И јас сум девица во хороскоп и и јас се замарав за ситници, се` додека еден ден не престанав. Ма кулирај си, еднаш се живее, луѓето влегуваат и излегуваат, оние кои треба остануваат. Оние кои не остануваат значи не вределе. Слушај си се ти со нив, излегувај, ама нека не те погодува кога веќе знаеш какви се. И да, плесни им во фаца бе, како тие тебе ти плеснале? И тоа ти си таа која е во право, јас не знам што им ќутиш. Кажи им еве не вртам јас веќе ич, да видам вас кога ќе ви текне. Да да, озбилна сум. Кај си свртила уште ќе ти префрлаат. Што подобар си, помалку чиниш очигледно.
Само сакам една вечер кога ќе ми биде ладно (секоја вечер ми е ладно) ненадејно да ми се јави, да го носам неговиот дуксер, да ме гушне и да ми каже дека ме сака. Многу ли барам? Bullshit. *Еве една нерешена мистерија - Зошто привлекувам само сеЉаци, турци, индијци (или од некоја држава до Индија), будали и психопати?? Од утре ќе вежбам. Има да се направам згодна па ќе привлечам мош (да видам да не верувам) некој германец, барем таму се плави со плави очи и ќе ми прават меракот. Или мексиканец/шпанец кај нив акцентот ми прави мерак Сепак, на крајот од краиштата јас сум само една чудна будала што многу сака да фантазира и сонува. Многу.
значи не знам што за некои луѓе значи да дадеш збор дека нешто ќе биде вака или онака, дали нешто им значи заеднички договор. толку многу сум разочарана, што дава збор, „пружа рука“ што се вика, и после се крие како пи*е, никаде го нема... а пред тоа, на трепки ти висел деноноќно... значи и мрвка почит што имаше во моите очи, отиде во заборав....
СДК ништо гледано од страна не е така како што замислуваме. Затоа да не им се восхитуваме или завидуваме на луѓето за тоа што им се случува. Како им е, реално само тие си знаат. и СДК Добро Утро...
Сакам да кажам БЛАГОДАРАМ на велосипедистите низ центарот на ск, не знам зошто но ме расположуваат рано наутро
СДК дека денес имаме се поголеми куќи но се помали семејства, повеќе дипломи но помалку здрав разум, повеќе знаење но се помалку вистински одлуки, многу повеќе лекови но се помалку здравје...
..Какво изненадување ме пречека утрово, можеби не толку големо, ама мене премногу ме израдува. Ја обожавам сестра ми, на кој друг би му текнало вакво нешто ако не на неа. И плус десктоп со победничката слика Германија weltmeister. Сите да бидете вака радосни ко мене. Вчера не можев да се запрам од радување, денес уште ме држи среќата. П.С не замерувајте што малку е пивнато од сокчето, јас да го испробам па после ми текна да сликам. Имајте убав ден.
Убаво утро, се уште се чувствува свежината од синоќашниот дожд. Со кафето во рака, и насмеано лице си пребарувам по форумов. Сакам да кажам дека поминав уште еден убав, најубав ден со него. Впрочем, сите заеднички денови ни се прекрасни. Не е важно кои места ги посетивме, важно е дека сите слики на дигиталниот ни се со прегратка, насмевка, бакнеж... Премногу ме усреќува. И сега, останува да копнеам две недели по него. Ама ако, секој поминат миг без него, ми го надополнува тродупло. И кога веќе сум на тема љубов, иако не љубам да ги изразувам моите чувства, ќе речам дека сум вљубена. И тоа мноогу. ** А вам драги пријатели ви посакувам најубав ден! Насмевка на лицето, позитивни мисли и убави моменти. Бидете опкружени со луѓето кои ги сакате и ви значаат. А завидливите погледи, игнорирајте ги.
Сакам да кажам дека ме излудуваат луѓе без свое мислење и ставови. Ќе ти каже едно, ти ќе му/и' кажеш нешто спротивно и ќе се согласи со тебе! И на што личи тоа? Мене ми личи на страшно улизување. Или пак на желба за безгрешност. Не, таа/тој знае се' и секогаш е на страната на тој што е во право. Е сега, пред две минути кажал/а нешто спротивно, ама тоа не се важи. Абе ајде!
A jaс,јас ги сакам смирените утра кога цела соба ми мириса на кафе,а дланките ми мирисаат на омекнувач од веќе испраните алишта. Сакам кога ми е мирна душата,и кога легнувам и се будам со надеж за денот што претстои. Веќе одамна се радувам на мали нешта,и вака сум посреќна. Утринава ме израдува домашниот сок од вишни,а вчера вечер чистиот мирис на перницата за спиење. Пробајте вака,наместо да им судите на луѓето,наместо да им се мешате во нивните животи,наместо да мислите дека сте совршени а сите околу вас глумат лудило.. Направете промена,ама почнете од вас. И сакајте,сакајте искрено,без притоа да очекувате ништо за возврат,тоа е привилегијата на животот..
