуваат кога ќе ги затворат очите? И како само со еден сладок збор јас да треба да станам нивна? А ако им го завртам погледот, и побарам малце труд веднаш ќе се откажат и ќе ме прогласат за „ледена кралица“. Ма не.. Не ми треба таков во мојот живот, доста ми е од погрешните. Вистинскиот ќе дојде, и ако не дојде.. доволно е што јас сум си себеси вистинската!
     
    На eliesaab, julie77 и Lovely93 им се допаѓа ова.
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Нема ништо поодвратно за мене од дечко од нормален што станува билдер и напнува со селфиња на ФБ разголен пред огледало со тегови во рака. :puke: И уз тоа напишал: „Лабаво во теретана“ или „Прв дојдов последен си одам“ и слични мисесесерекогаќепрочитам работи. Типот за да ги стегне уште повеќе бицепсот и трицепсот направил фаца мислиш секој момент ќе се породи, а ние треба уште да читаме пофални коментари за тоа. Ма ајде, јас верувам дека на најголем дел од женските ни се одвратни таквите машки, едно е машко со мускулчиња и атлетски градено, а друго е билдериште кое се слика пред огледало и се труе со отровни материи. Да да батка, знаеме од каде излезе таа мускулна маса за помалку од година дена, не е само од вежбање. :!: Гарант секоја од вас има барем по еден таков на ФБ па ми ја сфаќа поентата. :D Имам таков што си беше супер дечко и пред месец-два почна да реди такви слики и кога видов во што се претворил бев ваква :o :^) . Сфатете дека ако вас не ве палат кај нас силиконските гради кога ќе помислите дека тоа е само пластика, не не палат ни нас вашите хемиски мускули, при самата помисла кои отрови течат во тие испакнати вени на бицепс ни се одмилува. И згора на се, после немало нормални женски. Која од нас ќе очекува нешто сериозно и иднина да гради со некој што става такви селфиња на ФБ и глуми шмизла со ајфонот? Да ви беше вас до нормална девојка, ќе знаете дека многу поинакви карактеристики ви се потребни од хемикалиите. Тоа му доаѓа исто како типка облечена провокативно што става натртени слики на ФБ да се чуди што машките ја гледале само како сексуален објект, после сите машки манијаци биле. Не бе душо, манџа ќе очекуваат од тебе да им зготвиш.

    Добро е што не сум машко, ќе помислеа од љубомора го зборам ова, така милуваат да мислат кога некое нормално машко ќе им рече нешто што не им се допаѓа. :tmi:
     
    На Marossa, bittersweet, eliesaab и 23 други им се допаѓа ова.
  20. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.905
    Допаѓања:
    24.182
    Пол:
    Женски
    Колку искрена другарска среќа. Јас мислев умреа одамна овие работи.
    Радувајте се на туѓата среќа, дупло ќе ви се врати. :)
     
    На bittersweet, l0vE...-love, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.