Спојлер еве Нана и јас да те осудам, Зошто и јас КУКАМ за работа. До пред 4 год бев вработена сега веке неколку месеци не сум. Си барам работа по струка затоа што имам искуство од 4год на таа позиција. И да БЕЗ СРАМНО КУКАМ ЗА РАБОТА . Зошто знам колку тешко си ја најдов првата работа и знам колку е тешко кога ке го почнеш тој цел ист процес отпочеток. Жал ми е што ме сметаш за човек со посебни потреби, и жал ми е што ти е срам од такви како мене. Се надевам дека цел живот ке бидеш вработена за ниту еден ден да не се најдеш помеѓу оние од кои ти е срам.
Зошто се` мора да кријат од мене? Ако има некој проблем, треба да ми кажат. Мразам постојано да ме испитуваат. Нека заврши ова веќе.
И еве ми го позитивот на денот на којшто случајно налетав. E може ли да го гледаш, а спонтано да не рашириш осмех од шестка до шестка? Имајте убав остаток од денот, и бидете ми весели и насмеани како животинчево! http://www.youtube.com/watch?v=4qSdQ5bhwMw
Постов Коловоз воопшто не ти е на место. Прочитај прво убаво пред да изреагираш толку остро. Еве сега да ти разглобам. Како ти воопшто се пронајде во постот што го цитираш? Нана напишала дека кукаат зашто немаат, а не бараат работа, а ти кукаш за работа. И како тебе те смета за човек со посебни потреби? Еве Нана што напишала, а мене пак не ми е јасно како ти се стави во категоријава само зашто немаш работа. Сакам да кажам дека ти воопшто не си ни спомената во постот на Нана, нити спаѓаш во некоја група која таа ја опишува, па затоа твојата реакција е сосема непотребна. Мене јасно ми е дека некогаш не погодуваат некои работи, ама треба да се прочита подобро пред да се реплицира. Сепак, било какво осудување од било која страна не е убаво, никогаш не можеме да знаеме на кој каква му е ситуацијата и со што се соочува во животот. И јас некогаш вака сум се залетувала цврсто убедена во нешто, ама работите никогаш не се црни или бели. Сивата зона е најголема.
Каде им е тој контра протест?? А?? Пи*ки македонски,се плашат да им се спротистават. Епа така е,они нека кршат и лумпуваат во туѓа земја а ние ќе седиме дома и ќе се плашиме да излеземе до надвор. И секој Петок ќе има протести се додека не им се оствари желбата-да ги ослободат и да излезе ,,вистината'' на виделина.
Пред некое време наидов на статија со наслов: What would you save if your house was on fire? Низ коментарите под статијата прочитав сé и сешто - од фотографска опрема, стари предмети, пари, накит, важни документи, хард дискови, компјутери, паричници, уметнички слики, музички инструменти... Секој со своите приоритети. Мојот одговор - сé што е незаменливо. Фотоапарат можам да си купам, ама семејни фотографии од детството - не можам. Ете, пред некој ден дознав дека целиот пакет во кој беа содржани моите песни, е уништен од влага. Сите мои тетратки од основно, испишани во времето кога бев член на литературната секција, повеќе ги нема. Ми се скрши срцето... Меѓу тие тетратки имав и една посебна, која сама си ја изработив. Една зима помината на планина, си направив книга. Ја нацртав насловната, внатре си напишав содржина и кратка биографија, заедно со сите детски песни што сум ги одбрала како најдобри. Денес ниту една од нив не памтам. Кога го видов пакетот, само што не заплакав. Скоро ништо од тоа не останало... А најмногу ми е криво што дома сум немала место за да го сместам тој пакет, од причина што чувам еден куп други непотребни глупости. На пример каталози од Авон
како што и сама кажа... сигурно постои причина зошто сум се пронашла во постот. RainBOw знам да читам од градинка ако нешто сум сватила поинаку од тебе ова е форум и имам право да го искоментирам на начин на кој сум го сватила. Жал ми е што различно ги толкуваме работите. И како што рече и ти дека бурно сум изреагирала на постот така и ти бурно изреагира на мојов. Само што тебе некако ти премина во навика на се нешто да ми ставаш капаче. Во ред повели банирај ме кога веке толку не сум ти по терк. Извини но премногу си даваш на право. Да те потсетам не ти е прв пат. Ако имаш нешто лично против мене повели во ЛП објасни се Добар одговор.Баш те разбирам . Пред две години татко ми го чистел подрумот од куката каде што живеат моите . Ненамерно ги Фрлил сликите од нивната свадба. Т.е. Ниту претпоставил дека се внатре. Мајками сакајќи да ги среди сликите ги ставила во една кутија за кога јас ке си дојдам да ги ставиме во албум. А кутијата и сметала па ја ставила во подрум. Такашто сега немаат ниту една слика.
