А да ги стават у карантин само македонските делови, а за другиве да не важи, па да проработи природна селекција малце?
Не сакаат да се едуцираат. А им напише некој нешто контра, одма те напаѓаат. Вчера една членка напиша - Ај мрш прости едни. Дефинитивно им треба помош.
Не знам баш дали е исмејување. Како може да ти помогне бајачка? Ама они се убедени дека бајачите најдобри. На една и предложив да посети психолог. Партали ме направи.
Оти има стигма кон психијатријата како медицинска наука и оти никој не сака да мисли за себе дека нешто не знае. Од друга страна, под огромен притисок се поради некаков личен проблем и се очајни да го решат. Во Македонија многу малку се внимава на психолошкото и емотивното здравје. За да 'ги натераш' да посетат психолози, треба претходно да ги научиш кој е бенефитот од истото, дека не е срамота, дека имаат проблем кој не ги прави 'ненормални', туку само луѓе. А за тоа, треба мноооогу повеќе од неколку поста на форум.
Ама они не сакаат да те сослушаат. Одма те напаѓаат. И која корист да продолжиш да пишуваш ако не ги интересира? Па уште и будала те прават. За нив е срамота да се отиде на психолог, а она другото не е. Треба да се затвори таа тема.
Пристапот кон нив треба да се смени за да се сменат нивните убедувања. Потфрламе сите како општество, штом има луѓе со таки верувања. Сите што осудуваат, школството што не обрнува внимание на едукацијата по прописи, стигмата кон психијатријата, оние кои сакаат да направат профит на туѓа мака... има многу елементи за решавање. Овде можеш само да им сугерираш и да се обидуваш да им објасниш, без осудување. Не треба да се избриши темата, туку да се цензурираат информациите кои ги споделуваат за 'бајачите'. Да не смеат да разменуваат контакт информации јавно.
Види....они нека прават што сакаат. Ама зашто одма се навредуваат ако некој им пише Мислиш бајачка ќе ти помогне? Не гледам тука ништо навредливо. Очигледно треба да пишуваш дека бајачите се најдобри. Да се избрише темата затоа што и деца мали читаат.
Оти сите ги иссмејуваат, па по дифолт се бранат. Како што пишав претходно. Кој е правилен пристап во вакви ситуации, не знам, оти не сум стручно лице. Единствено што знам е дека не треба да им се смееш, навредуваш и омаловажуваш.
Што е фората со Катица и соблекување? Увек ама увек последна дознавам И крај на свет да е ја ке дознам одкако ке се случи истиот Нека ми одговори некој ако сака баш ме интересира што р со Катица сеа муабетот
Па кога ќе видиш...они и на нас ни се смеат. Членката синоќа сите не измаршира затоа што не сме верувале во бајачки.
Глуп муабет. Никогаш не сум разбирала зошто жени си ги ,,мерат” така, мерење е у принцип машка работа нели. Секоја врска/брак/whatever, си има своја динамика и нормално е количината на секс да се разликува и тоа не влијае никако на вашата дружба. Е тука веќе многу подобро објасни и јасен е проблемот. Знам дека не ти е утеха, ама добар дел од луѓето што ги познавам, вклучувајќи се и себе, се соочуваат со истото во нивните друштва. Едноставно пораснавме и многу е тешко да се одржуваат старите пријателства. Кога бевме помали, главно беше каде ќе излеземе и што ќе правиме, ама сега веќе сите имаме различни цели и приоритети и нормално е дека немаме толку заеднички теми за муабет. И јас минатата недела се најдов во друштво (не мое), каде буквално ништо не ме разбираа - ни желбата да магистрирам, ни работа во странство, ни фактот што не сакам да имам деца, тоа им е страшно. И по тоа се гледа дека не припаѓаме ние со тие луѓе во исто друштво, не оди ништо. И дополнително, пишував во друга тема за ова - луѓево чим влезат во врска/брак, го губат идентитетот комплетно, не знам што им станува. Се се врти околу партнерот и излегување со партнерот или живеење со партнерот. Со овие што ми се во брак, не сум успеала ни да направам муабет зашто се зафатени со думкање бебиња. Се тоа си е легитимно ама ние не можеме да го разбереме и јас лично дигнав раце. Еднаш месечно кафе или уште поретко, доволно е. Да не биде дека реплицирам само, стварно СДК полека малце со врските/браковите/партнерствата, не заборавајте дека бевте личност и пред нив, не ве создаде партнерот, па до толку да дозволувате се да ви зависи од него.
Ама за да ги научиш треба да сакаат да се љубопитни, да имаат желба за впивање на нови сознанија чунки со инка во глава не се тура. Треба да сакаат да научат за да ги научиш нешто.
Fun facts: *Земјата има периметар од 40.000 км *Атмосферата е 'висока' 400км. *ИСС е на 400км. *Шпиунските сателити се на висина од 130-190км *Геостационарните сателити се на висина од околу 35.000км.
СДК, денес сум во лигаво расположение Ви имам ли кажано дека ме мотивираат пари ? Епа тоа е тоа чувство ко ќе бидеш во добивка , таа финансиска стабилност , од една страна плата, од друга страна плус бонус пари. Попусти на сите страни, лудило низ град, се подновив сандали....ЗНАМ ЗНАМ , скромна сум јас, за ефтини пари се подновив , секако не носам високи потпетици, овие ми се згодни. За гардероба и обувки сум секогаш скромна , па и скржава, може максимум до 30 евра да дадам за некое парче. Ни евро повеќе и за ефтини пари да се дотерам оти секогаш начекувам попусти. Од друга страна не се штедам за исхрана, посебно суши и за детергенти за чистење и перење, си сакам чистота. Да одам да ручам па ќе ве читам