Среќна,иполнета,задоволна,насмеана,наспијана,заљубена ... по убаво чуство здравје Ви посакувам убав ден на сите уживајте максимално во секој дел од денот.Грижите и нервозите оставете ги далеку од вас без нив животот е многу поубав
Од денес веќе не се замарам со глупостите што ме опкружуваат, сите неписмени, злобни, го*но јадци, негативци, црпачи на енергија и се останато во овој куп како на пример политичката состојба, споменициве низ градот, образовниот систем, исечените дрва, вести од светот, спорт и ништо ама ништо веќе не ме интересерира, нека оди се по ѓаволите. Се исклучувам од се! Vivir mi vida la la la la! Ќе си јадам нудлси, лут чипс со сос, шопски и грчки и ќе си пијам ледени чаеви и нема да ми чуе. Кога сме веќе кај ледените чаеви да ви препорачакм да ги пробате во Плеј во Сити Мол. Не ми текнува како се викаат ама ги има на посебно флаерче - мени и ви ги носат како во едно стаклено чајниче ли незнам што е со филтер, а доле кај филтерот се гледаат билките, заедно со голема стаклена чаша украсена со цевчиња и полна со ситен лед! Мххх, ми се припи сега, е тој зелениот чај со нане и уште некои билки е нешто најдобро и најосвежително на светот! Туку што им е на ситешто се попалени и окуприани и сакаат да бидат ко онаа Џен Селтер? Се тоа убаво, стегната, убава на лик, стомакот, рацете, нозете се и се бомба ама задинкот? Сериозна е со заедникот? Скрос непропорционално! Имам чувство дека кога се движи во секој момент може да тресне на земја со задникот и да и се залепи на улица, гравитација нели. На некои им била мотивација за вежбање, мене ми е демотивација, кога вежбам задник и ќе ми текне на неа веднаш прекинувам да вежбам од страв да не ми стане толкав задникот, или џабе се плашам, нешто друго е во прашање.
Кога си ги читам стариве мислења неможам да поверувам дека некогаш сум била таква, макар било и пред две години. Од друга страна пак, се осеќам убаво. Гледам како со тек на време сум созревала и сум станала ова денес. Се имам менувано, и сеуште се менувам и сфаќам некои работи, и кога ги читам наназад мислењата, мило ми е што се имам сменето толку.
Бреее, ко красно дете делуваше, кога он имал слика со два булдога од страна, клекнат покрај кола. Најјакото за крај, претпоставувам. Ајт.
Спојлер да се надоврзам на муабетот, освен оваа категорија што ти ја спомна ме нервира и онаа категорија кога недајбоже имаш спротивно мислење од неа/него па ќе се објасниш еднаш, па ке се објасниш уште еднаш и кога ке видиш дека нема што понатаму за да ја прекинеш дискусијата ќе речеш во ред Ти имаш такво мислење моето е поинакво ,во ред е имаме различни размислувања. Тој на тоа ти вели ТИ затоа што неможеш да се докажеш сакаш да избегаш...wtf Што упорно сакаат да се во право Значи луге во ред е да се има различни мислења и видувања на нештата - во тоа е и убавината што сме различни. Не би било интересно ако сите размислуваме исто.
Не знам дали ја следите Anna Akana на YouTube, ама баш пред некое време имаше видео во кое зборуваше за тоа на што попрво би ги потрошиле парите - experiences or things? Вака кога ќе си го вратам филмот, сфаќам дека имам потрошено пари на прилично глупави предмети кои денес не знам ни каде се пикнати. Некаде фаќаат прашина. Особено при патувања во странство, секогаш сум се одлучувала да купам нешто, отколку да дадам пари за некаков факултативен излет или активност. Затоа што нели - предметите се опипливи, можеме полесно да им ја одредиме вредноста и можеме да си ги чуваме цел живот. А нуркањето е само определен момент од целото патување и имаме чувство дека парите ни пропаднале во вода. Буквално Ама како што поминува времево, забележувам дека дома најчесто се враќам само со по некое магнетче за на фрижидер. Многу повеќе пари трошам на патувања од место во место, посети на музеи, дворци, мали гратчиња од кои единствени предмети што ми останале во раце се фотографиите и разгледниците. Ама затоа имам прекрасни спомени и интересни приказни за раскажувања. Убави искуства и интересни познанства. Наместо сувенири, собирајте моменти. Макар и да се работи за едно испиено кафе со поглед што го одзема здивот Тоа се памети.
Гледам нема кој не отишол на море! Сите на море!Селфи од море,залез на сонце од море... Браво ма,уживајте! А јас дома само во када се капам. Не зборувам со никого! Лута сум на сите!И на себе најмногу! За утеха си го пуштам ова... http://www.youtube.com/watch?v=3Bv2z8xb9nk