Мислам дека можам да го освојам цел свет! Горда мама со точно 6 месечен стаж! Ми расте детето, секој ден се’ повеќе ми се смее и ме изненадува, и не прави бескрајно среќни.
Во животот има многу станици. Некои ги изминуваме,некои не ги забележуваме,а на некои мора да потзастанеме,иако не чувствуваме потреба.Никогаш не можеме да почнеме од почеток. Едноставно,продолжуваме да патуваме низ животните дестинации затоа што имаме билет за во еден правец...
Насмеано утро, па да се надевам дека и остатокот од денот ќе ми биде насмеан. Иако уште рано сабајле направив една глупост, сега не тргам насмевка од лице.Мојата глупост, лесно помина.Иако не сум добар готвач, морав да си направам јадење бидејќи никој немаше дома, шта чеш.И решив да си спржам јајца.Си го вклучив плинот, да го запалам колото јас самата си ја запалив раката.Погаден мирис не сум почувствувала до сега. Па не се ни загрижив многу, морам да јадам, сигурно нема да останам гладна заради едно коло. Па ај на другото почнав да пржам. И на тоа се изгорев, ама битно си ги направив јајцата убави. А она првото коло, го расипав. Влегува татко и ми вика што мириса овде, ме праша дали сум ги прегорела јајцата, јас онака не, не.. Па и садови божем ќе миев, зарежав таа работа, мрза најголема сум. Си седнав на компјутеров како и по обичај, си разгледувам нови слики на фејсбук и само наидувам на една слика. Кога да видам татко ми на сликата со едни негови другари (ама не му се сите другари од таму) во игротека на роденден. Леле умрев од смеење. Сакав да го викнам да му ја покажам сликата, ама тој излегол, оди па најди го. А роденденот бил на братучедот на мојата поранешна симпатија, сигурно бил и тој таму. Ама татко ми ми е најсмешен на сликата. И не само оваа, на многу слики вака го имам сретнувано. Имаше една слика, еден ја ставил, тато држеше срна во раце додека беше во Италија. Знчи овој човек кога ќе ме насмее, ме насмејува до крај. Нема памет, во игротека.
Најглупаво е кога пред тебе оди пар и одеднаш девојката се врти, те гледа со очи полни омраза и заканувачки поглед, се врти повторно и го гушка дечкото, го бакнува, воздух не му дава. А трагедија е што тие личности ги гледаш за прв пат во животот. Причината за таквото гледање сеуште не ја разбирам, како јас ќе почнам да трчам по него и да го земам да си биде мој и само мој Ало девојко, прв пат те гледам, прв пат ме гледаш, навистина нема смисла да го реметиш дечко ти. Твој си е, никој не ти го зема бре. Прибери си го тоа однесување, тоа не е начин за да си го задржиш момчето или пак да му забраниш да гледа што се случува околу него. Феминки имајте убав ден Исполнет со многу кравајчиња.
Сакам да ги затворам очите, еднаш и засекогаш....... Тешко ми е, секој ден ми е тежок без тие очи, без таа насмевка. Ах да имаше барем некој кој би ме слушал, но не верувам дека и тоа би ми ја намалило болката која ја чувствувам веќе толку долго.
Сакам да кажам, грбот си го изгорив вчера на плажа, што седев цело време зарината со главата на пешкирот за никој да не ме препознае. Не се оди на плажа со секој. Прв пат појдов со стара другарка и нови пријатели на плажа, и во 3 часа покажаа еден цел правилник за тоа: Како не треба да се однесувате на плажа ! Од врескање, до фрлање ѓубре, до сликање и позирање со вознемирување на цела околина, итн. А, возрасни луѓе бе ! Сите зјапаа во нас, и превртуваа очи. :geek: Кога си заминавме, очигледно им олесна и осетија малку мир.
Се додека влагате во Зегин по тест за бременост а се понашате ко да купувате дрога од локален дилер со таа таинственост,срам и муабет под брк насочен кон аптекарката- НЕ СТЕ СПРЕМНИ ЗА СЕКС!