^Хммм. Немам ништо лично против тебе, па немам што да ти објаснувам по лп, јас всушност баш мислев поинакви се работите, ама изгледа погрешен впечаток сум стекнала. Ова е форум, секој може да реплицира на нешто, така што не гледам од каде тоа јас сум си земала за право да ти реплицирам. Нормално дека не може секој исто да ги сфаќа работите, па ако јас поинаку ги гледам и сакам да го напишам тоа, а со оглед на тоа што сме на форум, нормално дека ќе го напишам, како член го имам тоа право. Биди ми поздравена.
И што ако си заработила прва плата и први пари мислиш си ја открила Америка и сега ке кажуваш кој како треба да живее. Твоите пари троши си ги со убаво и со среќа и воопшто да не ти е грижа за други, дали имале или немале. МНогу си пораснала ти вака од еден месец, алал нека ти е. Луѓе има години што работат и заработуваат свои пари, а ти од еден месец стана Госпожа од големото добро утро. Смешно, нека го избришат и постов не ми е ни битно. Само ке ти кажам денес може имаш работа, утре може ке ја немаш. Денес имаш пари, утре може ке немаш. Затоа не потценувај никого, секој со својот живот и друго кој виско лета, ниско паѓа. Никогаш не знаеш што носи утрениот ден, животот е тркало. Не ПОТЦЕНУВАЈ НИКОГО-запомни.
Момент виден и доживеан до сега сто пати - некој ќе седи и ќе плаче како нема работа во Мк, како Грујо е крив, како животот не е фер и во моментот кога ќе се вработат по струка или на саканата позиција почнуваат со следнава реторика: Секако, преубаво и максимално исполнително е чувството кога ќе се вработиш како келнерка или чистачка за 8000 ден додека дома прашина ти фаќа факултетска диплома со одличен просек
Незнам која ви е на целта што сите рипнавте одма против мене... Јасно и гласно кажав СПОСОБНИ ЛУЃЕ СО ГОЛЕМА ФАМИЛИЈА НА НИВЕН ГРБ, ИМААТ МОЖНОСТ ЗА РАБОТА , СПОСОБНИ СЕ , ЖИВИ И ЗДРАВИ СЕ но повеќе сакаат да се излегуваат дома и да дремат по цел ден на работа... РЕКОВ ЗА ЛУЃЕТО КОИ ИМААТ ШАНСА ДА РАОТАТ И СИТЕ МОЖНОСТИ АМА САКААТ ДА ПИЈАТ ДО 12, ДА СЕ ИЗЛЕЖАВААТ , ДА СЕДАТ НА ФБ И ДА ОГОВАРААТ СО КОМШИКИТЕ.... ЕТЕ ЈАС ЗА ТАКВИТЕ ЗБОРАМ ШТО КУКААТ ПРИ МОЖНОСТИ !
^ Разбравме де, не викај, многу вредна си. Едвај чекаме втората плата да ја земеш па да не просветлиш уште со нешто
Темата е ''САКАМ ДА КАЖАМ '' а не ''НЕСМЕАМ ДА КАЖАМ СВОЕ МИСЛЕЊЕ БИДЕЈКИ ОДМА ВО МОМЕНТОТ 100 ДУШИ КЕ ТЕ НАПАДНАТ, КЕ ТЕ УБЕДАТ ВО СПРОТИВНОТО КЕ ТИ НАЈДАТ ОДГОВОР НА ТВОЈОТ ПОСТ''
Нана ок, секој има право да си каже што ќе посака и ќе му дојде на ум. Ама се со умереност. Добро сите сфатија дека си заљубена, ете веќе и со работа ... нека ти е се како треба во животот. Ама не мора толку да набиваш на нос и да потенцираш цело време ... Последново со постов за работата види да не претера малку.
По некое време одмбрамбениот ѕид попушта мислејќи дека си нашол човек кој барем малку те сфаќа и те прифаќа, кога наеднаш нему му се полни егото што успеал да допре до тебе и да ти ги дознае слабите точки, па го користи тоа и повредува. Не знам која сатисфакција им е тоа, ама после секоја ваква грешка ѕидот е поголем и поцврст, луѓето кои ги пуштам во животот се се` помалку, стравот од тоа да не бидам повредена е потежок за совладување.
Нешто слично како (АХАМ - aham ) Што е тоа,како да биде разбрано-сфатено ? Вие што го употребувате во пишување или разговор ,немам убаво мислење
И добро сега, до кога планирате вака да реплицирате, секој да напаѓате, да им плескате нешто в лице, да пишувате со големи букви и да навредувате? Веќе и темава ми здосади да ја читам, само карање, препукување, кој кого ќе надитри, кој ќе излезе победник од дискусијата... Ај смирете се малку. Секој со свое мислење и свој став, никој не смее некому да му наметнува мислење. И да не излезат недоразбирања, не држам ничија страна. Сите сте за ќотек Ај лабаво малце. Инаку не сум пишала во темава од поодамна. Почнав да играм одбојка, не нешто сериозно, ама ми минува времето барем. Убаво ми е летово, а верувам дека уште поубаво ќе ми е за неколку дена Си земав книгички од библиотеката, ќе читам ќе убивам време. Имајте убава вечер