Секогаш ќе има исклучоци. Само едно добро искуство имам со овен, девојката ден денес ми е пријателка и е прекрасна. Се останато... Едино исклучок од негативните овни е адвокатот со кој соработувам, алал нека му е овенот у него, барем никад не губи спор, па ми одговара. Не дека не е психотичен, пола град го знае и бегаат од него од што е бог да чува.
Незнам дали ја видовте сликава по интернетов. Дилемата зошто Македонците одат во Грција на одмор а не во Охрид дефинитивно е расчистена.
Чувството кога мало,слепо дете ќе каже “Ако можев да гледам ќе правев најдобри дела,ќе бев добар човек“ Ова искрено ми го наежи цело тело.Детето од раѓање не глеада,се смее,игра,трча,ама сепак тоа е една голема празнина,не може да види ништо околу себе. Дај боже да има подобрување и да прогледа,на ваквите луѓе им посакувам се најдобро,здравјето е најголемо богатство,бидете среќни што сте здрави,некој има се ама здравје не.
Не можам веќе да издржам,не мо жам! Знам дека не сум перфектна,знам дека ќерките на сите се подобри од вашата,знам,се ми е јасно!! Не мора да ме потсетувате!
Ако се мене пита (а јасно да се не пита ), би ја покрила сета коцка што е низ Чаршија и секоја друга могуча коцка што постои. Еми знам дека изгледа убо, така лично на мајка (пу, пу, ПУ, да не ја урочиме)... Ами што да прајме ние што сме вака од Госпо дадени несмасни? Еми то патикана ми е ко тузон - у све се меша - мора у секое коцкиче да се пикнит, да се промеша. Ја и' велим да си седи раат, она не - сакала низ народ да се промеша. Па си мислим... што не бидува, не бидува. Ај седите ми со здравје, да ми го поздрајте многу царо и да му пренесите ова што сум ви кажала. Пу, да не пукниш.
http://www.radiomof.mk/indeksot-ne-vazh ... itimatsii/ Печатот со крв од девица да биде, специјална легитимација да имаме. Специјални сме ние сите. Арно вика Цацко: „Мислиш до твојте компири ми е дојдено, макарони че јадам! “ - и јас пешки ќе одам.. чао.
Не знам за вас, ама јас веќе бев на одмор, се испопечив, се изнауживав, се изнајадов тестенини со разноразни сосови, се изнајадов сладоледи за до сто и назад, и никој не ме врати оти не бев во топ форма и затегнати мускули, дечко ми уживаше во гмечење на моите облини и цицка од 10 кила и сега можам на раат да се фрлам на хедонизам во трескање *смајлисолиги*. Најозбилно, мислете му ја тие што ќе одите на одмор во Август, има да се изгладните А ја палачинки праам :geek:
СДК .. поради изопаченово општество што лепи етикети на све и свашта се чувствувам како да сме назад во времето кога се делеле на чорбаџии и сиромашни. Ако случајно ти се допадне некој дечко поради и само поради тоа што има карактер, знаеш дека опкружувањето ќе те стави во категорија „спозноруша што иде со него заради бмв-то“. И иако не си се грижела никогаш за озборувањата, сепак се кочиш и се преиспитуваш... Ах бе, до каде дојдовме..
Оф, аман од карактеризирање на сите кои имаат објавено “селфи“ слики како плитки интернет помодари, или пак како желни за внимание. Некој едноставно сакал да си се слика, а немало кој друг да го слика (да ги слика, ако биле повеќе и сакале сите да бидат на сликата). Друг муабет е апла копирањето на онаа “оскарскана“ фотографија. Ама толку замарање со положбата на раката на оној кој фотографира и/или дали е вклучен или не во фотографијата е излишно кинење нерви. Или пак статуси за тоа какви се смешните и за авторот на статусот дури и иритирачки навики на пријателите од социјалните мрежи. Постои опција да скриеш нечии активности, постои опција да избришеш од пријатели (на фб де, пак ќе си викаат „здраво“ на улица). Разбирам еднаш си пишал, колку да си искажеш став, а не ко шо вика Марјан „пола песна -леле Ноне шубаво пеиш-“ Ама кога толку упорно нешто некого иритира, а истиот упорно е сведок на таквите активности, не знам. Добивам впечаток дека преку 15679845345642435-те статуси и коментари кои се едно те исто само прераскажано, авторот се обидува да гo сокрие од јавноста своето љубопитство кое е посилно од него.
Не знам дали е до бањата, дали е до водата, малиот простор... но кога се туширам имам неверојатен, вонсериски глас за пеење
Си отиде Мароса денеска да бере лубеници,ем да отепа досада,ем да помогне на луѓето Епа цела недела на море и печење на сонцено,се вратив бела,а денеска ме испекло како рак,зрачам дури,емитирам енергија Ај тоа што изгорев,па ме нападнаа некои оси,пчели и слични животни,сета сум пликови по телото,сега не можам шорц да облечам.А да напоменам дека бев на долги тренерки и преку нив ме касаа Инаку сигурно изедов преку 10 килограми лубеница и сега сум подувана како топка,уште да ме боцнат да бидам со дупчиња и да истече сета вода,како Том што ги вадеше цвеќињата од Том и Џери Па сега ме викаат за излегување... Ма какво излегување,легнувам и не станувам 12 часа,немам сила штикла да облечам
Затоа слушам некој се распеал, а тоа Кимка, изведувала опера, што глас ќе имаше мор Кимке, до тука да се слуша
Заминувам со полн куфер книги и мисли. Со желба да го испразнам мозокот од премногу мислење. Au revoir пипл!
...дека бројот на пријатели и лајкнувачи на фб е правопрорционален со длабочината на деколтето,а обратнопропорционален со големината на паметот.