Жал ми е што и во најтешките моменти во животот, не знаеме да се обединиме. Човештвото е осудено на пропаст, само поради човечката суетност.
Возрасна особа на 50/60 години била стара, па и хронично заболување имала, пииих. Стари и болни Ќе го кажувате ова и ќе се "тешите" се додека не дај боже го доживеете на своја кожа. Е тогаш и маска ќе носите и строга дистанца ќе држите додека плачете. Сурово, за жал ама па и морбидна е помислата на некого да мисли дека некој е стар и болен. А сериозни мислите дека луѓето на 60 години се стари? Луѓе што сеуште работат и со жива душа чекаат пензија, внучиња и да живеат, рака под рака да си го проживеат своето, да уживаат во своите пензионерски денови. Ама не, стари биле. Засрамете се, засрамете се навистина. За сите гунгули што ги правите, за сите животи што ги згрозувате. Што не можете една маска да ставите и дистанца да држите, толку проста работа а кошта живот. Ама како да ви се објасни ете....
Слушам дека се' за што се борев додека учев, а после баталив оти немаше поента на долги стази, сега е проблем со кој се соочува денешницата. Имало премногу одлични основци за кои немало место во средните училишта каде сакаат да се запишаат, а притоа бараат да немаат квалификациони тестови... ситуацијата како повод ја користат само, инаку не е основана причина. Епа ќе нема место, кога јас велев дека некои петки не треба да се ставаат, просветителите наши се обидуваа да ме утешат дека од 5ка до 5ка има разлика, и секој знае за себе, за на крај пак да ја стават. Мислејќи оти прават добро, без да знаат дека се основа за многу проблеми подоцна, во самиот ситем прво, а после и за "одличниците" како индивидуи. После на сцена стапуваат портпаролите на истите дечиња одличници, најчесто некредибилните родители, и кажуваат дека нема потреба од тестови, тие биле согласни сите да бидат запишани, јер зашто селекција? И после неписмени насекаде... епа неписмени насекаде ќе биде, што очекувате?
Преку глава ми е од токсични луѓе кои за да си го спасат гзот шират лаги и го валкаат туѓиот образ. Бегаш од македоништина и баш таму кај што бегаш ко за инат ќе се залепи. Остајте ме веќе уморна сум. П.С. Господ гледа.
Вонредната ситуација и полицискиот час беа бидејќи на почетокот не се знаеше како се појавил и како се шири вирусот. Кога се се откри веќе економијата беше во пад и го вратија животот во нормала бидејќи тој мора да тече, НО СО ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА. Тоа што има не разбрани луѓе е друг проблем. Спојлер: Пример Денес татко ми со кеса полна со храна се возел во автобус и стоел бидејќи местата биле зафатени, а слободните биле обележани да не се седи поради заштита и ми рече дека на неколку автобуски влегле млади девојчиња го прочитале тоа направиле фаца и си седнале на забранетото столче. Тоа е причината што вирусот се ширеше, се шири и ќе продолжи да се шири.
Знаеш мене што ми смета тука во Севернава?Што секогаш не се почитува единката со нејзиното размислување,туку колективно размислување. Тоа значи дека ти ако имаш различно мислење од другите и не сложува со тебе колективот ти си најосудената личност. Ми се кења од оваа филозофија малограѓанштина
Истиот фустан, истиот парфем како онаа ноќ. Малку кармин и свеж летен воздух. Сеќавања, спомени, надоаѓаат како бранови. Се' се менува, она што останува е љубовта. Иста е, непобедлива, ако не и посилна...
Најголемо задоволство наоѓам во: да извозам точак (барем 15ина км, да се испотам, да се уморам, да потстопам некоја маст), па да седнам во парк на трева под сенка покрај езерце (да ја почувствувам природата, трева, дрвја, вода, инстекти, патки, жаби, небо, облаци, сонце) и да читам книга (да одморам ум и тело, да фантазирам, да уживам). Бонус задоволство: туш после сето тоа. Па ге со серија/филм и ладно пиво.
Само што го догледав документарецот за Џефри Епстајн, ама како, само како дозволија да се случи тоа што официјално се води како самоубиство, а реално послужи само да се прикријат покрупните риби кои пливале/пливаат во тие фекалии, но сега некој друг е на местото на Џефри за нив Само ми е мило што жртвите од неговите злодела се обединети и едната убаво изјави 2020 нека биде година кога предаторите ќе бидат плен
Инста ме потсетува на песни. Сабота. Солидна сабота. Ми зборува од другата страна на вратата. Бебо, имаме гнездо во гнездо, нели е тоа знак? Па вика, видов штрк како лета, пуштил некое бебе некаде. Па молчи. Па вика, еј па можда отишол по нашето, ама па неаме оџак?! Си се испосмеавме. Па пак молчи. А замисли штрк да ни направеше гнездо место врапците?! Фабрика за бебиња ќе имавме. Пак си се посмеавме. Му читам За твојот роденден. Драматично. Па сонливо додава, треба да го позајмиш гласот за некој цртан, за некое џуџе. Ти ќе им читаш на нашите деца. И потона во сон. Избањато Скопје, мие заби и се спрема за недела, балконов ми е некст левл задоволство. Убаво е да сме благодарни.
Си седиш така и од нигде никаде добиваш порака од личноста која ти недостигала дека е тука и сака да се видите наредниот ден, а не се имате видено месец дена. Прекрасно изненадување ми беше ова, ми се разубави вечерта, најозбилно. Едвај чекам да дојди утре и да си изнакажиме сѐ, најдраг мој пријател.
Сакам да кажам дека омилени активности ми се бранење на кретени шо повредват други живи суштества јер инклузивност и " И тИе Се ЛуЃе". Спојлер: грешките не се помалку грешни оти е чоек. Жими се ти викам.
Ми се пуни душава коа бркам балкански сељачишта од ресторан оти не носат маски, или па коа не сакаат да пишат лични информации коа сакаат да јадат у ресторан. Вратете се од вукојебината од кај шо сте дошле, па таму шерифи да ми изигравате. Ајт сиктер.
Траума од детството: Комшиката ја бара баба ти, а у рацете носи замрзнати ќесиња - каде е баба ти, го чистам фрижидерот, да ги ставам овие кај вас. А баба ти у подрум огромен фрижидер сандук, пола полн со маст, пола полн со замрзнато прасе. Траумата се афектира така што ден денес мислам дека чистење фрижидер е протоколарна и голема работа, па у ист манир организирам чистење.