Пак ќе речам и тврдам СЛУЧАЈНОСТИ НЕ ПОСТОЈАТ. Се возиме со новиов дечко скоро секој ден со кола. Една вечер, во најтемното ќоше,во една населба, се појавува мојот бивш со неговата жена. Истиот оној за кој пишував во маркетот ко се видовме. И велат случајно било..
Знаеш како би му лупнала и клоца и бокс.. ау стварно е одвратен и мрзам такви (не е педофил буквално) скапани луѓе. А жена му ми е најчудна му вика влези ,,влези внатре ти се смеат” и овој ѝ вика ,,нека дојдат еве го” ја мава со бастумот по гз (да ме извините) и женава си влага и овој продужува. Се гледа дека и двајцата се недобри во главата. А често седам кај девојчево во двор и му го собирам.Прееска малце ми фалеше преку ограда да го здрвам. Би го лежела само да не постои веќе, не дај Боже некој ден ако му се ,,угаси” сијаличката и нападне некое девојче го имам видено пиштол гол како се шета по улицата.. @Mantub мислам дека лесно ќе се извлече ако пријавам бидејќи не е добар со мозокот.Не знам дали има дијагноза али се примеќа. Ама би го здрвила ако проба да ми зе приближи.
Викни му жуто комбе. Ако не е дијагностициран нека го дијагностицираат. Ако е со состојба нека го институционализираат.
Викни му полиција... доволно е малку да му попраат муабет. Таквите ко овај, се најголемите кукавици на свет. Има да се покака в гаќи.
Промената не се прави преку ноќ. Трае со години се додека секоја вијуга во мозокот не земе друг тек на размислување. Така да, кога некој ќе ти рече " се променив" знај дека САКА да е така, ама не е. Дека си се променил треба другите да кажат.
Не знам што мислат некои родители кога ќе имаат дете дека тој еден ден нема да биде мамино и татино галениче.Дека тој/таа еден ден ќе порасне и ќе се сака да се истакне во околината,да просперира и да се развие во социјална средина. Не можам да ги сфатам зошто ги буткаат децата и ги ставаат во некоја стаклена градина како заштитен ѕид од се. Тој ѕид со текот на времето ќе ослабне и не ќе може да го штити детето. Не знам зошто некои луѓе мислат дека потфрлиле во воспитувањето само затоа што скршнало од патот, зошто не гледаат некогаш од свој аспект дека преголемата заштита ги прави децата да се чувствуваат загушено од сопствените створители. Не знам зошто родителите сметаат дека детето треба да ги следи неговите неостварени цели и соништа наместо тој да ги исполнува целите и соништата на своето дете. Никој никого не поседува, секој сам ја бира и крои својата судбина.
Дознавам дека две соученички од основно се породиле и инстантно добивам чудно чувство... многу брзо си лета времето, а мене ми се чини како сѐ да било вчера
СЛУЧАЈНОСТ Бр. 4. Се возиме со другарките, и наместо да си одиме дирек дома, едната требаше да оди до банкомат и се прскиравме на тротоар. Истата секунда се редат автомобили, го кренав погледот, ТОЈ, повторно ТОЈ. Беше сам овој пат. И така многу случајности...
@Angie1432 @ЕденЧлен @cooll Само понекогаш чувстувам дел од него во моето срце. Иначе женет е. Не смеам ништо да чепкам. Само мине чудно зошто постојано ми излетува од негде..
Да ти кажам сакам една сосема друга особа да видам, па не го гледам, а и мала е Битола, реално. Па? Хахаха