Не ми се верува понекогаш што гледам и што слушам ,си викам самата на себе на моменти: Вики нее не е точно тоа што го слушаш,не е вистина Луѓе бее па толку брзо да заборавиш кој/а си бил/а што дури си го забораваш и мајчиниот јазик. Израснала во Мк само година време е надвор од државава и она веќе на секој збор има посебен акцент Туку моментот морам да ви го доловам доаѓа и вели : таа: какви газирани сокови имате во лименка ? јас: кока-кола ,фанта,пепси и спрајт има моментално ладно таа: еееј пепси има и во лименка woow, хмм а може да видам спрајт ,што беше тоа спрајт?! како изгледаше убаво е ? Леле бее дали да плачеш дали да сме смееш И после она била во странство она неможела да живее овде овде имало многу прост народ. Ох брее барем овде народот се почитува се сака и знае што е спрајт ако не за друго Глупача
Дипломирана професорка по англиски се избацува со статус на англиски кој почнува со: We are born... МаЌедоЊо моја, кому ти даваш плата ?! hock: :roll:
чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам чекам НИКАКО ДА ДОЧЕКАМ БРЕЕ
Идам по улица со Пантера маица,малку развеселена и пеам Тапан силно нека удри зурли нека вииииијат.. ЈОЛО!
Нема врска тоа со спремноста за секс, сигурно не сакам да ме слушне 70-годишен пензионер (карикирам) што влегол да си ги земе месечните лекови, како барам тест за бременост. Затоа јас си влагам во малечките приватни како Еурофарм на пример, најсигурно ми е. Ни улошките не се дрога, па не ги носиме во рака кога ќе излеземе од продавница. Исто и со кондомите. Има прости непишани правила, не мора некој да ни каже за да знаеме. И не знам навистина каква споредба има со самиот секс, кога и возрасни жени (дури и мажени) не купуваат тест за бременост лабаво како мастики да се, ова проверено го кажувам.
јас треба да добијам оскар за мрзливост.. собата ми е хаос хаос, и само со викам ај утре, ај утре ќе биде ќе ја суредам и така 3 месеци поминаа викаат дека биковите во хороскоп не сакаат неред вистина не сакаме ама покрај тоа и мрзливи сме.. а и најубаво суредувам кога сум сама дома ќе згрмам музика и ќе си пеам на глас . дејли фитнес рутин : ослабев 2 кила пробувајќи да ги извадам сите алишта надвор од шифунерот :geek: и после 3 дена пак иста песна , пак хаос е се
Сакам да кажам, останавте непочестени, ама јас веќе салам ги завлеков првите 10 дена од 27мата Пошто нели, полниш една тргаш друга година, по правилникот на баба И ова ми беше најубавиот роденден досега, далеку од сите, со срце полно љубов и будење покрај саканиот Па ко да ми текни на тоа колку ми беше мачно до пред месец два, одма знам дека причината за моево расположение е лето. Сега очекувајте ме со нови бесвести кон крајот на Октомври
ПМС - high level сум Никогаш до сега ваква не сум била. Неќна, пред да излезам буквално пресоблеков 5 маички, 2 џемпери, 2 пара фармерки и обувки Плачев на два филма, па плачев затоа што симпатијата и се јави на другарка ми Глупости ме нервираат, успеав да се посрамам 2-3 пати по улица. И двајца луѓе ме фатија како си зборувам сама со себе Не бев способна да донесам одлука каква пена за коса да си земам Едно 20 мин. се мислев Интенса или Тафт На страна тоа колку ми се јаде, а на диета демек сум. Многу често ми паѓа шеќерот Па ми се лоши, ме боли глава, ми се врте Денес сум расположена да претепам некој
Си седам кај мене во собата, а сите прозорци отворени. Ја слушам надвор внука ми и нејзината другарка како си играат. Во овој момент правеа торта, чоколадна. Кога ја завршија, тука се вртат три мали маченца, две црнки и едно бело. Зеле ги ставиле пред тортата и пеат Хепи брдеј, е сега кога дојде времето да се кажува името, другаркава го викна името на мојата внука, а ова вика: "Aма мене не ми е денеска роденден", другаркава(се удира по главчето): "Ауу, ја заборајв". после ги слушам пет хепи брдеј дијр мачињата. Си се умрев смеење. И така ми помина денов, бев да трчам, ко за чудо уште сум во форма, 4km ги лапнав ич ко ништо. Еве сега си седам и пијам чај, ама ладен и си уживам во свежово време. За вечерва немам посебни планови, па најверојатно ќе останам дома и ќе гледам некое филмче, но кој знае, можеби ќе се случи нешто неочекувано.. Имајте убава вечер