Леле срам Ова ко на пример да си на некоја битна фенси манифестација а мора и фамилијата со тебе да ја земеш пошто покани и за нив има и ги гледаш како се караат меѓусебе гласно, јадат ко да не виделе, татко ти се опил и се глупира, мајка ти нервен слом седнала плаче во некој ќош, помалиот брат се посрал во гаќи... Ете баш така да се почувствува човек.
Другарка ми е веќе 8 години во брак, таа имаше 22-23 тој 7 години постар е мислам. Вчера седевме заедно со уште една наша блиска другарка. Нешто падна муабет за секс. Дека си имаме редовно со дечковците, а таа почна да ни се потсмева да сме и кажале нареден пат колку ќе имаме максимум во еден ден. Истакна дека со години едвај еднаш месечно имала со мажот и, бидејќи има свој бизнис и вечерта бил уморен за што и да било. ' Ќе ве видам кога ќе се омажите' И после сакаш јас да се дружам со некоја ваква? Не знам кој ги терал да се мажат и да реметат мир наоколу.... WORLD PEACE!
Не се случува еднаш вака. Секогаш кога се гледаме.. ' Ќе ве видам кога ќе се омажите' се нејзе и е тешко, не оди на работа, мажот и не и дозволува да оди за минимална плата, градот ќе зборувал. Сум и сугестирала да бара работа и да почни од негде, а не сама да седи дома со детето. Но, не сака. Сепак нејзино право. Едноставно, немам допирна точка за разговор. Ниту нешто за кариера да се право муабети, напредок општ. Знае само да се шета со колата низ град, и да се потсмева. Една зборува со мене за таа другата со потсмев. Утре па за мене исто. Нема врска. Ќе се дружам поретко.
Не ја сфаќај лично. Иако ти делува како да те напаѓа, сепак си лечи комплекси низ жалење. Ако ептен продолжиш да ја дружиш макар и поретко, остави ја нека си се жали, од едно уво влегува, од друго излегува. Нејзин проблем. Искрено, ако толку немаш допирна точка за разговор и пренесува негативни вибрации, откачија целосно. Не си должна да трпиш било кого само затоа што се дружите 8 години. Глеј си го твојот спокој!
Еве и ти збориш за неа со потсмев, сигурно со другата другарка често ја оговарате штом и на форум пишуваш за неа, колку секс имала и дали и се работи или не. Значи не е нешто полоша од вас. Во тој поглед исти сте, само малку различни приоритети имате во моментот и заради тие приоритети ти се чувствуваш подобра од неа, до степен да прекинеш другарство оти пази молим те, различни светови сте моментално. Ти неколкупати секс во неделата, таа еднаш месечно
Ако маж и' и' забранува, треба да го прочепкаш тој дел, пошто очигледно е во брак со насилник. Понуди и' помош, а не да ја дрндаш по форум.
Не е твој, точно... ама јас да сум на нејзино место, би сакала да имам другарки кои ќе се грижат за мене, а не само да ме дружат за кафе и алапачење. Сигурна сум дека и ти би сакала да имаш другарки кои вистински би се грижеле за тебе и би ти помагале доколку можат нешто да помогнат. И не е само да сугерираш, туку отворено да разговараш и да се обидеш да ја разбереш нејзината ситуација, без притоа да ја осудуваш. Има разлика меѓу: -Јас таков би оставила и -Ти вредиш многу повеќе од она што ќе го каже тој за тебе. Пристапот, тонот, зборовите кои ги одбираш ја прават комуникацијата ваква-или онаква.
Мислам дека членката не побара совет што треба а што не треба да прави. Уствари, ко ќе прошеташ по форумот, баш тој е концептот озборување. Баш пред некој ден критикуваше @Nigredo Odor во темата македонски фаци Инаку @WildMk , во многу теми ти од твоја страна потенцираш секој да си живее и да прави како сака, па во случајов, било која членка што и да пишала, нека си е, нејзино е тоа, не мора одма нафрлувања без да побарал некој совет од вас. Ама тоа е тоа, таков е форумот, одма солење памет како треба, што е правилно бла бла бла.... Остајте ги луѓето, не сме сите исти, секој е влезен у свој филм и си тера со свои замисли. Ма кој што сака нека прави и како мисли дека е добро за него нека прави. Секој со свој ум
Секој нека живее како сака, се додека не штети некому. Оговарањето го рачунам за наштетување. Затоа и сто пати побарав 'Македонски јавни фаци' да се затвори.
Ех да беше само таа тема. Прочепкај добро, ќе забележиш оговарање во многу теми , ама пак си стојат мислењата. Секој озборува за некој друг без разлика дали е од поблиското семејство , комшика, колешка од работа или рандом личност која ја сретнала по фејсбук групите па тука дриблаат на форуми кој каков статус пишал и се по ред. Она што боди во очи е кога на било кој член ќе му се нафрлат без притоа тој член да побарал совет. Затоа и те цитирав.
Знам дека секаде се оговара. И не се 'нафрлам', само посочувам она што го сметам за неправилно. Не дека ќе ме послуша некој, ама битно да кажам што мислам. Инаку, најубавите совети се даваат преку конкретни примери, не со апстрактни монолози. Затоа 'одговарам' и кога нема прашање.
@WildMk баш е добар твојот пост и ме подразмисли. Јас на човек му помагам на човек, но ептен не сакам да се мешам. Многу добро сугереираше со реченицата како треба да си помагаме преку изразувањето. Јас не дојдов тука да му наштетам некмоу, си кажав мислење. Не знам зошто некои така сфатија. Не ми се свиѓа муабетот од другарката. СИ има свој живот, можеби целта и е таа, мажот и да заработува, таа да се дотерува, да вози кола, да си го шета детето. Јас имам друга цел и ете. Јас од ко се преселив СК почнав и пониаку да размислувам општо за животот.